Што читате во моментов? (со краток коментар)

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Камбо а? :D Тро раскршен е учебникот, али се тера некако.

п.с да не бидам оф топик, Човекови Права-Фрчко работа.
Апстракција до немајкаде демек на висок стил за да ги буни децата.

,,Со нивниот метод на нагласување на партикуларното, на фрагментацијата, на симулакрумот и на постојаните повторувања на различни ,,читања" на истите вредности и права се одречува секоја ,,метанаративна" концепција на универзалноста на правата на човекот".
Абе мене книжево ми е закон пошо има све шо може да има од филозофија на право :D Малце сум по упатен у филозофија пошо ми е хоби, па ги разбирам терминиве шо ги користи, ама можам да замислам шо им се дешава на студенти шо рационализам од емпиризам не разликуваат а овој збори за исихасти и чистиот ум на Кант :pos:
Мозок пржи книгава од информации :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.849
Абе мене книжево ми е закон пошо има све шо може да има од филозофија на право :D Малце сум по упатен у филозофија пошо ми е хоби, па ги разбирам терминиве шо ги користи, ама можам да замислам шо им се дешава на студенти шо рационализам од емпиризам не разликуваат а овој збори за исихасти и чистиот ум на Кант :pos:
Мозок пржи книгава од информации :D

Јас ја полагав лани. Чисто рекреативно со внимание ја исчитав книгата т.е двата делови бидејќи така некако беа (иако препекаа децата да ни олесни професорот со слајдови за полагање) па тек после се насочив на тоа слајдовите и зедов 10-ка жими к... со лесното.

Си почнува Камбо од почетоците па се до крајот на тие Чикашките школи и слични катари во Америка.

Се му е опфатено, скоро секој физозоф и филозофче(во најмала рака ако рекло нешто за држава, право, власт и слично). На крај кога ќе сумираш идат рој информации со муда :D Али интересно беше бе!

Пак би ја читал отколку трговско право (n)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Сега ептен ме заинтресира која е таа книга за која мислиш дека ќе предизвика лавина од реакции? :)
Па не би сакал да ја разоткријам,веројатно има и албанци на фарумов,они би ја критикувале истата и книга ,но и таа литература која ја читам за истата книга..
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
„Црвено и црно“ од Стендал
Книгата првпат ја читав кога бев средно и бев воодушевена, иако тоа не е баш книг аод која би се воодушевила средношколка. После долго време пак ја читам. Овде има нешто накратко за содржината.
http://forum.kajgana.com/threads/Кајганџиски-книжевнички-каталог.69512/

Јас само ќе кажам дека уживам во секоја реченица, во секоја наредна страница, препредобра книга. Го имав истото чувство кога го читав „Чичко Горио“ и мислам дека ќе ги баталам новите квази-автори и ќе ги препрочитам сите книги кои биле за лектира.

Еко го баталив, едноставно не ми се допаднаа „Прашките гробишта“. Стигнав до половина и жалам за изгубеното време.
 
W

Werther

Гостин
Еко го баталив, едноставно не ми се допаднаа „Прашките гробишта“. Стигнав до половина и жалам за изгубеното време.
Прочитај ја „За Книжевноста“ од Еко. Нема подобар теоретичар на литературата од него...
 
П

Пепси_

Гостин
"Ејми ја нема " Џилијан Флин
Одамна некоја книга не ми оставила толку голем впечаток. Се зборува за еден навидум совршен брак, кој наеднаш почнува да оди во надолна линија. На 5 годишнината од нивниот брак Ејми ја снемува од куќата. Сите докази водат дека нејзиниот сопруг Ник е тој што стои позади исчезнувањето на Ејми. Но следува голем пресврт на работите...

Прва книга шо сум ја баталил и не ја довршив :icon_lol:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Денес се вратив во младоста, ги читав расказите од Владимир Плавески,
и како во некои јас да раскажувам,баш беше така како што тој пишува.
За утре имам и друга негова книга.(ја немам само Играчи на фанта)
 

Lyn

Член од
29 јануари 2010
Мислења
257
Поени од реакции
619
Јас ја читав до неодамна Понижени и Навредени од Достоевски... не знам дали ја има на Македонски во електронска форма некаде Грофот од Монте Кристо да ја најдам..
Грофот не е преведена на македонски. Мислам дека ја имаше на англиски во Икона или во Англиски центар.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Грофот не е преведена на македонски. Мислам дека ја имаше на англиски во Икона или во Англиски центар.
а ја има ли вака како книга да ја купам некаде ? на македонски секако
 

Lyn

Член од
29 јануари 2010
Мислења
257
Поени од реакции
619
W

Werther

Гостин
Лешек Колаковски - Религија: Ако Бог Не Постои

Се разгледува религијата одепистемолошки аспект, поразлично од антрополозите.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
50 нијанси на сиво Е.Л.Џејмс
Јас лично сум задоволна од книгата и како мој прв прочитан еротски роман навистина ми се допадна . :oops:
Абре каков еротски роман, сите секс сцени се исти.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
„A Storm of Swords" - GRR Martin
„Лечење со Шопенхауер“ - Ирвин Јалом
 

*Slash*

Comfortably Numb
Член од
31 јули 2008
Мислења
760
Поени од реакции
1.209
Вероника реши да умре- Коелјо. Не ми се свиѓа Коелјо како писател, ама книгава ми се свиѓа единствено од него.
Коцкар-Достоевски, класика
:)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Достоевски - Понижени и навредени


Се создава грутка во грлото кога Достоевски го опишува животот на ликовите, смртта и страданијата. Дијалозите те погодуваат, си играат со твоите емоции, те прави да сочувствуваш со нив. Се сретнуваме со љубовта, страста, простувањето, убавината, моралот, несреќното детенце и тешкиот живот. Ликовите ги прикажува маестрално, како слики да ти излегуваат пред очи, се навраќаш на некои дијалози и ги поистоветуваш со некои случки од сопствениот живот. Маестрелен и детален психолошки опис на човековата личност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom