Dark

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Главата ми е тапан!

exploding_head_256_1.gif
 
Дечки, са српским преводом ја има негде?
 
Последно уредено:
Дечки, са српским преводом ја има негде?
За трета сезона? За прва и втора има овде
Овие беа едновреме као најдобри за преводи.

Гледам овде
ставиле за прва епизода превод, денес, пааа ваљда ќе стават у наредниов период за сите.
 
prijevodi-online , најискрено, прв пат го гледам. Јас ко се бафтав со барање српски преводи заради мојата понекаква (морам да бидам благ да не се навреди некоја феминистка) половина, свето тројство ми беа podnapisi, titlovi и opensubtitles. Ако немаше таму, немаше никаде. Каква е сега ситуацијата, стварно не знам.
 
Овие па нетфликс што ги кошта у hdr plus да ја пуштеа им ебам тоа паразитите
 
Ја нема ни на тој најскапиот план? o_O

ultra hd 4k, nema u hdr+
Автоматски споено мислење:

Првите 2 сезони искинаа

3та сезона ти е Ј.Ј. Абрамс за сиромашни
 
Последно уредено:
Holy fuck, ова беше јако. Ќе се репризира уште неколку пати серијава, дефинитивно.
 
Серијава е рамна на Чекајќи го Годо, ма серијава ти е ко лош трип од салвија кој има Титаник завршеток.

Таман сакав да пишам дека трета сезона ги дава одговорите и ги вади двете претходни сезони од нелогичностите, доаѓа 6 та епизода :pos:, па и 7 ма. Ако тука некој сфати што сакаше да каже писателот освен дека се изгуби самиот себе, најверојатно лаже. Дури почнувам да мислам дека намерно се нафрлаат личности од различни тајмлајни и светови за да целосно го изгубат гледачот и за да ги направат стварите апсурдни. Целта е серијата да добие на тежина (а и да попунат пар епизоди), демек колку е комплексна и за паметни особи. Претенциозно. Како и да е, трета сезона ми се свиѓаше највеќе, ми се свиѓаше целата gloomy атмосфера во Винден (паралелниот), ми се свиѓаше крајот на неколку личности и во двата света, ко на пример сцените со Кристина и мајка и, сцената со убиството на таткото на Елизабет, ми се свиѓаше како настаните се одвиваа во паралелниот универзум. Се на се, со ваков крај, не мораа до толку да се комплицираат работите и ликовите од серијата до толку да филозофираат.
 
Последно уредено од модератор:
Страшна серија. Го кривам @wot што не ми кажа порано. Ќе се изгубам сега поради спољери, дури да ја догледам.
Јас ја почнав пред 1 недела и ги избинџав 3те сезони серијата е стварно јака за прв пат нешто со различен стил. И подобро ти е што ги гледаш сега 3те сезони. Ама искрено кога видов со 3 сезони и завршува ми олесна :D Едноставно премногу ликови и тешко е за пратење.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
За серијата слушнав позитивни работи кога излезе прва сезона и ги погледнав првите 2-3 епизоди за да сфатам дека е ова серија што се гледа кога ќе заврши, па така решив да ја прекинам и да ја погледнам целосно кога ќе заврши. Ова се покажа како правилна одлука е сега не знам дали е поради тоа што ги изгледав сите епизоди наеднаш но се осеќам како некои епизоди да се ептен досадни и одвај чекам да завршат и нонстоп погледнувам во тајмлајнот да видам уште колку има од епизодата, но финалето е маестрално, 3 сезона нешто послаба, многу го тупеа со тоа Deine Welt Meine Welt и на крај секако Ursprung Welt. Тешко да се задржи нивото на првата сезона посебно првите неколку епизоди, каде си целосно изгубен и немаш појма што се дешава и најјако на свет ти е.
И како за крај Нена директно од 1984
 
Ах, ја изгледав и трета сезона... Освен првата епизода сите други ги гледав на х2 или х4 брзина за да не си го трошам толку времето како со втора сезона затоа што уште од прва епизода сфатив дека серијава ќе си тера по досадниот пат по кој што беше тргната. Бев во право дека ќе се продолжи со fixed timeline и дека нема ништо да се смени, со тоа што очекував ептен на крај да има нешто и имаше. Далеку од тоа дека финалето ги оправдува останатите епизода од сезонава затоа што АПСОЛУТНО НИШТО НЕ СЕ СЛУЧУВА ЦЕЛА СЕЗОНА. Кога ќе споредам само колку поинтересни за гледање беа сцените од прва сезона 1984 со младите Улрих, Катарина итн. во споредба со сè што го имаше во трета сезона. Целата таа приказна за Адам и Ева и како едниот сака да смени нешто, другиот да продолжи како што било е толку напорно што очигледно Нетфликс по секоја цена сакале што е можно повеќе епизоди, па креаторите морале да пополнуваат време некако....

Сè на сè, не само што не ми се подобри впечатокот за серијава туку и повеќе ми се расипа, така што нема да ја препорачувам на никој во иднина особено не на некој што нема време да гледа секакви серии. Ќе му кажам да го изгледа Donnie Darko ако веќе го нема гледано и ќе заврши работа.


BONUS: Dark Drinking Game
напиј се секогаш кога некој ќе каже:
- Тик, ток
- Ќе се случи повторно
- Дежа ву/грешка во матриксот
- Почетокот е крајот и крајот е почетокот
- Минатото е минато
- Апокалипса
- Свет без Винден
- Црно и бело/Светлина и темнина
- Тоа не е можно

или кога:
- некој лик ќе каже дека друг лик лаже
- некој ќе се разбуди ненадејно од спиење
- ќе има било што поврзано со Sic Mundus
- некој збори за некаква промена и дека треба да смени нешто

Токсикологија не ви бега после една епизода.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom