Што читате во моментов? (со краток коментар)

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.018
Поени од реакции
24.583
Џејмс Џојс-Даблинци

Ако нешто ме нервира најмногу кај издание на книга тоа е кратењето на истата. Оригиналот има 15 раскази кои претпоставувам за автророт претставувале можеби лабава ама сепак целина. Во македонското издание преведени се само 7, изоставени се 8 а изданието е 89-та барем во тој период не биле својствени вакви сакатења за разлика од денес. Иначе Џојс мислел дека ако може да го ''фати'' Даблин во опис дека ќе може било кое друго место на светот со леснотија. Од разни агли и перспективи е нацртан градот. Почетниот расказ го објаснува малограѓанството меѓу обичната маса, и описот на односот на Розенкројцеровиот отец Флин. Приказната со двајцата измамнци веќе навлегува во топографијата на Даблин каде што Џојс ни дава еден Гугл мап птичја перспектива и ги анализира двајцата токмаци каде што едниот го гледа другиот како свој идол. Исто така во расказот се потврдува муабетот дека најубавите круши свињите ги јадат. Џојс после тоа се префрла на богаташите и на тоа како се живее во Даблин кога си под гас и со многу пари. Разгалени синови и друштво кое гледа да ти ги лапне парите. Џојс не открива дали јунакот од причата младиот и наивен богат син е свесен за позадината на нештата или е само дел од играта. Но можеби намерно тоа го изоставува претпоставувајќи дека знаел малиот или не тоа нема да смени многу, затоа што задоволството е многу, многу големо за да биде поматено од нешто што се вика логика и разум. Пендинг...
 
Член од
15 март 2010
Мислења
603
Поени од реакции
1.807
Марина-Зафон
Книга која се чита во еден здив. Не ви дозволува да ја оставите додека не ги откриете сите мистерии и загатки.......
Едно големо браво за Зафон не само за ова тука и за сите негови останати дела.
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
После долга потрага, си најдов книга од Стив Бери во градска библиотека, па така сега по колоквиумскава недела ја читам „Наследството на темпларот“. Во нејзе повторно се појавува јунакот на Бери од книгата Венецијанско предавство, Котон Малон, кој заедно со неговата поранешна шефица, која дошла во Данска да купи одредена книга на аукција, запаѓаат во неволји, односно се цел на напади од непозната група. Сепак, пријателот на Котон, богат Данец, кој воедно ја купил книгата, која ја бара Стефани, претпоставува дека се работи за темпларите. Дејствието продолжува во Франција, т.е. јужна Франција, во мало гратче, во кое мислат дека се крие богатството на Темпларите.

Толку сега за сега, но многу интересна книга, како и останатите од Бери.
 

toiise

Паско Кузман
Член од
17 декември 2007
Мислења
661
Поени од реакции
94
Џемс Џојс- Уликс (Одисеј)
Едно од најдобрите дела на минатиот век, книга која е исполнета со пародија, игра на зборови и алузија. Сепак преводот е од 1977 и е доста лош.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.018
Поени од реакции
24.583
Џемс Џојс- Уликс (Одисеј)
Едно од најдобрите дела на минатиот век, книга која е исполнета со пародија, игра на зборови и алузија. Сепак преводот е од 1977 и е доста лош.
Тоа е единствениот превод на Македонски јазик, 2 тома со зелени корици. Ако си заинтересиран за продавање пиши ми приватна порака би ти ја купил.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.928
Поени од реакции
12.507
Човекот и неговите симболи - Јунг
Некако ми изгледа како доста површно напишана. Ја обработува симболиката во соништата, начинот на кој несвесното комуницира со свеста и создава баланс бла бла не ме бидува за раскажување, иначе вреди да се пролиста :)
И некој сељак ја скинал страна 64 а таму има битен момент шо треба сега да го барам на интернет.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Ѕвездена прашина-Нил Гаиман
Книгата според која е снимен филмот Stardust. Го немам гледано па решив да ја прочитам книгата.
Фантастична книга во која има многу митски суштества, самовили итн.Тристан, главниот лик во книгата за да го освои срцето на најубавата девојка во селото Ѕид, преминува преку ѕидот кој го дели светот на магијата од вистинскиот свет за да и ја донесе паднатата ѕвезда која и ја вети.
Заплетот ветува, а и обожавател на sci-fi и фантазија така да на драго срце ќе ја прочитам.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Човекот и неговите симболи - Јунг
Некако ми изгледа како доста површно напишана. Ја обработува симболиката во соништата, начинот на кој несвесното комуницира со свеста и создава баланс бла бла не ме бидува за раскажување, иначе вреди да се пролиста :)
И некој сељак ја скинал страна 64 а таму има битен момент шо треба сега да го барам на интернет.
Каде ја најде???
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.928
Поени од реакции
12.507
Каде ја најде???
Во градска библиотека Борка Талески - Прилеп. Еве ти ја на банепревоздотком да си ја симниш без кинети страни и без нешто ново најново празни неиспечатени страни зумпрес сакс есс :)
П.С. Си го повлекувам зборот дека е површна, јас сум површниот изгледа...
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.880
Поени од реакции
6.937
Последната кинеска царица-Анчи Мин :)
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Во градска библиотека Борка Талески - Прилеп. Еве ти ја на банепревоздотком да си ја симниш без кинети страни и без нешто ново најново празни неиспечатени страни зумпрес сакс есс :)
П.С. Си го повлекувам зборот дека е површна, јас сум површниот изгледа...
Во библиотеките во Скопје ја има во стручна литература и не даваат да се изнесе од библиотеката, затоа се зачудив од кај ја имаш.
Во Табернакул ми кажаа дека изданието е распродадено и ако некој се нафати ПАК да го преведува би се издала повторно. Али не знаев дека ја има на страната, Фала
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
„Светот на Софија“- Јустејн Гордер
Алберто ја запознава малата Софија со основните философски правци и мудреци, а на тој начин го подучува и читателот кој е тешок лаик по философија, но се интеренсира за неа во кратки, концизни и едноставни црти.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
„Неподнослива леснотија на постоењето’ од Милан Кундера.
Кундера пишува за човечките односи кои и покрај сиот труд да ги ставиме во калап, остануваат несфатливи и нелогични.

Колку животот го одредуваат нашите родители, нашето потекло, колку нашите партнери, колку случајностите и судбината, имаме ли избор, го правиме ли свесно или несвесно,за литературата, за уметноста, за музиката, политиката... без да нуди дидактички одговори...

Кога го читам Кундера се чувствувам како дете на цреша: не се сумнувам додека не ме заболи стомакот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom