89ти американски филмски награди (Оскари 2016)

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    21
  • Гласањето е завршено на .
Дајте нешто видео да видиме и ние обичните смртници што се десило :D

Хаос направија. Сеа Ема Стоун излезе со муабет дека не можел стариов вампир да згреши, зашто пликото за најдобра актерка била во неа цело време. Овој се вадеше дека утнал, бидејќи му го дале пликото за најдобра актерка, а не за најдобар филм.
 
Боже господе. Најсрање Оскари во историјата на Оскарите. Втора година по ред, претпоследниот филм на мојата ранг листа зема Оскар. Страшно!
 
:vozbud::vozbud::pos:


За курац се Оскариве. Лигавења, намештаљки, па и малце повеќе театралност при говорите на освојувачите.
 
Уште едно срамно расистичко издание на Оскарите.

http://www.telegraph.co.uk/films/20...y-kimmel-criticised-joking-non-white-peoples/


Гледајте го овој срамниов водител, се шегувал со името Махалуруисдаофиоуогаса!!! Брука! Расисту глуп заостанат!

Правел шала со неговото име Махершала, само затоа што го има зборот шала во неговото име?

Да се викаше истиот Доналд ќе беше смешно, ама сега правел шега само затоа што овој има афроамериканско име!

Апелирам до модераторот на овој подфорум @џимеј, да го смени својот никнејм и да не го дели повеќе името со расистот Џимеј Кимел, да се огради од него и најстрого да го осуди, инаку ќе морам да го бојкотирам подфорумот!

А и не беше само ова расистички. Гледајте го ова:
Главна машка и женска улога: Кејси Афлек (белец), Ема Стоун (белкиња)
Споредна машка и женска улога: Махершала Али (црнец), Виола Дејвис (црнкиња)

Каков нацистички расизам! Оскарите за главните улоги ги доделиле на белци а оскарите за споредните улоги ги доделиле на црнци! Сакаат да кажат дека црнците се споредна раса во светот а белците се главни? До кога црнците ќе ја трпат оваа тортура? Очигледно Трамп ги замешал портокаловите прсти и во филмската академија.

И нека не мислат дека ќе паднеме на фората со оскарот за најдобар филм. И тоа беше наместено само за да се замачкаат овие расистички Оскари. Видливо е дека тој мјузиклот со белци Ла Ла Ленд бил одбран од нив да добие награда, но мораше да го сменат во Мунлајт пошто видоа дека имаше веќе страшни и оправдани реакции на интернет ко оваа:

can j kimmel stop making fun of non-white ppl's names thanks

па се повлекоа за да не ескалира ситуацијата.

Срамота!
 
Уживајте бе, ќе има сеа 16то продолжение нa fast and furious, ќе има миљарда нови филмови со суперхерои, анимирани филмови еден куп.... што кризирате па и вие.
 
Имаше една дебата, лани мислам вот ја започна за тоа како е можно филм кој потфрлил поединечно на секое ниво, на крај да биде најдобар генерално. Па еве одлична прилика да се навратиме на тоа: Moonlight не е најдобро режиран, не е најдобро одглумен (освен една споредна улога која и тоа како е дискутабилна), не е најдобро снимен, нема најдобра музика, и не е најдобар од ниту еден технички аспект, па како е можно на крајот да е најдобар генерално? На основа на едно сценарио? И тоа адаптирано. Сметам дека е редно време Академијата да ги смени не само PWC, туку и системот кои тие го практикуваат.
 
16996022_10212798795714034_6330344125095955370_n.jpg
 
Хахахахахахааха! Го утнале бе филмот накрај! :pos:
Ми се направи денов, готово. Инаку не е крив Воренчо, човекот стварно се замисли кога го отвори пликото и не го прочита он Ла ла за победник! Сега сакаат овие да го наместат дека е стар и не гледа кутриот, а они способните. :pos:
 
Извесен период не ги гледам доделувањата Оскари, ниту пак навремено ги гледам филмовите кои добиле награди на манифестацијата (па оттаму, и мислењево не се однесува конкретно на 89-ката), но одамна имам впечаток, кој ниту е само мој, ниту пак, е нешто што ретко се среќава. Со извесни варијации и изненадувања, се преповторува шема во која е горе-долу јасно кој добива награда, а кој не добива. Историски спектакли и драми (од американското или англиското поблиско или подалечно минато), трагични приказни за страдањата на Евреите (холокауст, Аушвиц) или потресни стории за тешкиот живот на црнците - робови, за маките на општествено отфрлените хомосексуалци и слично.
Оскари се доделуваат и за минат труд (не мислам, притоа, на оној за животно дело) - феноменални актери и режисери безброј пати номинирани и понижувачки одминати за некои одлични филмови, подоцна добиваат статуетка за (пот)просечни остварувања. За да се замачка некако срањето од минатото. Во Холивуд има омилени и не толку омилени лица, групи и групички, лобирања, и секако, многу политика. На пример, што и да сними Гибсон, како и да одглуми, во догледно време не верувам дека ќе има уште еден оскар за него.
Голема претстава за народот, модна писта за познатите, парада, како сакате. Слично како и Нобеловите наград, и престижот на оскарите е се' поблед.
 
Ја сум 100% сигурен дека победи црнечкиот филм само и само да биде контра Трамп. (пошто цел холивуд го мрази до коска Трамп)


Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Имаше една дебата, лани мислам вот ја започна за тоа како е можно филм кој потфрлил поединечно на секое ниво, на крај да биде најдобар генерално. Па еве одлична прилика да се навратиме на тоа: Moonlight не е најдобро режиран, не е најдобро одглумен (освен една споредна улога која и тоа како е дискутабилна), не е најдобро снимен, нема најдобра музика, и не е најдобар од ниту еден технички аспект, па како е можно на крајот да е најдобар генерално? На основа на едно сценарио? И тоа адаптирано. Сметам дека е редно време Академијата да ги смени не само PWC, туку и системот кои тие го практикуваат.
Најжалосно е што од сите црнечки годинава беше најслаб, Denzel и Viola искинаа во Fences, кога веќе се форсираше за црнечки требаше Fences да добие. Ако е утешно барем Демијан заслужено стана најмладиот добитник за режија, најзаслужената награда годинава.

La La Land, you the real MVP
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom