Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Достоевски се обидел да опише дел од неа на уникатен и сликовит начин низ неговиот опширен, а сепак тесен светоглед. Душата и генот на тој народ се многу поголеми и покомплексни отколку списите. Го спомна Гогољ. Зошто не го спомнеш и Толстој со неговите километарски книги. Или пак душата according to Солнежицин. Ајде и Шолохов да го ставиме тука. Пушкин со неговите глорификации. Лермнотов со неговата досада од животот. И да кажеш дека само пишаниците на Достоевски беспрекорно го опфаќаат комплексниот, а во исто време примитивен и прост Русин, е неблагодарно и кон него и кон другите.

Достоевски е ти е како капка ЛСД. Мал, ама дава ѓаволски добар трип. Само пази да не те заебе паранојата. :D

Проблемот на западните читатели и критичари (со исклучок на Германците) е што сакаат да го рационализираат до степен на просташтина источниот човек (во него спаѓаме и ние, по некоја случајност). А по друга случајност, ние мислиме дека така треба и се во право. :icon_lol::icon_lol:

пс. Не загинаа 50 милиони во минатиот век заради Икона. Загинаа заради нешто друго. Не гледај за што зборува еден народ, погледни за што гинел. :)
Инересно мислење. Го почитувам.
Зошто не го спомнав Толстој, Солженицин и др.? Едноставно прв на памет ми падна Гогољ.
Не сме се разбрале добро. Јас не го ставам Достоевски над останатите, меѓутоа сметам дека кај него се среќава најбогата палета на руски ликови. Кај Толстој во километарските книги најмногу во центарот на проблематиката се дворјаните, кај Солженицин гулагот и т.н. Но, што е со Пушкин? Пушкин (изгрејсонцето на златниот век) добро го знаел рускиот ген, добро ја знаел и секирата и иконата и се плашел од нив. Но тоа е долга и широка тема. :)
Што се однесува на западниот човек, сметам дека сакал да го открие генот на источниот човек, со цел да ги открие предностите и недостатоците. А дали се во право или не се во право е друга работа.
Како и да е убаво си подискутиравме, но темата е комплексна и не ѝ е место во овој подфорум.
Патем би сакал да прашам зошто „со исклучок на Германците“?
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Патем би сакал да прашам зошто „со исклучок на Германците“?
Затоа што се нација на филозофи растргната меѓу истокот и западот.

Западот никогаш немал за цел да го запознае источниот човек. Имал и има за цел да го убие.:)
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
535
Поени од реакции
1.105
Затоа што се нација на филозофи растргната меѓу истокот и западот.

Западот никогаш немал за цел да го запознае источниот човек. Имал и има за цел да го убие.:)
убиј го источниот човек во себе, да те види госпот!
 
P

Patience

Гостин
Шепнувачот од Донато Каризи

Започнува со пронаоѓање на пет гробови на една полјанка во коишто има пет отсечени леви раце. Тие им припаѓаат на пет исчезнати девојчиња, но телата им ги нема никаде. Пронаоѓаат уште една рака, на шесто девојче којашто е малку поинаква од другите. Крим техниката е згрозена од настанот. Горан Гавила криминолог заедно со Мила Васкез и останатите соработници се обидуваат да го најдат сторителот. Една трага води кон друга, имаат и осомничен кој се самоубива пред да им падне во раце. Откриваат педофилска интернет мрежа.

До тука стигнав.
Интересно трилерче, сета таа потрага по убиецот, изработувањето на неговиот профил, како и зошто ги одбрал токму тие девојчиња налкува на епизода од CSI, N.C.I.S. :icon_lol:
Утре ќе ја дочитам, баш ме интересира што ќе се случи на крајот.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Херои и гробови од Ернесто Сабато

По Тунел, што многу ми се допадна, решив да ја купам оваа книга, како поврзани се, барем така пишува. Релативно сум на почеток, 150-та страница од 600 и кусур, ама мислам дека книгава е на пат да ми стане омилена или барем во најтесен круг за омилена. Многу силен „материјал“ е за читање повеќе пати во текот на животот, таков впечаток ми остави за сега.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.725
Поени од реакции
13.464
„Лебарка“ од Рави Хаж (издание на Или-или)
Понесен од „Играта на ДеНиро“ го зедов и ова четиво да го ѕирнам. Како и во неговата претходна, така и во оваа Хаж опишува за подземниот живот на еден лик, пребегнат во земја која му нуди големи можности да успее, па сепак тој ги одбира најмрачните улички да достигне до оноа најмногу што го сака во моментот. Се` уште на почетокот сум, но ми се допаѓа неговиот мрачен стил.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Уличниот адвокат - Џон Гришам



Мајкл е успешен адвокат во фирмата "Дрејк и Свини", кој има една цел, да напредува и да стане партнер, а со тоа и да заработува по повеќе од милион долари годишно. Мајкл нема време за ништо, го запоставува бракот, и е окупиран со работата и неговата цел.
Во фирмата влегува бездомник и држи во заложништво 10-на адвокати, меѓу кои е и Мајкл, но полицијата успешно се справува со тоа и го убива бездомникот пред тој да убие некој од адвокатите.
Мајкл дознава дека бездомникот е незаконски избркат од живиеалиштето, а тоа го направиле адвокати што работат во истата фирма каде што работи и тој. После таа случка тој одлучива да одмори малку од работа и добива повик од негов пријател (Мордекај) кој секогаш им помага на сиромашните и скитниците, а покрај тоа и е нивни адвокат.
Мордекај на еден начин ќе му го покаже животот на бездомниците, а додека Мајкл волонтира ќе запознае една мајка со 4 малолетни деца, кои ќе бидат задужени во автомобилот во кои живеат.
После таа случка Мајкл е одлучен да стане Адвокат на бездомниците, да им помага на сите тие на кои помошта им е најпотребна. Решава да биде адвокат на бездомниците, да зема скромна плата од 20 000 долари годишно, а со тоа да ја изгуби и својата сопруга, својот луксузен стан и автомобил.
Книгава е интересна, мене малку ми е спора за читање, но има интересна содржина, и во неа може да се види дека Америка не е тоа како сите што сонуваме, дека таму нема сиромаштија, дека нема бездомници и слично.
Од мене 7/10. :)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.407
Поени од реакции
25.283
Ја читам Фукоовото Нишало од Умберто Еко.

Табернакул ми е најомилена издавачка куќа, ама не знам зошто не ставиле фусноти на книгите од Еко. Ни Името на розата ни оваа има некакво објаснување во фуснота. На пример, во Нишалото има цели пасуси на латински, имиња и места за кои мора да седам на интернет и да ги гуглам истовремено.
@Сабазиј мислам дека ти имаше пишано дека српските изданија имаат надолго нашироко фусноти? :)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Ја читам Фукоовото Нишало од Умберто Еко.

Табернакул ми е најомилена издавачка куќа, ама не знам зошто не ставиле фусноти на книгите од Еко. Ни Името на розата ни оваа има некакво објаснување во фуснота. На пример, во Нишалото има цели пасуси на латински, имиња и места за кои мора да седам на интернет и да ги гуглам истовремено.
@Сабазиј мислам дека ти имаше пишано дека српските изданија имаат надолго нашироко фусноти? :)
Да. :) И тоа посебно важи за Името на розата кое изобилуваше со нив. Солидно преведениот Баудолино го читав на наш јазик и таму немаше некакви дополнувања (можеби и грешам, ама сигурно ги немаше многу), а Прашките гробишта ги имам читано во превод издаден од некој црногорски издавач, кој исто така не се потрудил многу околу изданието. Еко вклучува многу историски ликови и места, теми од теологијата, филозофијата, литературата итн., и не се сите тие познати на најголемиот дел од читателите. Како што не се ни латинскиот јазик или кабалата.
Појаснувањата се често преку потребни.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.234
Поени од реакции
18.391
DSC_0826.JPG

Венецијанско предавство од Стив Бери е мислам третата книга од серијалот каде што главен лик е Котон Малоун. Имам прочитано две досега од Бери, а тоа се "Александриска врска" и "Париска одмазда". Одлични книги, особено првата. Карактеристика за овие книги е што имаат унифицирана форма, односно сите почнуваат со пролог кој се однесува на одреден историски настан. Конкретно во "Венецијанско предавство" авторот не носи дури 323 години пред нашата ера. Претпоставувате по што е значајна таа година.

До 80та страна сум некаде, а веќе сум импресиониран, а нормално не ни очекував ништо помалку од книгава. Секој кој има имагинација и сака да чита трилер поврзан со историски настани, вистини и претпоставки му препорачувам да прочита барем дел од творештвото на авторов. Нема да зажали сигурно.
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
118
Поени од реакции
157
Само што ја дочитав Угурсуз од Сашо Тасевски.
И лично не ме воодушеви. Не ми смета што е вулгарен и ок е сваќам на што удира, али шо знам така еве 6/10. Само иам една мана, морам и другите да му ги прочитам сега :)
Вајда ќе се подобри.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
"The Rise and Fall of the Third Reich" - William L. Shirer.

Авторот навистина мразел педери. Ама повеќе од тоа мразел наци педери.
Останатото, одлично. Лична перспектива на еден новинар-известувач кој живеел во Германија во времето на Третиот Рајх. Авторот е историски и филозофски многу наивен и непоткован, но се обидува да ја опише историјата од личен аспект, и од личниот аспект на самите актери.

Таа е таа комбинација на непоткованост, нетрпеливост, личното искуство/преживување во тој релативно затворен свет со чудни вредности. Одлично четиво кое деновиве станува се повеќе и повеќе актуелно. :)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
The cuckoo's calling

Крими трилер издаден под псевдоним од писателката на Хари Потер. Сега за сега одлична приказна во која главен лик е Короман Страјк поранешен војник сега приватен детектив. Инаку ова е прва книга, сега мислам дека излезе и втора со истиот главен лик. Се очекува дека оваа книга ќе биде екранизирана.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.390
Поени од реакции
3.413
Се случуваат убиства ( што се извршувани со отсекување на геnиталите ) кои го доведуваат психијатарот Френк Клевенџер до случајот на неговиот живот, но и во борба за живот против сирепиот убиец. Секоја нова страна на книгата води до некои нови заблуди, загатки и очекувања. На почетокот осомничени се невини луѓе, но...... до тука некаде сум ќе ја дочитам сакаам психолошки вакви потешки да ме раздрмаат :)
negiranje_mala.jpg :
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Црни овци расказине. И повеќе од задоволен, различни стилови во неколку страници. Првиот расказ од Алан По ми беше прекрасен. Потоа од Гогољ исто така. И од Чехов и од Кафка. До 100-та сум, и можам да кажам дека 90 проценти од досега прочитаните раскази ме воодушевиле на свој начин. За релаксирано тепање време и летање со мислите се скроз таман.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom