џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.403
- Поени од реакции
- 25.265
Баудолино - Умберто Еко
Преубава книга. Еко ја има таа магија да направи да се наоѓам во некој друг свет додека го читам. Накратко, се работи за витезот Баудолино, кој во Цариград во 12..(и некоја) го среќава историчарот Никита и му ја раскажува својата приказна. Баудолино го предупредува дека многу лаже и измислува, па така не се знае што е точно во оваа книга, а што не. Настаните се одвиваат за време на владеењето на царот Фридрих Барбоса кој го посвојува Баудолино поради неговата итрост и искреност. Баудолино е нешто како Итар Пејо кај нас. Му кажува на Никита дека поради вечерните фантазирања со својата дружина додека се на студии во Париз, го измислуваат кралството на Презвитер Јован според некои легенди и преданија на луѓето од Исток. И така, полека навлегуваат во приказната мечтаејќи и за Светиот Грал кој се смета дека е во посед на Презвитер Јован и сега главната цел на Баудолино е да го спои тоа кралство со кралството на татко му посвоител Фридрих. Така смета дека ќе му донесе огромна слава на царот. Приказната која потоа ја раскажува Баудолино е полна со нелогичности, барајќи го кралството на Презвитер Јован среќаваат луѓе на кои тестисите им се до земја, племиња кои наместо да зборуваат лаат, народи кои шетаат голи и јадат само овошје. Сето тоа е спакувано со раскажувачкиот талент на Еко кој те тера да ги голташ страните една по една без застанување.
Еднаш Баудолино додека му раскажува на Никита му вели „нема ништо поубаво од измислувањето нови светови, за да заборавиме во колку тежок свет живееме. И не сфатив дека, додека измислував нови светови, го сменував светот во кој живеев",
Одлична книга. Гледам колку поспоро да ја читам за да го продолжам уживањето.