- Член од
- 7 август 2010
- Мислења
- 3.518
- Поени од реакции
- 5.385
Инересно мислење. Го почитувам.Достоевски се обидел да опише дел од неа на уникатен и сликовит начин низ неговиот опширен, а сепак тесен светоглед. Душата и генот на тој народ се многу поголеми и покомплексни отколку списите. Го спомна Гогољ. Зошто не го спомнеш и Толстој со неговите километарски книги. Или пак душата according to Солнежицин. Ајде и Шолохов да го ставиме тука. Пушкин со неговите глорификации. Лермнотов со неговата досада од животот. И да кажеш дека само пишаниците на Достоевски беспрекорно го опфаќаат комплексниот, а во исто време примитивен и прост Русин, е неблагодарно и кон него и кон другите.
Достоевски е ти е како капка ЛСД. Мал, ама дава ѓаволски добар трип. Само пази да не те заебе паранојата.
Проблемот на западните читатели и критичари (со исклучок на Германците) е што сакаат да го рационализираат до степен на просташтина источниот човек (во него спаѓаме и ние, по некоја случајност). А по друга случајност, ние мислиме дека така треба и се во право.
пс. Не загинаа 50 милиони во минатиот век заради Икона. Загинаа заради нешто друго. Не гледај за што зборува еден народ, погледни за што гинел.![]()
Зошто не го спомнав Толстој, Солженицин и др.? Едноставно прв на памет ми падна Гогољ.
Не сме се разбрале добро. Јас не го ставам Достоевски над останатите, меѓутоа сметам дека кај него се среќава најбогата палета на руски ликови. Кај Толстој во километарските книги најмногу во центарот на проблематиката се дворјаните, кај Солженицин гулагот и т.н. Но, што е со Пушкин? Пушкин (изгрејсонцето на златниот век) добро го знаел рускиот ген, добро ја знаел и секирата и иконата и се плашел од нив. Но тоа е долга и широка тема.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Што се однесува на западниот човек, сметам дека сакал да го открие генот на источниот човек, со цел да ги открие предностите и недостатоците. А дали се во право или не се во право е друга работа.
Како и да е убаво си подискутиравме, но темата е комплексна и не ѝ е место во овој подфорум.
Патем би сакал да прашам зошто „со исклучок на Германците“?