Што читате во моментов? (со фотографија)

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Една од најактивните теми на овој подфорум е "Си купив книга", каде се постираат слики од она што сме си го купиле (или некој ни го купил), а кога станува збор за она што тековно се чита, малку сме мрзливи да склопиме некоја реченица.

На темава замислувам да се ставаат само слики, по можност ваши, за она што во моментот го читате. Секако, убаво е да се напише и некоја реченица за книгата (или стрипот), може некој по таа (кратка) рецензија ќе посака да ја прочита истата книга, но за тоа има сродна тема Што читате во моментов? (со краток коментар). Ако некој сака да прокоментира некоја книга, ќе го замолам тоа да го направи на темата Тука коментираме книги.

IMG_20221228_225105_edit_1444433466869614.jpg
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.212
Поени од реакции
9.089
Dubai starter pack :cool:

3F0E1120-FEC7-4736-A031-60A2A483D1C1.jpeg

Posle Grof od Monte Kristo, najjaka kniga so sum ja cital dosega. Ima uste 3-4 od nego, definitivno kje gi zemam i tie vo prva prilika.

Strasno motiviracka, dava osvrt na istoriski nastani vazni za UAE, i nacin na razmisluvanje i rabotenje na lokalnite vladeteli. Odlicen primer za rabota i rezultati na eden sovremen lider. Preporacuvam da si ja zemete site (isto kako Grof od Monte Kristo :D)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
за тоа има сродна тема Што читате во моментов? (со краток коментар). Ако некој сака да прокоментира некоја книга, ќе го замолам тоа да го направи на темата Тука коментираме книги.
Многу комплицирано да се запамти сè: што каде да се објави :D
A да ги споиш некако?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.093
Поени од реакции
34.874
Една од неколкуте книги кои ги читам. Секогаш читам по неколку книги истовремено: една (обично помалечка) имам во чанта за во автобус, друга за во дневна додека некое од децата спие, трета во летниковец надвор, а четврта на наткасна во спална, за пред спиење. Пламениот пехар во моментов ми е таа за заспивање. Ама некако брзо заспивам периодов, па заглавив со неа, а не е баш малечка. :D

20221229_195816.jpg
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.079
Поени од реакции
13.024
My Infamous Life The autobiography of Mobb Deep's Prodigy

my-infamous-life-9781439103197_lg.jpg

Искрено многу ретко читам биографии/автобиографии, ова е можеби 3та или 4та во животот што ја читам. Веројатно никој од тука ја нема читано книгава, едвај ја најдов на нет, физичка копија во Македонија сигурен сум дека нема. На rap genius (страна каде што има lyrics од песните и плус објаснување за дел од стиховите), имаше едно објаснување во кое имаше цитати од книгава, па ме заинтригира да ја прочитам. Сега сум до кај 200 страна (360 има), се спомнуваат доста ликови од тогашната сцена: Tupac, Biggie, Pun, Diddy и особено QB екипата Nas, Big Noyd, Havoc... Јас рап музика слушам само за текстови исто како книга што читам, форма на изразување ми е, имам други музики што си ги слушам во диско, кафич или дур вежбам, рапот ми е како книга/филм, па затоа и ме интересираат некои детали околу ствари спомнати во песните. Ако сакате да дознаете нешто повеќе за Prodigy од Mobb Deep (рап група), детали за неговиот живот од најраните сеќавања, до деновите кога се запознаваат со Havoc и со сите ликови претходно што ги спомнав, првите албуми, успеси и неуспеси со песни и албуми, проблеми со законот, фамилија, човечки релации, мислења за пријателите, маалски причи, згоди и незгоди, тогаш читнете си. Не знам колку е дозволено да се стави линк од мој драјв каде што ja имам прикачено книгата, ако не е дозволено нека се избрише овој дел од моето мислење: книгата може да ја најдете тука.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.212
Поени од реакции
9.089
Back to the basics, plus novogodisni rezolucii drn drn a u

0CE52747-47C1-4FED-AA4D-CFC13A0B4C08.jpeg

Site ja pocnuvame novata godina, so zelbi, idei, celi, rezolucii gluposti a u.
Pocetnata motivacija trae nekolku dena do nedeli.
Sistemski pristap kon zacrtuvanje i ostvaruvanje na celite, moze da bide korisen kon ostvaruvanje
na nasite celi, zelbi i kon sozdavanje podobri naviki.
Koristenje beleznik e korisno zaedno so knigata, za belezenje na ideite i pratenje na procesot.

Ja preporacuvam, lesna za citanje i dosta prakticni idei se prezentirani, cena okolu 400-500den, vo knizarnica Tri i nivni distributeri.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom