Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.018
- Поени од реакции
- 24.578
Џејмс Џојс-Даблинци
Ако нешто ме нервира најмногу кај издание на книга тоа е кратењето на истата. Оригиналот има 15 раскази кои претпоставувам за автророт претставувале можеби лабава ама сепак целина. Во македонското издание преведени се само 7, изоставени се 8 а изданието е 89-та барем во тој период не биле својствени вакви сакатења за разлика од денес. Иначе Џојс мислел дека ако може да го ''фати'' Даблин во опис дека ќе може било кое друго место на светот со леснотија. Од разни агли и перспективи е нацртан градот. Почетниот расказ го објаснува малограѓанството меѓу обичната маса, и описот на односот на Розенкројцеровиот отец Флин. Приказната со двајцата измамнци веќе навлегува во топографијата на Даблин каде што Џојс ни дава еден Гугл мап птичја перспектива и ги анализира двајцата токмаци каде што едниот го гледа другиот како свој идол. Исто така во расказот се потврдува муабетот дека најубавите круши свињите ги јадат. Џојс после тоа се префрла на богаташите и на тоа како се живее во Даблин кога си под гас и со многу пари. Разгалени синови и друштво кое гледа да ти ги лапне парите. Џојс не открива дали јунакот од причата младиот и наивен богат син е свесен за позадината на нештата или е само дел од играта. Но можеби намерно тоа го изоставува претпоставувајќи дека знаел малиот или не тоа нема да смени многу, затоа што задоволството е многу, многу големо за да биде поматено од нешто што се вика логика и разум. Пендинг...