Black Mirror

  • Креатор на темата Креатор на темата Anon
  • Време на започнување Време на започнување
Втората беше добра, Andrew Scott одличен...

првата и третата некако чудни, со хепи ендинг, нетипично за серијава, технологијата прикажана во некое позитивно светло, наместо хоророт што може да го предизвика..
 
Striking Vipers - првата епизода имаше најмногу Black Mirror vibe, односно најмногу се чувстуваше карактеристичниот печат на серијата. Но, покрај прашањата што ги постави VR технологијата ги начнува и чувствителните категории на полот, сексуалноста и искуството. Мене ми се допадна најмногу од сите 3 епизоди оваа сезона.

Smithereens - ако треба кратко да ја опишам ќе кажам too much. Во ред, Smithereens е Twitter, Persona е Facebook и луѓето се зависни од секоја црвена нотификација ама сета драма што се одигра за да се долови таа поента ми беше премногу. Раздолжена епизода што добива огромен плус поради глумата на Andrew Scott.

Rachel, Jack and Ashley Too - childish. Животот на ѕвездите е далеку од тоа што го гледаме на екраните, ама епизодата беше полна со клишеа и детинеста. И иако навивав за happy end тоа предизвика чувство на недореченост. Веројатно на фанови на Miley Cyrus им се допаднала многу повеќе.
 
Првата ми беше супер, непресушен извор на мемиња е деновиве, ама озбилно, отвара интересни прашања, баш пред некое време читав нешто слично, што те прави пофеминизран, да играш со женски лик (Лара Крофт на пример) или со некој мачо набилдан лик на кој му го гледаш газот цела игра (ако е во трето лице)?

Како и да е, кога ќе одберете женски лик во некој RPG, запрашајте се зошто сте го направиле тоа :cool:
 
Smithereens - ако треба кратко да ја опишам ќе кажам too much. Во ред, Smithereens е Twitter, Persona е Facebook и луѓето се зависни од секоја црвена нотификација ама сета драма што се одигра за да се долови таа поента ми беше премногу. Раздолжена епизода што добива огромен плус поради глумата на Andrew Scott.
Не е само за зависноста со Facebook и Twitter, туку и за тоа како ја изгубивме емпатијата со Facebook и Twitter. Таму изгледа како да ни е грижа, сите сме Facebook и Twitter активисти, додека реално сме само неми набљудувачи кои не преземаат ништо. Затоа и беше отворениот крај - не се знае кој умре, зашто не е ни важно: каков исход и да имаше, сите ја прочитаа веста на нивните црни екрани, и секунда подоцна си продолжија со животите ко ништо да не било. И со Facebook и Twitter.
 
Крајот ми се допадна мене, само ми пречеше одолговлечувањето и еднодимензионалноста. Реално, не ти е креаторот на социјална мрежа виновен што не можеш да ја контролираш зависноста. Башка, ликот беше свесен дека сѐ е така намерно искреирано - да не можеш да ги тргнеш очите од екран. Многу иновации се користат за лоши цели ако гледаме така треба изумителот во затвори да гние оти создал нешто. Човековата природа е таква што лесно паѓа. Nosedive пример ми беше далеку поинтересна епизода за гледање, а провлече слични поенти.
 
Значи спојлери, небитно... :)

Само првата ја гледав. Предвидлива и досадна. Немам никакви очекувања повеќе од Блек Мирор. Мислам дека е време да ја завршат.
 
Втората одлична!

Иначе, спојлерите одделувајте ги во спојлер, случајно некој може да прочита вака.
 
Крајот ми се допадна мене, само ми пречеше одолговлечувањето и еднодимензионалноста. Реално, не ти е креаторот на социјална мрежа виновен што не можеш да ја контролираш зависноста. Башка, ликот беше свесен дека сѐ е така намерно искреирано - да не можеш да ги тргнеш очите од екран. Многу иновации се користат за лоши цели ако гледаме така треба изумителот во затвори да гние оти создал нешто. Човековата природа е таква што лесно паѓа. Nosedive пример ми беше далеку поинтересна епизода за гледање, а провлече слични поенти.

Па и National Anthem имаше некоја слична порака, се повторуваат веќе темите, очекувано е веќе во 5-та сезона да се случува тоа. Мислам дека поентата нa епизодата и беше да биде приказната проста и без големи пресврти, само обична трагедија која ќе биде на врвот на feed-овите на соц.мрежи за неколку часа и после ќе се заборави. Били Бауер не беше ни нешто посебно емпатичен и загрижен според мене.

Другата порака на епизодата е пострашна, тоа дека Смитеринс ги имаа информациите за киднаперот побрзо од полицијата и ФБИ, колку е тоа реална опасност.
 
За да доловат поента од пола минута направиле епизода од 70 минути. Џабе потрошено време беше епизодава, не знам зошто ја направиле кога уствари веќе имаa епизоди со слични тематики (The National Anthem, Shut Up and Dance & Nosedive).

Третата иако првиот пола саат ми беше ептен тапа, остатокот ми се допадна повеќе од втората.

Првата епизода беше нај-black mirror-ска и ми разбуди најмногу размислувања за што ако во иднина има нешто вакво.
 
Третата во првата половина изгледаше како да се движи во некој мрачен епилог, за наеднаш на пола епизода да стане клише детски филм со среќен крај, веројатно беше намерно, не е овој автор D&D па да пишува глупави дијалози и сцени, поентата беше да се направи Дизни пародија и на кариерите на ѕвездите што излегоа од таму како Бритни, Мајли, Селена и што ти знам кој уште не.

Во секој случај, на Брукер му треба нова инспирација и нови свежи концепти, оти полека стануваат епизодите веќе видено.
 
Конечно ги изгледав сите 3 епизоди.

Првата ми беше прилично тапа. Толку suspense низ епизодата за таков преглуп крај. Не знам ни која е поентата што сакаа да ја претстават. Откако ја изгледав се нервирав шо изгубив саат време за тоа. 5/10

Втората одлична. Иако слична порака ко претходни епизоди, ептен добра ми беше, особено глумата и емоциите.. Одамна не се имав соживеано и натажено така од серија. 9/10

Третата.. Ко да не гледав Black Mirror. Не беше лоша како што прочитав дека е, можда и ради ниски очекувања ми беше океј. Океј е замислата, ама некако многу ко тинејџерски филм беше изведено сето тоа во втората половина на епизодата. 5.5/10

Целокупно, сезонава беше бааги послаба од претходната.
 
Ако три епизоди можат да се наречат сезона...
 
Ги гледав конечно и јас.

Првата ми беше ок. Ама само ок. Ништо посебно и легендарно. Од трите имаше најмногу Black Mirror чувство, се согласувам за тоа. Се’ до крајот ме држеше во неизвесност што и како ќе биде. А крајот не ми се бендиса многу. А и дури за ваква серија некои работи ми се нелогични. Ваквото играње VR игра можам да го замислам како реалност во иднина ама сепак ми нема логика да има опција со ликовите да правиш нешто друго освен да се тепаш. Како и да е има простор за дискусија за темите што ги начна и тера на размислување.

Втората одлична. Добра приказна, интересни ликови, одлична глума. Заслужува многу поголема оцена од ова што го добива. Не остава можеби толкав простор за дискусија и различни мислења пошто темата е позната и многу пати дискутирана и обработена, ама начинот на кој ова беше изведено е одличен. Освен можеби крајот. И јас мислам дека немаше толкава потреба од отворен крај тука. Најголем впечаток ми оставија сцените каде се виде дека овие од социјалната мрежа се чекор напред пред сите а и зборовите на Били Бауер дека создал монструм кој не може да го запре. Мислам дека сите сфаќаме кој лик од реалниот живот е уствари Бауер...

Третата епизода.... Оф мори мајко... Се надевам Чарли Брукер јавно ќе каже дека ова го направил само малку да се зафркава со нас фановите. Почна добро, навестуваше некоја многу мрачна сторија, си викав ќе испадне нешто од ова. Ама од пола епизода натаму се отиде во неповрат. Стана просечна тинејџерска комедија со сто пати видени клишеа. Никој не гледа Black Mirror за да се смее и да го пушти мозокот на пасење. Кои само глупи сцени ги имаше епизодава, и сега имам болки во желудникот кога ќе ми текне.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ne sum ja gledal treta

prva bese okej, klasika black mirror, dirna mnogu temi, te zamisluva, sablonski

vtora bese ocaj, ne znam zaso se gubete, kako standalone triler bese super, moriarti rasturi, megutoa black mirror ne terase da razmisluvame so strav od odredena tehnologija i.e veke postoecka i kako moze negativno da se razvie, sto bese strasno u epizodava, sto bese black mirror? ovie stvari sme gi razmisluvale, diskutirale, ne plasele... ni twist ni nisto, pa duri srekno nekako zavrsi

najlosata epizoda od cela serija, duri taa jodie foster so ja rezirase e bolja
edna ocena ima samo za glumata na moriarti inace nula kako bm epizoda
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom