Не ја читам туку ја прочитав на три часовен лет додека јадниот Ерве Жонкур морал од Франција да патува секоја година до Јапонија пешки, на коњи и возови, со месеци секоја есен за преку трговски договор да купи свилени буби во обид за неговиот град да продолжи во производството свила и покрај епидемијата која ги зафатила европските свилени буби од каде претходно се увезувало.
Во мојот обид да го комплетирам Барико, овојпат добив една одлична авантура која подоцна се претвори во специфична љубовна афера каде 33 годишниот Жонкур запознава тамошна девојка без ориентални очи и му го нарушува создадениот спокоен и тивок живот кој секогаш и всушност го посакувал но и го слатко-горчливо доби (#notaspoiler). Финишира како трилер од Финчер (#notaspoiler) но не ми сметаше бидејќи ацентира доста човечки момент. Крајот ме остави тажен но сепак со огромно чувство на како и да е преводот за wholesome. Се работи за Свила.
Читање повторно на мајчин јазик после последните 5-6 на англиски ми ја направи дополнително динамична. Со оглед на времетраењето и лесниот стил кој ненаметливо скока во и од поезија би рекол дека може ова да се класифицира како расказ. Или роман. Или можеби повест? Ве оставам со одјавата во книгата:
“Ова не е роман. Ниту расказ. Ова е повест. Започнува со човек што го обиколува светот, а завршува со езеро што едноставно се наоѓа некаде, еден ветровит ден. Човекот се вика Ерве Жонкур. Езерото - не знаеме.
Би можело да се каже дека ова е љубовна приказна. Но, кога би била само тоа, не би вредело да се раскаже. Во неа има копнежи и таги, кои добро знаеме што се, но вистинско име за нив нема. Како и да е, тоа име не е лубов. (Ова е древна работа. Кога немаме име за нештата, тогаш употребуваме приказни. Така оди тоа. Со векови.)
Сите приказни имаат свода музика.Оваа има бела музика. Важно да се каже, зашто белата музика е чудна музика, напати збунува: се свири тивко и се танцува бавно. Кога е добро отсвирена, небаре jа слушаш тишината како свири, а кога ги гледаш оние што іа танцуваат божествено, чиниш неподвижни се. Тоа е проклето тешка работа, таа бела музика.
Нема што друго да се додаде. Можеби е добро да се појасни дека се работи за повест од деветнаесеттиот век: колку никоі да не очекува авиони, машини за перене и психоаналитичари. Ги нема. Можеби другпат...”
Ако барате книга што сакате да ја прочитате во еден ден но неспарливо(????) и во еден здив - земете ја предвид, што?




