Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
"Ловец" од Џенита Лоу. Прекрасен роман за сите љубители на трилер романите. Дејството се случува во Македонија, каде што се испраќаат сандаци со оружје маскирани како хуманитарна помош, со кое се опремуваат регионалните бунтовници и терористи. Но во пратките се наоѓа и бомба, за која не се знае каде е упатена. Во сето ова е замешан големиот криминален бос, Драган Дилавер. Хок Макмилан, американски оперативец, ќе биде испратен во Македонија за да ја разбие оваа криминална мрежа. Негов соработник станува Амбер, која веќе 4 години живее во Македонија, и е искусен агент на ЦИА. Меѓу нив се раѓа романса, но колку таа ќе преживее во ова криминално дувло останува да дознаете.
Ептен ми се допадна книгата, примамлива е и се чита во еден здив.
Мал офтопик
Кај бе нашле да се фатат у Македонија. Сигурно онака иде фраеров и ја пита цурава:
- У кој кафич излеваш?
А оваа
- у 69ка
(мала шега не ми замерувај)
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
Во моментов, бидејќи ми е слободен период, а одамна немам читано книга, земав две. Едната се вика Верниот Шпион од Алекс Беренсон. Приказната започнува во Авганистан, каде еден Американец, кој станал муслиман се приклучува на Талибанците и Ал каеда. Подоцна се дознава дека тој е агент на ЦИА, но не комуницирал со нив повеќе од 10 години. Се враќа во Америка, по наредба на Ал Каеда, каде спремаат некој напад тие и приказната се уште тече. Ќе видиме што ќе биде.

Другата е полесна литература, чисто онака. Од Даниела Стил, Крила, во која се работи за едно девојче кое сака да биде пилот, но нејзиниот татко се противи на тоа. Инаку приказната се случува помеѓу двете светски војни. Татко и држи аеродром, на кој работи и негов другар од војната. Во истовреме, синот е принуден да научи да лета, иако неговата желба е архитектурата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Невеста во Борџии од Џин Калоридис.
Случувањата на дворот на шпанското семејство Борџии во Рим, овојпат раскажана одблизу. Ја раскажува дона Санча, ќерка на кралот Алфонсо II Неаполски, која по след на околности му станува сопруга на најмладиот син на Родриго Борџија (познат како Папа Александар VI).
Низ периодот минат во озлогласеното семејство ги следиме најниските човечки нагони кои не подлежат на ниеден морален духовен ил световен кодекс. Прељуба, инцест, оргии, ликвидации, кантарела...се дел од секојдневието на Борџии (Папата, Чезаре, Лукреција и Хуан). Добро утро принцу, сакате кантарела, дагер или јаженце.
Дали принцезата Санча ќе се извлече од маѓепесаниот круг, дали ќе успее притоа да ги сочува и своите најблиски од сплетките и гневот на Борџии, ...ви оставам да откриете.
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Новиот завет. Сосема случајно ја најдов книгата денеска во подрум. Штета ја немам комплетно целата Библија па да се задлабочам во нејзиното истражување. Мислам дека ми би било паметно прво да го прочитам Новиот завет, па дури потоа да ги читам „Господ не е голем“ на Кристофер Хиченс и „Илузијата за Бог“ од Ричард Докинс. Составен е од 4 евангелија (Матеј, Марко, Лука, и Јован), Делата на апостолите, Послание, како и „Откровението“ (Апокалипсата) на Јован, во кои централна фигура е Исус Христос. Изобилува со прекрасни мисли, метафори, етички учења и е важен историски извор за раната историја на Римската Империја. Особено ме фасцинира Исусовата Беседа на гората. Не сум религиозен, но лично мислам е дека секој човек без разлика дали е атеист или верник задолжитело треба да го прочита ова историско четиво, со огромно значење за развитокот на средновековната христијанска ,а воопшто и целата модерна западна мисла и човештво.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
‘‘ Играта на Ангелот ‘‘ - К.Р. Зафон. Продолжение од ‘‘Сенка на Ветрот‘‘ . Стилот е оној неговиот мистичен и те остава без здив. Би требало да биде квалитетна исто како и својата претходничка.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
603
Поени од реакции
1.807
Парфем -Патрик Зискинд
Необична приказна за Гренуј роден без никаков мирис но надарен со премногу развиено сетило за мирисање. Се обидува да создаде совршен парфем со кој ќе стане целосно човечен.
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 23:25 ---
‘‘ Играта на Ангелот ‘‘ - К.Р. Зафон. Продолжение од ‘‘Сенка на Ветрот‘‘ . Стилот е оној неговиот мистичен и те остава без здив. Би требало да биде квалитетна исто како и својата претходничка.
Од истиов автор ти ја препорачувам Трилогијата на маглата- Принцот на маглата,Полноќната палата и Септемвриски светлини.Се работи за приказни кои се
независни а обединети во оваа трилогија.
Принцот на маглата беше многу најдобра според мене. :)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.198
Од истиов автор ти ја препорачувам Трилогијата на маглата- Принцот на маглата,Полноќната палата и Септемвриски светлини.Се работи за приказни кои се
независни а обединети во оваа трилогија.
Принцот на маглата беше многу најдобра според мене. :)
Да те надополнам со Марина.
Зедов да ја читам во 4 поручек, завршив со читање вечерта во 8 и ко завршив се осеќав ко Марина да ми раскинала мене, а во тие 4 сати бевме пар. :(
 
Член од
15 март 2010
Мислења
603
Поени од реакции
1.807
Да те надополнам со Марина.
Зедов да ја читам во 4 поручек, завршив со читање вечерта во 8 и ко завршив се осеќав ко Марина да ми раскинала мене, а во тие 4 сати бевме пар. :(
Не ја имам читано ама гледам има добри критики па следна за читање таа ќе ми е. Фала :)
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Парфем -Патрик Зискинд
Необична приказна за Гренуј роден без никаков мирис но надарен со премногу развиено сетило за мирисање. Се обидува да создаде совршен парфем со кој ќе стане целосно човечен.
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 23:25 ---


Од истиов автор ти ја препорачувам Трилогијата на маглата- Принцот на маглата,Полноќната палата и Септемвриски светлини.Се работи за приказни кои се
независни а обединети во оваа трилогија.
Принцот на маглата беше многу најдобра според мене. :)
Читано ми е се. Уште Полноќната палата и Марина ми фалат, а ми се во план да ги прочитам следни. Предобри книги. :)
 

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Mechanicum - Graham McNeil (War comes to Mars)


Mechanicus е голема трагедина напишана на 400тини страници. Можеби во оваа книга повеќе од било која друга во серијалот Horus Heresy (со исклучок на Fulgrim) можеме да бидеме сведоци на целосен пад од врв до дно. Во овој случај донесено со коруптирачката мамка на моќта и знаењето што отвара Пандорина кутија на целосна инфилтрација од Хаосот. Почетната третина од книгата отсликува фантастични слики на Марс и на градбите на Mechanicus. Од неверојатни гледки на фабрики со големина на континенти до подеднакво неверојатни адепти кои се повеќе машина од месо. Добиваме поглед на разните Легии на Марс, нивното ривалство ( нешто за кое што не бев свесен) и плановите ставени во ефект од различните факции да работат како одвоени кралства , седејќи на две столици помеѓу Fabrocator-General(Господарот на Марс) и Omnissiah-та(Богот на Машините) отсликан во Императорот.
 
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
Загубениот симбол - Ден Браун


Она што е изгубено ќе се открие...
Вашингтон: Симбологот од Харвард, Роберт Лангдон, е повикан во последен миг за да одржи вечерно предавање во Капитол. Како и да е, по само неколку мигови од неговото пристигнување, во самиот центар од Ротундата се појавува еден вознемирувачки предмет –морничаво украсен со пет симболи. Тој веднаш сфаќа дека станува збор за античка покана, којашто го повикува нејзиниот примач кон еден одамна изгубен свет на скриена езотерична мудрост.​
Кога Лангдон открива дека неговиот почитуван ментор, Питер Соломон – филантроп и истакнат масон – е брутално киднапиран.
Лангдон сфаќа дека единствената надеж за да го спаси животот на неговиот пријател е да ја прифати оваа мистериозна покана и да ја следи без оглед на тоа каде таа ќе го одведе. Лангдон многу брзо се наоѓа себеси затворен зад ѕидините од најмоќниот град во Америка во непознатите соби, храмови и тунели кои постојат таму. Сето она што претходно му било познато се трансформира во нејасен, прикриен свет на умешно сокриено минато во кој се чини декамасонските тајни и претходно непознатите откритија го водат до една невозможна и незамислива вистина.
Како совршено изработена таписерија од прикриени истории, мистериозни знаци и загадочни кодови, Загубениот симбол претставува интелигентен, молскавичен трилер кој нуди изненадувања на секој агол. Бидејќи, како што ќе открие Роберт Лангдон, не постои ништо почудно или пошокантно од тајната којашто се крие пред очи...
Возбудливо и генијално, најдоброто четиво од маестралниот Ден Браун кое ќе го зароби вашето внимание до последната страница... Мистерија која остава без здив и го забрзува чукањето на срцето...
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Бесови (Демони, Опседнати) - Достоевски

Делата на Достоевски нема смисол да се раскажуваат на оној школски начин, токму поради комплексноста на ликовите и воопшто неможноста за лесно предвидување на текот на идните настани. Овој руски гениј, меѓу најелитните познавачи на човечката природа, низ светската литература, во ова дело на прв поглед има вметнато и премногу ликови (Николај Ставрогин, Петар Верховенски, Шатов и неговата сестра Дарја, Кирилов, Варвара - мајката на Ставрогин, Степан Верховенски, таткото на Петар, Лебјаткини - братот и сестрата, Липутин...), ама секој е остров за себе и тоа воопшто не го оптеретува читателот, туку баш напротив, овде се потврдува принципот колку повеќе - толку повесело :) , се врши и приказ на различни идеологии... При крај сум со првата книга (издание од 1969 год. на српско-хрватски јазик), прерано би било да извлекувам било какви заклучоци, очекувам маестрален расплет, а ликовите уште ми се под обсервација :)...
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Секој ден си ги читам страните што ги имам напишано од мојата книга која започнав да ја пишувам пред 28 години со наслов "Како да задржиш зрав разум ако околу тебе се 99% кретени со помал IQ од твојата веце шкољка"
Интересно книгче, си ја врши работата...издавањето ќе се случи постхумано за жал.
Така да ќе треба да причекате...
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
The Gun Seller
Ја купив зашто Hugh Laurie е автор :))) Ги прочитав првите неколку страници сега за сега. Интересен почеток има, ама мислам дека нема да се разочарам :)
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
Во моментов земав две книги да читам, едната е „Заговорот Моцарт“ од Скот Маријани. Сега за сега, првите 100 страници е многу интересно, со повеќе пресврти. Започнува со убиство, за кое сите мислат дека е несреќа, но сестрата на убиениот и негов пријател се наоѓаат по една година од неговото убиство, т.е. таа го повикува него, бидејќи и стигнуваат закани и доживеала обид за киднапирање. Тогаш, го отвораат документот испратен по пошта од нејзиниот брат на денот на неговата смрт. Во документите се наоѓа и видео, на кое се гледа сурово убиство...

Воедно, земав да ја читам и „Од прва рака“ - Исповед на 59-тиот вработен во Гугл. Има доста интересни работи за тоа како функционирал Гугл во почетокот, како се донесуваат одлуките, воопшто го согледуваш системот на функциорање на една корпорација во нејзините почетоци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom