Што читате во моментов? (со краток коментар)

S

SpaceTraveler

Гостин


Приказна за принцезата Бри, ГаБРИела.
И нејзиниот телохранител и свршеник само поради одземање на вниманието на медиумите да не пишуваат за нејзиното киднапирање. Таа го губи помнењето и се буди во болнички кревет, сретнувајќи го Кралот, нејзиниот татко и принцовите, нејзините браќа. Дали нејзиниот телохранител и само службен свршеник ќе и помогне да го врати сеќавањето? :P
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.971
Дечки ај да не ве бришам, по 2-3 реда муабет за содржината и впечатоците од тоа што го читате. Наслови на книги не ни вршат работа.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
„Фајронт у Сарајево“ од д-р Неле Карајлиќ

Како фан на ликот и делото на Ненад Јанковиќ а.к.а. д-р Неле, релативно касно ја читам (прочитав) книгата. Да се разбереме, јас ја набавив веднаш чим дознав дека Неле ја објавил својата “сарајевска“ биографија. Само, некако, не сакав да си го отворам она што го отворив вчера. И денес, а и понатаму.

Нема да дозволам сега да напишам дека сум воодушевен. Јас од ликот и делото негово сум воопшто фасциниран, а книгата е само еден вид на доказ за тоа.

Ама јас додека го читам “сарајевското“ нелетување, повторно го чувствувам како на времето кога го “осознавав“ пушење. Само сега, истото е подобро, подиректно.

Неле раскажува за кафичите во “алејата“. Осеќам ко јас да сум таму.
Секоја една песна која ја опишува, сега, после неколку години ја чувствувам комплетна.

Вчера ја почнав, и скоро ја завршив. И мојот социјален и професионален живот вчера претрпе многу. За малку неискапен на работа ќе одев заради “ај уште за сабахот и шејтанот да дочитам“.

Оставив само да дочитам за “врелиот челик на 90тите“ за денес.

И не знам што ќе правам со животот после.
 
Последно уредено:
M

Moon Child

Гостин
Луѓе имам еден проблем.
Почнав да ја читам Мостот на Дрина, ама на Српски јазик, и многу, екстремно многу тешко ми оди, толку што немам воља да ја читам повеќе. Јас разбирам Српски, и зборувам течно и нормално, ама тешко ми е да читам, затоа што повеќе се задлабочувам во тоа себе да си преведам, отколку да ја разберам книгата.
Знае ли некој каде можам да ја најдам на Македонски и да продожам да си ја читам на Македонски?:confused:
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Видиковец - Мајкл Конели


Oва ми е прва книга што ја читам од Конели во која се споменува Хери Бош. Се работи за откривање на убиство, главен лик е детективот Хери Бош, кој треба да го реши овој случај. Во овој случај убиениот работи во болница во која се чува цезиум, радиоактивен материјал кои се служи за лекување на рак. Поради тоа, во оваа истрага се вклучува и ФБИ.
Книгава е доста интересна, има добар расплет на настани, и во цела книга раскажан е само 1 ден, од случувањето до разрешувањето на убиството. Од мене 7/10, криво ми е што почнувам да читам како одназад, ова е 16-та книга во која го има Хери Бош.
 
S

SpaceTraveler

Гостин


Збирка на мудрости од Принцот Сидарта и Говинда, мала приказна која не поучува на смислата на животот и духовноста, медитацијата, со доктрини од Хиндуизам и Будизам. :)[DOUBLEPOST=1445895868][/DOUBLEPOST]
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
ја препрочитувам „Англискиот атентатор“ од Даниел Силва.

дефинитивно еден од моите омилени автори е Силва. пишува за агентот на Мосад, Габриел Алон. Цел серијал на книги има со истиот лик кој работи за тајната служба на Израел и извршува разно-разни задачи ширум светот, генерално претставен како позитивен лик. Во ова дело, конкретно, говори за тајнте сметки и тајните депоа на нацистичките водачи во Швајцарија. Нивно разоткривање и со тоа разоткривање на една вистина за тоа време, така да книгата има и историска нишка - што лично ми се допаѓа, бидејќи и не е така далеку од вистината (конкретно за оваа тематика).

Ми се допаѓа стилот на пишување и заплетот кој го има... апсолутно би го препорачал пред Шелдон, Ладлам и останатите автори од истиот жанр.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Здраво дечки, утре планирам да одам до Матица да си купам неколку книги(англиските се на некој попуст, сеуште), па ако може од вас нешто сугестии и предлози :D

Трилери, крими, психолошки, шпионски новели, се од тој тип и поврзано со тоа, Роберт Ладлам, Стив Бери, Ден Браун, тој тип на автори и новели, повелете се што имате на ум, препорачајте! :)

П.С. Гледам дека темава е најчитатна и го ставив ова тука, се надевам нема многу да сметам, а ако смета, нека го тргнат модераторите во друга тема, попогодна.
 
B

beaverknight

Гостин
Здраво дечко, утре планирам да одам до Матица да си купам неколку книги(англиските се на некој попуст, сеуште), па ако може од вас нешто сугестии и предлози :D

Трилери, крими, психолошки, шпионски новели, се од тој тип и поврзано со тоа, Роберт Ладлам, Стив Бери, Ден Браун, тој тип на автори и новели, повелете се што имате на ум, препорачајте! :)

П.С. Гледам дека темава е најчитатна и го ставив ова тука, се надевам нема многу да сметам, а ако смета, нека го тргнат модераторите во друга тема, попогодна.
Јас би ти ги препорачал Angels and Demons и The Da Vinci Code од Brown.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
@TheWhiteMamba , не знам кој е издавач но:

Стив Бери - Александриската врска
Ладлам - Пеколен фактор
било што од Ден Браун, стилот е тој, те држи цело време од страна во страна...

овие би ти препорачал да ги набавиш или прочиташ во најскоро време:
Даниел Силва - Англискиот атентатор, Исповедникот, Портрет на еден шпион (штета во мкд ги има само овие 3 преведени, од цел серијал кој брои над 10 книги...)

Крег Расел - Крвав орел (издадена 2008, од Матица) - ако ја најдеш дефинитивно нема да зажалиш, невероватен крими трилер

Колин Фалконер - Мојата убава шпионка (уште една издадена во 2008 од Матица) - повторно невероватно убав трилер
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Здраво дечки, утре планирам да одам до Матица да си купам неколку книги(англиските се на некој попуст, сеуште), па ако може од вас нешто сугестии и предлози :D

Трилери, крими, психолошки, шпионски новели, се од тој тип и поврзано со тоа, Роберт Ладлам, Стив Бери, Ден Браун, тој тип на автори и новели, повелете се што имате на ум, препорачајте! :)

П.С. Гледам дека темава е најчитатна и го ставив ова тука, се надевам нема многу да сметам, а ако смета, нека го тргнат модераторите во друга тема, попогодна.
The Name of the Rose -Умберто
And Then There Were None -Агата
The Count of Monte Cristo -Дима
Dracula-Bram Stoker
Артур Конан Дојл околу мистерија ти е автор каде речиси немаш утка :) Најпознат е нели по Шерлок, но си има и други дела.
 
S

SpaceTraveler

Гостин


Прочитав 65 странички пред малку од цели 600. Скандинавски трилер со сцени од втората светска војна и борба на полицијата со неонацистичките движења во Норвешка. До душа и не знам што ќе се дешава понатаму... ова само од моја проценка. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom