Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Ја читам моментално "Гробот на планината" од Микаел Јорт и Ханс Розенфелт.
Од серијалот со Себастијан Бергман, книгата одлична е засега, додуша досега немам погрешено со ни една книга од тој серијал. Ми лежат скандинавските трилери, а посебно овој серијал со Себастијан и екипата (y)
 
Господарот од Колм Тојбин. Интересна сега за сега се работи за писател кој ја очекува премиерата на својата драма во Лондон. Убаво е напишана (сега засега 20 стр читав) така да очекувам да испадне добра.
 
Доктор Џекил и господин Хајд од Роберт Луис Стивенсон.

Искрено ми фалеше Стивенсон, книгава е мала, се на се 60-тина стр, досега не ми е читана (иако имам гледано најмалку две филмски адаптации) и веројатно ќе преминам и на Заливот Фалеса. Убаво, како, трилер започнува да ја гради приказната.

Оваа година, веќе, сум двоцифрен, само немам инспирација да ги рецензирам во Книжевниот предизвик. :oops:
 
"Дамски гамбит" од Волтер Тевис

Конечно во мои раце. :love:

Книгава ми навлезе во секоја пора, ми го освои секое сетило, ми го подобри расположението. За рекордно време прошетав низ првите 100 стр. :love:

Стилот на пишување е лесен, интересен. Приказната е доследна и содржајна. Згора на сѐ и психологијата е интересна за проследување, Бет не е ни свесна за внатрешните демони. Сѐ гледа низ невината детска призма.

Книгава е далеку подобра од серијата, која е вистинска ренесанса за шахот и како спорт и како хоби.

Оргазмична книга, без никаков сомнеж верувам дека ќе ми стане една од најомилените. :love:
 
Моментално ја читам Рат и Библија од владиката Николај ама на нет пошто ја немам книгата која е објавена 1931 год. во која буквално го предвидува рушењето на кулите близначки во Њујорк...

хинт-"У томе, при последњим зрацима сунца, појави се јато аероплана кружећи високо изнад великог Њујорка.
– Гле, гле, ено их! ено! три, пет, десет! чуше се узвици са разних страна.
Министар Јустон уздахну, па полугласно изусти:
Да, ено опасности нашем американском Вавилону!
Ето, од тих црних челичних тичурина зависиће будући рат! узвикну генерал."
.

.
"У том ће опет рећи министар Јустон полугласно и замишљено као за себе:
Отуда, отуда из ваздуха прети опасност овим нашим вавилонским кулама!
– А зашто само нашим кулама? узвикну генерал. Не важи ли то исто и за европски Вавилон, или боље рећи – вавилонску Европу?"...
 
Последно уредено:
Госпоѓа Бовари од Гистав Флобер.

Не знам точно зошто но долги години патев од заблудата дека книгава е некако бапска, дека се работи за некаква си клише романтичарска приповетка со предвидливи ликови и очигледни пресврти.

После 170 страни сфаќам уствари каков идиот сум бил.

Романов е маестрална сатира, секое негово делче, од ликовите и настаните па се до самата проза е право ремек дело, и читајќи го осеќам ко ниеден слог да е потрошен или сувишен, балет од согласки и самогласки.

Гиставе, скидам капу.
 
Две дела во една книга. Јас ги читам расказите "Од Јужните мориња".

Авантуристички раскази кои се одвиваат на јужниот пацифик, на островски земји во колонијално време.
Одлично ми дојдоа на овие попладневни жештини.

Џек Лондон е мајсторски раскажувач, добивам порив да одам на море и да пушам цигари додека си ловам риби. :ROFLMAO:
20220624_201028.jpg
 
Две дела во една книга. Јас ги читам расказите "Од Јужните мориња".

Авантуристички раскази кои се одвиваат на јужниот пацифик, на островски земји во колонијално време.
Одлично ми дојдоа на овие попладневни жештини.

Џек Лондон е мајсторски раскажувач, добивам порив да одам на море и да пушам цигари додека си ловам риби. :ROFLMAO:
Прегледај го приврзокот 336464
Дали знаеш каде може да се купи??
 
"Криптолог" од Изабела Малдонадо

Лето е, се читаат тралалајки. :pipi:

Старите рани на агентката Нина Герера повторно се отвараат кога чудовиштето од нејзината младост, која ја има киднапирано, убива и ѝ праќа порака. Неговиот идентитет е енигма...

Не сакам да ја критикувам книгата од самиот старт, не сум ни навлезен длабоко во приказната, можеби и имав превисоки очекувања, содржински е интересна, но нарацијата не ми се допаѓа.

Моментално е на - 50%.
 
"Ненад Марјанович - Живот с Идијотима" - после долго време си ја прибрав книгата од шетање на едно па на друго место, книгата е напишана од басистот на поранешниот култен бенд од Пула - Куд Идијоти (антифа панк бенд) во која раскажувува случки од времето на нивното постоење, како се оформиле, каде вежбале, каде свиреле, посебно ми беше интересен делот каде што раскажува за нивното свирење во Италија каде биле нападнати од фашисти, па на бината настанал општ хаос во кој се вмешала и полицијата, после цело тоа случување групата достигнува до насловните страни на весниците во Италија и Југославија, при што уживаат добар третман од владата на Југославија (кој траел кратко) затоа што на некој начин го користела тоа политички.
 
oddel-za-rak_1.png


Само што ја завршив. Што да кажам, книгава е комбинација на Толстој, Чехов и Јулија Вознесенскаја (авторката на „Женски декамерон“, исто така одличен роман). Обработува не баш весела тема, провинциска болница каде разни ликови од различен општествен сталеж во СССР, во периодот по смртта на Сталин, доаѓаат да се лекуваат. Преку ликовите на пациентите и лекарите/лекарките и болничарите/болничарките е прикажана тогашната (сурова) советска реалност. Има и толстоевска филозофија во романов, има и чеховски моменти (Павилјон бр. 6), има од сè по нешто. Се поставува и прашањето, која е смислата на животот? Интересно прашање, посебно кога знаеш дека деновите ти се избројани.

Единствена замерка ми е на моменти погрешниот превод, преведувачката го греши минатото време во моментите кога некои од ликовите се сеќаваат на своето минато, па наместо минато свршено време користи минато прекажано време, што нема никаква смисла.
 
If on a winters night a traveler - Italo Calvino

Se druzime veke nekoja vecer. Prvo me provocirase so igor dzambazov fori, no funkcionira toa breaking 4th wall i iako te promasuva poradi vremenska razlika da ja nareceme, sepak se povrzuvas iako instinktot mi e da se boram protiv toa oti neli somewhat challengenat. Hah.

Kako sto i samiot kazuva, na strana ocekuvanja i zelbi (od avtorot, za knigata), tocno deka sakam da ne znam sto e sledno, leap vo nepoznato, ustvari duri go i preferiram.

Cool.
Cool, cool, cool.
 
Две дела во една книга. Јас ги читам расказите "Од Јужните мориња".

Авантуристички раскази кои се одвиваат на јужниот пацифик, на островски земји во колонијално време.
Одлично ми дојдоа на овие попладневни жештини.

Џек Лондон е мајсторски раскажувач, добивам порив да одам на море и да пушам цигари додека си ловам риби. :ROFLMAO:
Јас ја читам "Морски Волк". Иста тематика, и истата желба ја добив да одам на море.
Би ти ја препорачал да ја прочиташ.
 
Јас ја читам "Морски Волк". Иста тематика, и истата желба ја добив да одам на море.
Би ти ја препорачал да ја прочиташ.
Секако дека ќе ја прочитам, ја имам дома. Наредниот месец најверојатно ќе ја поминам.

А кога ќе залади ќе ги читам делата што се сместени во Алјаска. Сакам кога сезоната во книгата ми се поклопува со онаа во реалноста. :)

Фала за препораката :love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom