Хари Потер

Дискусија во форумот 'Уметност, литература, јазик' започната од Unicor777, 12 март 2007.

  1. Expecto Patronum

    Expecto Patronum Citizen Erased

    Член од:
    13 јули 2011
    Мислења:
    1.290
    Допаѓања:
    3.251
    И шо мислите за HP & the Cursed Child?
     
  2. Mojso

    Mojso uneducated knob

    Член од:
    14 септември 2009
    Мислења:
    3.464
    Допаѓања:
    9.515
    Ни одблиску добар како претходните. Избрзан, површен. Али се на се, добар treat.
     
    На AniMagus му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Факе

    Факе Highbury–the Home of Football

    Член од:
    6 март 2010
    Мислења:
    8.113
    Допаѓања:
    7.095
    Некој што ги има книгите нека ми пише пп (ако е од Струмица,обавезно пп :D )
     
  4. Expecto Patronum

    Expecto Patronum Citizen Erased

    Член од:
    13 јули 2011
    Мислења:
    1.290
    Допаѓања:
    3.251
    Јас сум повозбуден за Fantastic Beasts. Уште ко го спомнаа Гриндевалд во трејлерот џизнав малце :D
     
  5. Dumbledore

    Dumbledore Професор

    Член од:
    24 октомври 2013
    Мислења:
    4.876
    Допаѓања:
    4.485
    Каков филм! Мора да се гледа. :vozbud:

    Убаво составена приказна и одлично сценарио. Мене искрено позитивно ме изненади. (y)



    пи.ес. Нема полза да го раскажувам, ако почнам ќе ви го “скршам филмот“.
     
  6. Факе

    Факе Highbury–the Home of Football

    Член од:
    6 март 2010
    Мислења:
    8.113
    Допаѓања:
    7.095
    15879149_10202584803458232_396515518_n.jpg :)
     
    На Ska Maniac, Dumbledore, Goodfella и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. Ska Maniac

    Ska Maniac Бараба

    Член од:
    2 октомври 2013
    Мислења:
    3.233
    Допаѓања:
    3.076
  8. Факе

    Факе Highbury–the Home of Football

    Член од:
    6 март 2010
    Мислења:
    8.113
    Допаѓања:
    7.095
    Директно од Црна Гора.
     
    На Ska Maniac му/ѝ се допаѓа ова.
  9. [In]kognito

    [In]kognito

    Член од:
    25 јули 2012
    Мислења:
    509
    Допаѓања:
    1.091
    Дечки, знае некој дали и каде може да се најдат книгите? Дали ги има сеуште..зборам за преведени, англиските ги најдов.
     
  10. Dumbledore

    Dumbledore Професор

    Член од:
    24 октомври 2013
    Мислења:
    4.876
    Допаѓања:
    4.485
    4-тата книга некој ја продава на старо. Види на темата каде што се продаваат или пак се бараат да се купат одредени книги. Цената мислам беше нешто помеѓу 350-450 ден. Последните 2 барај ги во Мамут. Уште е енигма каде е нивното ново седиште (затоа што она во Центар го затворија), и ако не се лажам, книгите јас на ново ги купив 590 или 690 ден. Во другите книжарници нема да ги најдеш под 1000 ден.
    4-тата и 5-тата книга ги имаше кај бабите на кеј. Беа по 300-350 ден. Првиот дел го имаш кај дечкото исто на кеј, околу 300 ден. мислам беше цената. И 2,3 и 4-от дел ги имаш на штандовите пред ГТЦ, ама на српски, цената беше мислам 350-400 ден. Овие податоци се стари неколку години, па постои можност и цените да се променети и книгите да се продадени, но и постои можност да има и нови книги. :)

    пи.ес. Мислам дека нема потреба да повторувам одново и одново дека преводот на првите 5 не вреди ни денар. :)
     
    На [In]kognito му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SaltNPepa

    SaltNPepa Other's envy, owner's pride!!!

    Член од:
    14 септември 2012
    Мислења:
    1.597
    Допаѓања:
    2.111
    Ја имам целата колекција. и плус ја прочитав драмата. Треба да видам кој датум е ако финансиите ми дозволуваат би отишла и да ја гледам :) Израснав со книгава, и Роулинг мислам дека растеше како автор, како што растеше и Хари Потер. Нешто што можам да го препрочитувам без проблем. Сеа и братучетка ми ја навлеков( има 7 години) ама она си чита англиски и како што слушам не ја остава.
     
    На K.Warrior и Srcee им се допаѓа ова.
  12. RebelMk

    RebelMk ₪ ₪ ₪

    Член од:
    18 октомври 2010
    Мислења:
    1.217
    Допаѓања:
    559
    Ќе има ли продолжение на ХП ?
    Некаде гледав како веќе се прави продолжението и во главни улоги се децата на Хари, Хермиона, Рон итн :)
     
  13. Dumbledore

    Dumbledore Професор

    Член од:
    24 октомври 2013
    Мислења:
    4.876
    Допаѓања:
    4.485
    Евентуално Фантастик Бистс уште тие 2 дела. Првиот дел е одличен, приказната е онака, да речеме добра и се надевам дека продолжението ќе биде поврзано барем со дел од старите добро познати карактери (освен со Гриндевалд, за кој знаеме дека е фатен, но не знаеме дали ова се случува пред или по легендарната битка). Јас се надевам дека е пред затоа што сакам да го гледам Деп во уште 2 продолженија, со Дамблдор млад и нормално таа битка која ги променила настаните. Па јас би сакал да се приклучи и приказната на Том.

    Сметам дека приказната треба да биде чекор меѓу она што не ни беше познато и она што ни е, само со неколку допонителни факти, и нормално прикажано на кино платната. :)
     
  14. DStojmanovski

    DStojmanovski

    Член од:
    недела
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    А, до колку работи кејот до Вардар? Сакам да ја купам Хари Потер и Каменот на Мудроста. Се продава ли уште?
     
  15. Dumbledore

    Dumbledore Професор

    Член од:
    24 октомври 2013
    Мислења:
    4.876
    Допаѓања:
    4.485
    Работат се’ додека се гледа. А и веројатно ја има. Цената беше 300-350 ден. И повторно, ова се податоци собрани пред повеќе од 2-3 год., што значи дека цената може да е веќе сменета.

    Моја препорака. Земи си ја на англиски. Сега имаш и специјално издание по повод 20 годишнината од објавувањето на првата книга. Македонскиот превод е една голема катастрофа. :)

    пи.ес. Првата книга ја имам пдф на македонски, ако сакаш можам да ти ја пратам. :)
    пи.ес.ес. Полесно е да ми пратиш приватна порака отколку да ми го прелистуваш профилот. Барем вака 100% ќе добиеш некаква повратна порака. ;)
    -----

    Ја прочитав и последната книга. Треба да добие неколку кредити од моја страна затоа што пред се’ тоа е драмско дело и притоа прави осврт на настаните по тие 19 години. Хари Потер е серијал на детали (како на пример дел од 3-тата книга каде Тривалди дава пророштво околу тоа дека е несреќа 13 лица да седат на иста маса, (а веќе Питер беше глушец и беше на масата) и рече дека оној кој прв од нив ќе стане, тој ќе умре. Тоа беше Дамблдор кој ја покани да седне...нешто што досега не е напишано на темава), а во оваа книга тие детали се заменети со општите факти каде писателката се задржала само на најбитните работи. Поради тоа и на крајот на книгата остануваат одредени прашалници (како на пример “Кое е проколнатото дете?“) и останува благата разочараност затоа што ова се смета како официјално продолжение! Но има е добри елементи.

    При алтернативните реалности, добиваме повеќе информации за главните и споредните ликови. Тоа е голем плус во книгава. Лесно е да се прешкртаат одредени карактерни особини на еден карактер (лик), но книгата, без тие, би добила сосема нов правец. Тука тие максимално се задржани.

    Така ако некој сака да ја прочита, нема да зажали.
     
    На Факе му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: