Уште едно срамно расистичко издание на Оскарите.
http://www.telegraph.co.uk/films/2017/02/27/oscars-host-jimmy-kimmel-criticised-joking-non-white-peoples/
Гледајте го овој срамниов водител, се шегувал со името Махалуруисдаофиоуогаса!!! Брука! Расисту глуп заостанат!
Правел шала со неговото име Махер
шала, само затоа што го има зборот шала во неговото име?
Да се викаше истиот Доналд ќе беше смешно, ама сега правел шега само затоа што овој има афроамериканско име!
Апелирам до модераторот на овој подфорум
@џимеј, да го смени својот никнејм и да не го дели повеќе името со расистот Џимеј Кимел, да се огради од него и најстрого да го осуди, инаку ќе морам да го бојкотирам подфорумот!
А и не беше само ова расистички. Гледајте го ова:
Главна машка и женска улога: Кејси Афлек (
белец), Ема Стоун (
белкиња)
Споредна машка и женска улога: Махершала Али (
црнец), Виола Дејвис (
црнкиња)
Каков нацистички расизам!
Оскарите за главните улоги ги доделиле на белци а оскарите за споредните улоги ги доделиле на црнци! Сакаат да кажат дека црнците се споредна раса во светот а белците се главни? До кога црнците ќе ја трпат оваа тортура? Очигледно Трамп ги замешал портокаловите прсти и во филмската академија.
И нека не мислат дека ќе паднеме на фората со оскарот за најдобар филм. И тоа беше
наместено само за да се замачкаат овие расистички Оскари. Видливо е дека тој мјузиклот со белци Ла Ла Ленд бил одбран од нив да добие награда, но мораше да го сменат во Мунлајт пошто видоа дека имаше веќе страшни и оправдани реакции на интернет ко оваа:
can j kimmel stop making fun of non-white ppl's names thanks
па се повлекоа за да не ескалира ситуацијата.
Срамота!