Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
"Отрантскиот замок" од Хорас Волпол

Мала книга која започнува со смртта на единствениот и многу болежлив син на Манфред, Конрад, кој умира на денот на свадбата со Изабела.

Самата смрт на Конрад е своевидна мистерија затоа што е здробен од шлем на една џиновска статуетка од црквата.

По горчината на својата загуба, и стравот од остварувањето на пророштвото (Замокот и власта на Отранто ќе бидат предадени од сегашното семејство тогаш кога вистинскиот сопственик ќе стане премногу голем за да го насели) и крајот на неговата лоза, Манфред решава да се разведе од својата јалова жена и самиот да се ожени за Изабела, која одбива се впушта во бегство низ замокот. Манфред организира потера по неа...

Како своевидна критика може да биде отсуството на описи на места и луѓе. Само површно се доловува сликата.

Верувам дека оние кои сакаат готски романи, во кои владее некоја мрачна, мистична и напната атмосфера, помешана со натприродни и надреални елементи, во која има аристократија и пресликан дел од културолошкиот идентитет на таа епоха, зачинета со доза мистерија, оваа книга ќе им се допадне.

Напишана е во 18-от век и е во издание на Полица. :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
"Месечарот" од Себастијан Фицек

"Душокршачот" беше мојот прв трилер од Фицек. Ми го дадоа при една спонтана размена на книги. Ништо посебно. Дури ми беше неинтересен. Потоа, по препорака на Кремчето, ја земав "Патник 23", единствено таа ја имаа во библиотека од Фицек. Беше поинтензивна, подинамична, посодржајна во однос на "Душокршачот". Имаше истрајност во приказната и нишка на мистерија. Очекував, на крајот, да си ја пронајде жената и детето или да пронајде извесна трага која ќе ги одведе кон нив. Добив неочекуван крај. И мислам дека, за некоја деценија, со оваа проекција на движење на настаните, под палката на cancel културата, оваа книга ќе биде етикетирана и забранета.

Потоа, на почетокот на оваа година, ја прочитав "Терапија" која веќе ја рецензирав. Беше по препорака на Ганчето. Имаше психолошка длабочина преку која лесно може да се соживееш приказната. Потоа сфаќаш дека таа била само проекција на човековиот ум, што ѝ дава подолнителен сјај на оваа книга.

И сега, за плажарење, ја земав "Месечарот", ми беше на врвот од купчето непрочитани книги од Фицек. Овој интензитет на читање не сум го имал уште од ХП. Благодарение на приказната, го изгубив осетот за време. Откако ја направив првата кафе пауза, сфатив дека веќе се наѕира крајот на книгата. Страниците се истенчени. Сакам уште!

Нема да навлегувам во приказната, неколку реченици, чисто површно колку за ги заголицкам љубопитните очи.

Леон, главниот протагонист, се обидува на води дуалистички живот меѓу бракот и професионалноста. Живот на компромиси, живот каде сака да се оствари на двете полиња. Но има и проблем со несоницата. Месечари. А додека месечари, длабоко во себе е уверен дека е насилен кон луѓето околу себе, нешто што не е својствено на него додека е буден. Додека е свесен.

При првата негова прва епизода ја гледа неговата девојка, со изразени повреди, како во брзање го напушта нивниот стан и оттогаш од неа не добива никаква повратна информација. Не знае дали таа епизода е јаве или вистина. Не знае дали самиот е виновникот за нејзините повреди, за нејзиното запоставување на работата, па и за нејзининото исчезнување од очите на светот. Верува дека болеста која го демнела во неговото детство, поради која бил предаван од едно кон друго згрижувачко семејство, повторно започнува да му тропа на портите во неговиот живот...

Ви благодарам на препораките! :love:
Кремче <3
Ганче <3
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.435
Поени од реакции
13.535
IMG_20220807_015912.jpg


Одлична! За 5-6 часа ја прочитав, не можев да одолеам (n) .
Буквално секоја страница носи неизвесност и те тера да продолжиш.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
"Фати ме" од Лиса Гарднер

Очигледно е дека летото ќе го допоминам во друштво со трилерите.

На оваа книга повторно се навраќам после месец-дена, каде дотогаш прочитав 50-тина страници.

Две другарки на Шарлин умираат на идентичен начин, во ист календарски ден во период од две години. Стравува дека ќе биде следната жртва и се обидува да ја исконтактира детективката Ди Ди Ворен каде ѝ ги кажува нејзините стравови и прејудиции. Сака врз база на истите да изгради случај...

Блага критика е нереалистичноста на разговорите меѓу ликовите. Тој разговор воопшто не ми е природен, иако има одредена логичка издржаност при процесот на интерогација на потенцијалната жртва, па и психолошка при интеракцијата подреден-надреден. Умешно е издаден ликот на Ди Ди (Ворен), која е главна протагонистка во серија нејзини романи, па и на поспоредните ликови кои имаат одредена улога во процесот на истрагата.

Дури и е зачинета со психологијата на мајката (Ди Ди само што се враќа од породилно), така нејзините мисли на дистракција и даваат на книгата поинтересен шмек.

Градењето на приказната ми се допаѓа. Дури и наративот, со исклучок, повтроно, на репликите.

Мене ова ми е прва книга од Гарднер, скоро ја земав и "Јас те сакам повеќе". Ако целокупно ми остави убав впечаток, повеќе од веројатно е дека ќе преминам и на таа книга (насловот сугерира дека е љубовна, но станува збор за трилер).
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
199
Поени од реакции
244
Дали се сеќавате на ситуации во детство кога вие или некој до вас сте сакале да нешто разберете, и нешто во таа сврха сте кажале, или направиле, а возрасниот авторитет реагирал со гласно подбивање, на што сите други околу вас почнале да ви се смеат.

За тоа подоцна можеби сте рефлектирале и заклучиле дека средината во која сте пораснале не била баш перфектна... Ама тоа е што е, сега сте во процес на издигате на далеку повисоки нивои.

И тогаш, можеби сте приметиле да некој човек на кој се угледате, можеби едуциран на Оксфорд или така нешто, реагира во јавни медиуми нелогично, глупаво, со ситнодушно подбивање, ... исто како оној беден маргинален социјалистички шраф кој кон вас бил садист пред многу години.

Што е ова? Во кој филм сме се нашле?

Тоа е прашањето на кое пружа одговор Bernardo Kastrup во Brief Peaks Beyond, во едно поглавие чија рана верзија може да се чита на оваа страна https://www.bernardokastrup.com/2014/07/brian-cox-and-idolatry-of-nerds.html
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
"Фантастични раскази" - Теофило Брага

Книгава ја имав видено на неколку каталози од Бегемот, дотогаш никогаш претходно немав слушнато за Брага. Во раце ја земав поради корицата, која сама по себе е едно уникатно уметничко дело, а ја купив затоа што прочитав дека инспирацијата, Брага, ја црпел од поетиката на По.

Прочитав три раскази, најмногу ми се допадна вториот кој е еден вид на колаж од идеи. Мислам дека се работи за мимикрија, удвојување на карактерот поради аморалот прикажан во приказната. Наративно изледа како приказната да се следи од извесен прозорец, а всушност се проследува од рефлексијата на стаклото. Секако, самата приказна нема врска со никаков прозорец, метафорично го користам со цел да ја претставам својата идеја.

Далеку од едноставна и лесна, философско-езотерична книга проткаена со мистицизам. Јазикот на пишување е прекрасен, поетско прозен, а приказните се зачинети со таа готска малга на црнилото преку внатрешното страдање и распаѓање на човекот, копнежот, болката, надополнети со убиства и самоубиства.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.034
Tropic of Cancer - Henry Miller

Nekoi 50 strani i ne mozam poveke. Mnogu e vulgarna i gadnikava, ne znam zaso uporno baram romantika vo vakvi, demek golemi ljubiteli na zeni pa se drugo treba da e kul, nesto nalik Bukowski sto pravi.

Paris vo dvaesetite za mene ima druga slika veke. :sick:

Thanks, I hate it.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
"Заклучи ги сите врати" од Рајли Сејгер во издание на Антолог

Пребарував на Јутуб препораки за трилери и на секоја можна листа овој трилер котираше доста високо, па го зедов од библиотека. Имам доста високи очекувања.

Џулс, се јавува на оглас за работа 3 месеци да чува/да живее во апартман во една од најатрактивните локации во Њујорк...

Видов дека книгата е поделена на 6 делови, односно денови кои ретроактивно се враќаат наназад кон прологот на приказната каде Џулс ги отвора очите и се наоѓа во болница.

Јас сум до првиот ден т.е. прочитав околу 40 страни, каде Џулс се запознава во правилата, завршува интервјуто за работа и полемизира со нејзината другарка Клои околу заднината на оваа работа. Зошто некој би плаќал 4.000 долари месечно за некој да престојува во неговиот апартман!?

Ми се допаѓа градењето на приказната и мистериозноста (пред неколку месеци ја прочитав "Месечарот", па до некаде идеите ми одат во таа насока). Се надевам дека ќе ми ги оправда очекувањата.
 
Член од
21 јануари 2022
Мислења
397
Поени од реакции
2.136
До пола сум моментално, фино се плете приказната, единствена замерка ми е дека на моменти раскажувањето станува премногу поетично (и не е чудно, со оглед на тоа дека Николина Андова Шопова е првенствено поетеса). Ќе видиме како ќе заврши.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom