Што читате во моментов? (со фотографија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Dumbledore
  • Време на започнување Време на започнување
Многу корисна книга.Не дека не го знаев претходно, но поинаку е кога ќе го прочиташ синтетизирано напишано.
Како да се третираат со презир и да се исмеваат поединците кои сопственото чувство на инфериорност го прикажуваат како супериорност над другите.
За псевдоинтелектуалци со просечна интелигенција кои сакаат да ги земат за генијалци, за неспособни кои добиват моќ и ја делат сопствената „објективна“ правда.
И за повеќе комплекси..комплекси...комплекси кои само Фрод може да ги квалификува. :D

surrounded-by-idiots-taschenbuch-thomas-erikson-englisch.jpg
 
Превод Волф Ошлис. Има печатни грешки ама воглавно добар превод.
d6db73b8fffb026792ed4f94dfc311b3.jpg


Gesendet von meinem SM-S921B mit Tapatalk
 
Само што ја довршив, искрено, не знам што да кажам, истовремено одличен роман и истовремено напорен роман.

bernhard_sechenje-shuma.jpg
unnamed.jpg

Томас Бернхард го запознав преку кратките раскази од книгата „Имитатор на гласови“ во издание на Темплум (не паметам која година беше), а сега со романов ми се потврди како „лошото момче на австриската проза“. Романот има необична структура, буквално се случува во една вечер, на собиранка кај некои самобендисани уметнички мецени, а главниот лик седи на некоја фотелја, и оттаму мрчи за најголем дел од присутните на собиранката, додека го чекаат некојси глумец да дојде, а тој доцни, што е причина сите, вклучувајќи го и главниот лик, веќе да го замразат. Ова е автобиографски роман и голем дел од ликовите се вистински личности од австриското уметничко друштво, поради што Бернхард имал проблеми кога го издал романот. Имено, преку судски процес му било забрането да го дистрибуира по книжарници (иако книгата била веќе доставена), а со самото тоа што била забранета, книгата привлекла поголем интерес. Обидот за забрана (за канселирање што би рекле денес) многу го огорчил и Берхард дал наредба (завет) неговите книги никогаш да не се објавуваат во Австрија, држава за која има мошне лошо мислење. Подоцна ќе се премисли, но неговата горчина и црн хумор и зајадливост се чувствува во секој пасус од романот. Структурата на текстот е доста репетитивна, значи речениците се повторуваат, што знае да биде заморно додека се чита книгата, но од друга страна, помага да се почувствуваат неговите зајадливост и презир кон тогашниот австриски уметнички свет.

Се измачив додека читав, но сега сум задоволен. :)
 
1729330635453.png

ebook на kindle, затоа само скриншот а не фотографија :)
 
Ова е моќна мемоарска книга во која се истражува сложената и бурна патека на растењето и созревањето во посткомунистичка Албанија. Како млада ученичка, Ипи била воспитувана под строгиот режим на тоталитарна власт која им ветувала на своите граѓани иднина во совршена слобода. Но, кога падна режимот во Албанија, основите на нејзиното општество се урнаа и светот на Ипи беше изненадно прекинат. Нејзината приказна ги води читателите низ период на интензивни лични и политички превирања, додека таа го сведочи распадот на комунизмот, појавата на неолиберализмот и своето сопствено созревање.

Првиот дел книгата, кога раскажува за животот во комунистичка и тоталитарна Албанија, ми беше поинтересен, а вториот дел, кога веќе државата влегува во транзиција, е исто така интересен, но бидејќи и ние како држава поминавме низ нешто многу слично, ми беше познат, па не ми остави толку голем впечаток. Во секој случај, препорака од мене. Некои од поглавјата се речиси анегдотални, на пример, поглавјето со празната лименка Кока-кола, за која во комунизмот платиле големи пари само да им стои на телевизорот во дневната како еден вид статусен симбол.

20241212_214435.jpg
 
Многу корисна книга.Не дека не го знаев претходно, но поинаку е кога ќе го прочиташ синтетизирано напишано.
Како да се третираат со презир и да се исмеваат поединците кои сопственото чувство на инфериорност го прикажуваат како супериорност над другите.
За псевдоинтелектуалци со просечна интелигенција кои сакаат да ги земат за генијалци, за неспособни кои добиват моќ и ја делат сопствената „објективна“ правда.
И за повеќе комплекси..комплекси...комплекси кои само Фрод може да ги квалификува. :D

Прегледај го приврзокот 409006
Mnogu pati sum naletal na knigava, mislam po duty-free na aerodromite, i sekogash sum vo misla dali da ja zemam.
Kako e chuvstvoto posle chitanje, podobro ili polosho (za idiotite koi ne opkruzhuvaat)? :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom