Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
The Stand - роман на Стивен Кинг. Ова е некаква проширена верзија на претходно објавена книга и има три дела. Есхатолошка тема, повеќе ликови и приказни кои се испреплетуваат. Не сум стигнал до крајот, само до средината и засега е добро, лесно е за читање и интересно е.
Инаку со Кинг неретко не знам на што сум. Некаде е многу добар, дури феноменален, некаде просечен, а понекогаш е губење време. Веројатно премногу објавува :)
Има и серија според книгава, а јас не сум ја гледал. Ќе си ја симнам и неа.
 

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
Desert Flower - Waris Dirie

Nevoobicaenoto zivotno patuvanje na avtorkata po pustinite na Somalija, Anglija, manekenstvo, kako i borbata protiv FGM vo Afrika.

Lesno i ubavo za citanje.
- Има и филм :)
Само што ја прочитав Љубовта ме води од Федерика Боско. Интересна книга, позитивна. После оваа прочитана книга, решив да сманам некои работи во врска со мене и делува, се чуствувам поубаво.
Сега ја читам Зашто мушкарци воле кучке - Шери Аргов, книга со многу одговори поврзани за односите помеѓу маж и жена и одговор на прашањето, зошто мажите ги привлекуваат жените со став :)
 
С

Сатори

Гостин
Денес завршив со „Подрумите на Ватикан“ од Андре Жид и ја препорачувам за сите кои што го сакаат стилот на Бегбеде или Кундера.
Книгата е напишана со една блага иронична и саркастична нишка, внимателно се изградени карактерите на ликовите за да може подоцна само да се уништат нивните темелни вредности од низа чудни настани. Има неколку приказни кои што на крајот се поврзуваат совршено.
Начинот на пишување е малку комплициран, ама не е тешко да се следи приказната.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
17
Поени од реакции
57
Само што ја завршив “Што би правел јас без тебе“ од Гиом Мисо, слични како и останатите, многу лесен стил ја прочитав во еден здив, преводот морам да признаам дека е лош, има неколку грешки кои во последно време ме иритираат оти среќавам во многу книги. Инаку ја опишува љубовта меѓу Мартен и Габриел навидум не возможна ама сепак возможна љубов, со преплет на судба во кој се појавува татко и како крадец на уметнички дела, а Мартен го гони.. така да оставам на вас понатаму, а ја почнав “7000 дана на Сибиру“ од Карло Стајнер..епетен сум на почеток ви доловувам понатаму за содржината.
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
„Аферата Ван Гог“ од Џефри Арчер и ја зедов оваа „Од прва рака“ исповед на 59тиот вработен во гугл.
Оваа првата ме остави без здив иако на моменти пцував кога имаше ситуации што воопшто не ми се допаѓаа, а втората е во тек веќе и има интересна содржина иако е досадна на некои моменти. :)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Ја завршив „Отменост јежа“ од
Мјуриел Барбери.

„Се викам Рене, имам 54 години, работам како домарка во буржујската зграда во улицата Гренел бр. 7. Вдовица сум, ниска, грда, дебелка, имам жуљеви на стопалата, и ако е за верување, има такви непријатни утра кога здивот ми е како на мамут. Ама пред се, толку добро се вклопувам во вообичаената претстава за домарките, што никому не му паѓа на ум дека сум најначитана од сите оние надмени богаташи.

Се викам Палома, имам 12 години, живеам во отмен стан
во улицата Гренел 7. Но одамна знам дека моето крајно одредиште е аквариумот за рипки, изпразноста и глупавоста на возрасните. Како го знам тоа? Имено, јас сум многу паметна. Исклучително паметна. Затоа донесов одлука: на крајот на оваа школска година, на мојот тринаесетти роднеден, ќе се убијам.“

Има и филм, ама ако ја читате книгата, првин гледајте го филмот, па после читајте је книгата. Ако го направите обратното, ќе барате пропусти како мене, и филмот ќе ви се види како бледа сенка на книгата.


И мора да почнам д аучам француски :pipi:
 
R

redhead

Гостин
zed_za_zivot.jpg
"Жед за живот" од Ервинг Стоун. Книга за животот на Ван Гог, почнувајќи како дилер на уметнички дела во Лондон, па се до неговата смрт. Многу интересна книга. Ја препорачувам.
 

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
ПЕПЕРУТКА - Сашо Тасевски
Неговите дела никогаш не биле поддржани од Министерството за култура.
Книга за животниот пат на една проститутка од Скопје. Жива вистина.
Што да се каже друго.... треба да се прочита.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
„Стакленото ѕвоно“ од Силвија Плат

Книга со автобиографски елементи напишана непосредно пред самоубиството на големата поетеса Силвија Плат. На почетокот се раскажува за престојот на Естер (која е главниот лик) во Њујорк испреплетено со флешови за блиското минато како животот на колеџ, првата поозбилна љубов Бади и разочарувањето од таа љубов. Благата депресијата и рамнодушноста подоцна прерасуваат во нешто посериозно, а тоа е обидот за самоубиство.

На задната страна од корицата на книгата има еден убав цитат: „Животот е трка на двесте метри со пречки. Пречките треба да се прескокнат.“
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Биографијата на Стив Џобс...уште не давам никаков заклучок,пошто до сега е лошо,според мои критериуми,али имам уште многу страници...до сега би рекол само,чуден-луд-паметен.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
„Сеќавање на моите тажни курви“ од МАркес.

„Љубовта е секогаш најважна тема во делата на Маркес., но во оваа книга, тој ја слави љубовта на најдуховит начин досега. Главниот јунак е деведесетгодишниот новинар кој за својот 90-ти роденден ќе си подари страсна ноќ мала девица. Но во јавната куќа, каде што секогаш плаќал за услугите, тој за првпат во животот ќе се вљуби...“

Стигната сум до 43 страна и уште не е вљубен, ама книгата воопшто не ми се допаѓа. Овојпат ќе го дочитам. Не за друго- имав напорен ден, заспав у 18ч и се разбудив во 21 и сега сум со очи широко отворени!!
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Само што заврши пред некој д'н с'с Педесет нијанси на сиво од Е.Л.Џејмс.Књигу гу тражи ненормално много време и нигде гу немаше ни на саем,такој да ми остана електронско издање на англиски.Прогласена за најдобар еротски бестселер за 2011,кој чита такви допаднала би му се верују.Авторка објавувала поглавје по поглавје на свој сајт и достигнала ненормалну популарност.
Имено,девојка случајно треба да интервјуира младога бизнисмена,богат,преубав,згодан,интелигентан.Ама не било увек такој..Она нема самопоуздање,мисли си дека не е ништо посебно ама успева да га шармира и он да обрне небо и земју за њума.Девица на 22 године,а он сексуалан манијак кој потпишуе договор сс девојке с'с кои спие за да им прави што стигне.Како она суптилно ке га привлече да ву стави прстен на руку ке виду у втор дел.Књига не е ништо посебно,ама успеа да ме наежи 9483943 пута и не гу остави док не гу прочита.Нема некоја посебна игра на зборови ама невероватно занимљива,барем за мене
Does this mean you’re going to make love to me tonight, Christian?” Holy shit. Did I just say that? His mouth drops open slightly, but he recovers quickly. “No, Anastasia it doesn’t. Firstly, I don’t make love. I fuck… hard. Secondly, there’s a lot more paperwork to do, and thirdly, you don’t yet know what you’re in for. You could still run for the hills. Come, I want to show you my playroom.”
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Степски волк - Херман Хесе. Вистински brain-teaser што би рекле американците :)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
сеа читам од Џерџ Лукач,, Историја на германскиот ирационализам од Шелинг до Хитлер,, а исто за промена читам современа турска поезија во избор и превод на Фахри Каја, е тоа е поезија а оваа нашиве за ништо не ги бива, со исклучок на мене се разбира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom