Dark

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.790
Хахаха :pos:

Неверојатно. На игнор го ставив пред 6-7 години. Не дека ми згрешил нешто ама тогаш уживав да ја читам темана Драга Кајгана, имаше содржајни постови, а Буцио ми се избацуваше 2-3 пати дневно со тотално неповрзани работи, си збореше нешто сам со себе.

Буцио, те одблокирам сега, доста робијаше :pos:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ја заборавив дека сум ја гледал не дека тема сум отворил, рекордер сум во серии гледање хахаха.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Првите две сезони ги гледав подзинат, ама третава едвај со сила. Посумљав дека сум глуп што ништо не сфаќам. Ако фановиве од GOT бараат преснимување на последна сезона, јас ко фан на DARK барам да се преснима третава.:cenzura:

Ако судев според првите две сезони, ми беше најдобрата серија што сум ја гледал, или можеби втора. После третава дефинитивно е помеѓу 3-5 место.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
Мех... и мене 3тава сезона ми ја намали целовкупната оценка и ја гледав незаинтересирано, за разлика од првата која дефинитивно беше најмистериозна и најмногу ме навлече ова беше тотално спротивно како да чекаш да заврши само.
Претераја со времињата и световите дефинитвно и се изгуби целиот шмек и вајб кој го носеа старите тајмлајнзи и дешавките во нив, тотално се изгуби приврзаноста кон некои ликови и епизодите комотно можеа од 60 мин да ги намалат на 30 и немаше ништо да се изгуби, пола епизода поминува во тишина и бавни досадни дијалози (n)
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Од пред недела дена ја почнав. Чекав да излезат сите три сезони, па одеднаш да ги изгледам. Првата сезона ми беше совршена, ни една замерка нема, втората троа досадничка беше, ама пак држеше внимание, третава сабајлево ја почнав поинаква е од првите две сезони, ама вака од една епизода изгледано очекувам да биде повозбудлива од втората сезона.

Единствено нејасно ми е како патуваат со машината што си ја носат во куферче. Не местат датум, само вклучуваат и оп децава завршија во 1987, а Хана 1954? :cautious:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.790
Првите две беа лесни за бинџ. Третата, кој решил да ја стави на бинџ треба да си ја преиспита главата. Требаше да има недела дена простор за дискусија, фаќање детали, правење теории...

Мене ми се допаѓа тоа што не направија dumb-down на серијата, но тоа што не оставија простор е трагично.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
5 март 2018
Мислења
15.119
Поени од реакции
16.586
Ја почнав конечно и јас, до 4 епизода сум од прва сезона, серијата ме навлече, сакам вакви приказни.
Ме потсеќа на Mirage ( La Tormenta ) И тие така патуваа во времето, малце си сака серијата внимателно следење оти ќе те исфрли од колосек ама ок е, засега ме воодушеви.
Саундтракот е лудница :)
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.119
Поени од реакции
16.586
И првата е калакурница, интересна е ама каша попара мозокот ми го напрај дури чактисав кој е кој.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
Мислам дека третата добива хејт заради малку потешкиот опенинг, првите епизоди пред да почне knot-от да се отклопува се навистина тешки за следење, дури иако си ги бинџал првите две сезони пред третата, не пак ако си чекал цела година. Прва сезона и втора следев максимално, лесно поврзував работи, едноставно бев во тек. Во трета тоа не го можев, затоа исклучив мозок и оставив со лажиче да ми раскажат. Имаше епизода две во кои бев тотално изгубен и не знаев што се случува, меѓутоа на сметка на тоа ме фатија за раче и ми објаснија од А до Ш на крај цела приказна и воопшто не ми сметаше тој patronizing момент дури бев и благодарен.

Тоа што го ценам во серијата е што се посветија да ја направат во целина, со симболика со се, три сезони, три светови (well aко не сметаме mr nobody моментот) и можеби не знаеа дека вака ќе завршат уште од с1е1 сепак таква им била некако замислата и јас искрено не видов или осетив мешање на студиото моменти врз артистичките избори на креаторите. Мене ми понуди уникатно искуство а тоа е многу ретко во денешно време, серијата си е своја и не пробува да биде нешто друго или популарно. Музика, сценографија и глума на највисоко ниво, продукциски фантастична, разликата во временските доби, сај фај ефектите... премногу добри а сепак grounded, нешто во кое не ни размислуваш дали е believable или не. Casting on point. Oсвен можеби Магнус, fucking "we have Jared Leto at home", emo looking funny vampire get the fuck outta my show.

Приказната... можеби шпанска серија но во комбинација со сетингот, атмосферата... и те како интересна. Во вакви вожњи мене крајот многу не ми менува и не ми e make it or break it, напротив многу малку значаен (shout out to lost, got) но во оваа дури ми беше и одличен. Вака во моментов изгледа ептен simple enough и логичен но бинџање на последните епизоди и кога дојде крајот, се ми изгледаше совршено, скоцкано, осмислено и... убаво. Kudos. Ептен wholesome финале. <3

Што ми пречеше? Две работи.

Под еден: Немаше филер епизоди! :D Пушти го Џон Лок нека игра дама на плажа додека философира нешто за ти да може да си направиш теории, да си објаснеш нешто, да разглобаш. Абе тука цело време се заплеткува нешто (fuck you team Мartha for this) и додека те ебат во мозок со "сам своја мајка, тој сам со свои раце се родил" одма почнува друго нешто такво. Доста често знаев да паузирам бидејќи како во книга читаш 2-3 страни а појма немаш што си прочитал оти претходно нешто поназад те пецнало и си се рзамислил и одлетал во тој свет, па ајде враќај се препрочитувај. Исто и тука, ќе почнав да размислувам, да поврзувам... абе отишле уште 3-4 мајндфакс умеѓувреме. Многу често паузирав за да зборам со мојава "абе ако ова е вака, дали значи дека тоа би било така за да излезе на крај онака?" Немаш време за вакви работи ако не паузираш, а некад вади од вожња ако паузираш пошо серијава те впива и... time stands still. Ja би гледал 6 сезони со филери од ова, оти после некое време пак ја памтеш серијата како главната приказна, чувството, општо онака, како LOST, и би уживал ако имаше повеќе или истата раздолжена. Не баш популарно мислење, но навистина би.

Под два: тајм травел е доста заебано и се форсирам да не критикувам тука таму некоја нелогичност, и доста солидно поминав во серијата. Не правев забелешки многу но има едно нешто што уште кога го слушнав ме боцна и уште ме боцка само не ми е размислувано. Иако претходно ги проголтав сите парадокси, ако може некој да ми објасни моментот со Клаудија кога го држеше Јонас во мрак после апокалипсата, кога пробуваа да го отворат порталот некои си 16 години, и Јонас стана депре уште на старт и проба да се самоубие излезе дека не може (објаснувајќи Ноа со испукување у празно куршум, а предтоа пиштолот не функционираше кога Јонас си го стави глава) бидејќи mr.Time не го дозволува тоа, а зошто? Па бидејќи неговиот older self веќе постои и не е возможно да се убие. Тоа нешто ми е толку глупо што серијата ми е 9/10 место 10/10 само заради тоа.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.217
Јонас стана депре уште на старт и проба да се самоубие излезе дека не може (објаснувајќи Ноа со испукување у празно куршум, а предтоа пиштолот не функционираше кога Јонас си го стави глава) бидејќи mr.Time не го дозволува тоа, а зошто? Па бидејќи неговиот older self веќе постои и не е возможно да се убие. Тоа нешто ми е толку глупо што серијата ми е 9/10 место 10/10 само заради тоа.
И во LOST го имаше овој момент, Џек сфати дека се дојдени тука "for a reason" и држеше динамитка во рака и динамитката согори, не експлодира. :D
Тоа се моменти на вечитата дебата free will vs. destiny, мене лично добар nod ми беше тоа.
Дополнително не натера да мислиме дека стварно се е fixed in stone и нема шанса за промени.
Се додека не дојдоа промените :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
Ја мислам добро им беше објаснувањето у стил тоа што го праиш во минатот те довело до сегашната ситуација (пример Улрих и Хелге од сезона 1). Тоа со пиштолот е глупо од друга страна, и не се поклопува со примерите претходно низ серијата. Цела серија е научно базирана, нема што судбина тука :D Лост си имаше спиритуален момент цело време.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.119
Поени од реакции
16.586
Мене ме напнува серијата.
До втора сезона стигнав, втора епизода ама не знам дали да ја продолжам.
Ме копка мистеријата ама многу ме уморва серијата искрено.
Треба да стискам на пауза на секое за да укопчам кој е кој ликот.:)
Јас сваќам научна фантастика ама ова е премногу :)Како во оние Шпанските сапуници на времето, да беше Шпанска серијава јаки мемиња ќе паѓаа вака проаѓа некако :)
Да заокружиме од првата сезона. Девојката на Жонас со која се измува претходното лето моментално е во врска со неговиот најдобар другар, кхм исто така братот на девојката уствари му е татко на Жонас а дедо му фактички, моментално спие со неговата мајк/SPOILER]

 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Мене ме напнува серијата.
До втора сезона стигнав, втора епизода ама не знам дали да ја продолжам.
Ме копка мистеријата ама многу ме уморва серијата искрено.
Треба да стискам на пауза на секое за да укопчам кој е кој ликот.:)
Јас сваќам научна фантастика ама ова е премногу :)Како во оние Шпанските сапуници на времето, да беше Шпанска серијава јаки мемиња ќе паѓаа вака проаѓа некако :)
Да заокружиме од првата сезона. Девојката на Жонас со која се измува претходното лето моментално е во врска со неговиот најдобар другар, кхм исто така братот на девојката уствари му е татко на Жонас а дедо му фактички, моментално спие со неговата мајк/SPOILER]

Најјакото е што тоа во спојлерот е само мал дел од заплетканоста. Да не ти спојлнувам, ама ќерката на еден од ликовите испаѓа мајка на мајка си. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom