Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Пред извесен период си разговаравме со @Darklady на тема книги, пред се за оние кои ни оставиле извесен впечаток. Така, ова е, своевидна, нејзина препорака.

Денес се одлучив да поминам до библиотека, сакав да си земам нешто полесно за читање, ја видов и ми се врати целиот разговор, посебно за нејзините импресии како за книгава, така и за филмот, кој исто така не ми е гледан. Па си ја земав без некои преголеми очекувања.

Зборувам за "Никогаш не оставај ме" од Казуо Ишигуро. What a book! Веќе сум од седма глава (околу 70 стр). Единствената сериозна замерка е преводот, кој е лош, мислам на ова издание од Ѕвездите на светската книжевност. Одредени реченици немаат никаква смисла, а во други, нараторката прво е претставена како женско, па потоа како машко (мислам на употребата на личните заменски форми). Знам дека и Три ја има издадено.

Се одлучив оваа да биде и мојата Клупска книга за месец ноември каде имаме слободна тема, мислам дека знам во која насока ќе се движи рецензијата. Сеуште е фаза на карактерното градење, па и авантурите и созревање на ликовите (пред се Томи и Рут), затоа што приказната не враќа во детството на Кети (која во моментот на нарацијата е негувателка) кога живеела во училиштето "Хејлшам" околу кој се врзува овој дистописки роман.

Мислам дека треба да има засебна тема за дистопии! :noze:
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.487
Поени од реакции
8.755
Авторот патува во Алжир каде ги посетува местата од каде што потекнува нејзината фамилија која поради алжирската војна за независност се сели во Франција.

Уште една графичка новела која докажува дека може да парира на книга и дава до знаење дека не сите стрипови/графички новели се со луѓе во костими кои имаат супермоќи.

Препорака.

IMG_20221219_230717.jpg
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.487
Поени од реакции
8.755
Alone - ремек дело од стрип/графичка новела создадено од Chaboute, авторот е познат по своите црно бели цртежи/илустрации, моја препорака за секој што сака да навлезе во светот на стриповите/графичките новели.

IMG_20221220_164900.jpg
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.334
Поени од реакции
36.247
Вечер кај Клер од Газданов.

Ги поминав првите триесетина страници и многу супер впечаток ми остава. Различна од Призракот на Александар Волф, ама ми изгледа еднакво добра.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.188
Поени од реакции
8.385
Африканецот и други есеи од Ле Клезио, издание на Слово, 2009 год.

Мемоар кој го опишува периодот од раното детство на авторот поминат во Нигерија и Камерун, каде неговиот татко работи како доктор во периодот на ВСВ. Се пресекуваат повеќе теми, идентитетот, колонијализмот, секојдневието и проблемите живеејќи во крајно изолирани делови од светот.
 
Член од
23 март 2021
Мислења
19
Поени од реакции
82
Село зад седумте јасени – Славко Јаневски. Приказната се случува во 1947 во селото Јасенско каде што едно по друго ќе се случат многу настани што ќе ја променат судбината на жителите. Селаните после војната треба да се справат со уште една битка а тое е формирањето на задруги по селата. Како и секаде, така и овде, има некои кои се против задругата и прават секакви збрки за да го спречат формирањето на задругата. Кај селаните се создава страв дека ќе го изгубат и она малку приватна сопственост што ја имаат ако се стане задружно и се случуваат низа настани што ќе заврши на крај и со неколку жртви.

Фондацијата Славко Јаневски ја објави и преработената верзија „Стебла“. Дали ја има некој читано, дали се разликува многу од оваа? Се надевам дека ќе упеам и неа да ја прочитам за да можам да направам споредба што е тоа што не му се допаднало на Јаневски во „Селот зад седумте јасени“, па го забранил неговото препечатување и морал да го напише и „Стебла“. Инаку, добар впечаток ми истави романот. Јаневски убаво знае да ги долови внатрешните чувства и мисли на ликовите што ми се допаѓа, а има и многу убави описи.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
412
Поени од реакции
1.174
received_628632155937337.jpeg
Виктор Ерофеев - Руска Убавица
Вчера ја почнав и стигнав до 120стр некаде. Тоа е единствената добра работа, лесно се чита.

За што се работи? Не знам, ништо не разбрав иако прочитав скоро половина. И не се зафркавам стварно не разбирам:ROFLMAO:, напишана е на постмодерен стил кој воопшто не го разбирам. Не знам кој со кого зборува, ликови се појавуваат од небо, шалтање теми како коњ во шах.

Пребарав и на нет повеќе инфо за книгата и авторот ама многу малку се наоѓа...
 

Boksy be

Jolie
Член од
6 октомври 2022
Мислења
77
Поени од реакции
67
Ги читам темите на форумов, а и чат пат ја читам книгата од авторот Лујза Хеј, Како да го излечете својот живот!
 
Член од
21 јануари 2022
Мислења
331
Поени од реакции
1.763
Со секоја нова книга на Манро (оваа е четврта преведена на македонски и четврта што ја читам) се уверувам дека Нобеловата награда ѝ е повеќе од заслужена. Алис Манро пишува раскази и дефинитивно може да се вброи меѓу мајстор(к)ите на овој жанр (Антон Чехов, Ги Де Мопасан, Рејмонд Карвер, итн. итн.)

DSC07092.JPG
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.522
Поени од реакции
33.704
Lagano ja pocnav Klara and the Sun

Knigata e na misija trgnata da me natera da placam sto e retkost ako voopsto mozno. Posle edna tretina, 150 plus strani se drzi dosta dobro, brzo se lista, emocionalnata investicija e veke tamu iako setingot e nebiten, samo e samo skin, moze ova da ne bide za roboti tuku za kokoski i pak ke e isto, malce gimmicky no ke videme do kraj. Ako dodrzi vaka epten ke ja postuvam.

Prikaznata e za artificial friends, roboti koi gi kupuvaat lugjeto vo nekoja distopiska idnina za nivnite deca kako best friends, koi pak imaat potreba od sonce za da funkcioniraat ko sto treba.

Raskazana od perspektiva na robotot.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.522
Поени од реакции
33.704
Lagano ja pocnav Klara and the Sun

Knigata e na misija trgnata da me natera da placam sto e retkost ako voopsto mozno. Posle edna tretina, 150 plus strani se drzi dosta dobro, brzo se lista, emocionalnata investicija e veke tamu iako setingot e nebiten, samo e samo skin, moze ova da ne bide za roboti tuku za kokoski i pak ke e isto, malce gimmicky no ke videme do kraj. Ako dodrzi vaka epten ke ja postuvam.

Prikaznata e za artificial friends, roboti koi gi kupuvaat lugjeto vo nekoja distopiska idnina za nivnite deca kako best friends, koi pak imaat potreba od sonce za da funkcioniraat ko sto treba.

Raskazana od perspektiva na robotot.

Ne napisav, ne placev. :D

Dosta lesna kniga, citliva. Toy story meets never let me go. Naivno pristapuva no dovolno mracna ponekogas da te zastane i da se zaprasas za nekoi moralni standpoints sam sebesi. Mozebi na vkus malce gimmickyesque za mene no konzistentna dovolno na stvarite sto funkcioniraat dovolno za da ne mi smeta prvoto.

Dobra. 3 od 5.

Inace sto si kupiv? Ova plativ za zena mi preeska pa tehnicki si kupiv ova:

Прегледај го приврзокот 374099
Momentalno citam ova pogore, the unbearable lightness of beeing.

Me progolta bas na odmor pred ezerce i mi legna epten. :noze:

Ova e toa sto ne go dobiv od prethodnite bukowskis, millers… svalerajot onaka epten prikazeno kul se dodeka ne e, a voglavno e tazno-romanticna so poetska filosofija za prsti da si izlizes. Retko mi se slucuva da zastanam za nekoja recenica i da ja preprocitam pak pa i pak od sto e dobra no vo knigata se najdov premnogu pati kako go pravam bas toa.

100 strani do sega bidejki ne se cita bas brzo i si bara vnimanie pa i emotivna otvorenost za da ja uzivas kako sto e smislena i nameneta pretpostavuvam no od tie 100 do sega mi e perverzija. Valda malce kasnam za boarding on kundera train no sto so toa?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.614
Поени од реакции
31.821

До кај 60-та страна стасав и имам уште доста, не се сеќавам да имам нешто слично читано. Ме мрдна скроз на скроз :D
Препорачувам. Ми ја кажа кроз муабет професорот по филозофија од средно, со кој го зачувавме другарството повеќе од 10-тина години по завршувањето гимназија.
 
Последно уредено:

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.651
Поени од реакции
5.330
Demnac-Final.jpg

Претходно ги прочитав Злотвор и Еден по еден од истиот автор, од серијалот со детектив Роберт Хантер... Малку по обратен редослед ги почнав со читање :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom