Хари Потер

Дискусија во форумот 'Уметност, литература, јазик' започната од Unicor777, 12 март 2007.

  1. Death Eater

    Death Eater

    Член од:
    30 август 2017
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    9
    Хермиона ЖЕЛБОГОРСКА
    Рон и Џини СНАЈДОСКИ
    Фред и Џорџ СНАЈДОСКИ
    Бил, Чарли и Перси СНАЈДОСКИ
    Артур и Моли СНАЈДОСКИ
    Дадли СИТНИКОСКИ
    Вернон и Петуниа СИТНИКОСКИ
    Минерва ОКАЛКОСКА
    Сибил ГАТАЛКОВА
    Северус ЗАЈАДЛИВСКИ
    Филиус ВЕЈНИВЕТРЕСКИ
    Драко ЛОШОТКОСКИ
    Питер МАЛЕНКОВ
    Ремус ВОЛКОВ
    Шејмус ЖАБЕСКИ
    Невил Загубенкоски
    шушумиги
    Годрик ОРЛОЛАВ
    Хелга УФИПУФ
    Ровена ГАВРАНОКТ
    Салазар ЗМИЈОЛИК

    На што личи овој превод? Затоа е подобро да ги читаме првите 5 дела на српски или англиски. КРШ!!!
     
  2. Идиот на Социјализмот

    Идиот на Социјализмот fekalija

    Член од:
    28 декември 2011
    Мислења:
    4.179
    Допаѓања:
    5.842
    А да не заборавиме дека во иста книга Weasleys на едно место беа Снајдоски а на друго Ласичкоски. :pos:
     
    На Krstev му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dumbledore

    Dumbledore Професор

    Член од:
    24 октомври 2013
    Мислења:
    5.006
    Допаѓања:
    4.626
    Јас сум во Рајвенкло(в) (или Гавранокт, како сакаш). ;)
     
  4. Death Eater

    Death Eater

    Член од:
    30 август 2017
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    9
    хаха ДА! Weasel од англиски на македонски значи ласица, па затоа Ласичкоски. А ласиците се снаодливи, па на крај се Снајдоски :icon_lol:
    --- Споено дупло мислење, 3 септември 2017 ---
    Јас сум во Хафлпаф (или Уфипуф, како сакаш). ;)
     
  5. Death Eater

    Death Eater

    Член од:
    30 август 2017
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    9
    Ја продавам книгава (Хари Потер и Полукрвниот Принц на српски). ЦЕНА: 500 денари. Не е ич оштетена, ни отворена (купена пред 2 дена). Ве молам купете ја, ми требаат пари за да си ја купам на МКД :(:icon_lol:. Не е ни изгребана! ЦЕНА: 500 МКД[​IMG]
     
  6. Ska Maniac

    Ska Maniac Бараба

    Член од:
    2 октомври 2013
    Мислења:
    3.328
    Допаѓања:
    3.168
    Што се раскажува во книгата од Хермиона (The tales of beedle the bard) ?
     
  7. Dumbledore

    Dumbledore Професор

    Член од:
    24 октомври 2013
    Мислења:
    5.006
    Допаѓања:
    4.626
    Тоа ти се волшебнички народни приказни (некои викаат и бајки). Книгата е составена од 5 приказни со дополнителни коментари на Дамблдор. Едната од нив- Приказната за тројцата браќа, е веќе презентирана и во самиот филм и во самата книга, и на крајот испаѓа дека таа е вистинска. :)

    Мала, интересна и брзо ќе ја прочиташ. :)

    Некои викаат дека ја имало на македонски во Икона, но јас ја немам сретнато. :)
     
    На Ska Maniac му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Death Eater

    Death Eater

    Член од:
    30 август 2017
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    9
    Луѓе ве замолувам кој живее во Скопје или сака да го посети овие денови да провери во Култура дали уште ги има последните 2 дела на македонски и на плоштадот од 2 до 5 дел на српски. Проверете и пишете!
     
  9. Dumbledore

    Dumbledore Професор

    Член од:
    24 октомври 2013
    Мислења:
    5.006
    Допаѓања:
    4.626
    На плоштад 100% ги има. Ги имаше и пред 3-4 год. што значи дека нема голем интерес. А во Култура да не имаше само по 1 издание што вака прашуваш?
    Башка нели го најде 6-от дел на македонски на старо за 300 ден., зошто ќе го купуваш на ново!?

    Не знам какви ти се плановите, но мислам дека си малку конфузен. :)
     
    На Ska Maniac му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Death Eater

    Death Eater

    Член од:
    30 август 2017
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    9
    Не сум конфузен! Сакам да ги купам на македонски последните два дела на ново. Иначе 6-тиот го купив на српски и сакам да го продадам. А 1, 2, 3, 4, 5 дела сакам да ги купам на српски (затоа што е лош преводот на македонски).
     
  11. Dumbledore

    Dumbledore Професор

    Член од:
    24 октомври 2013
    Мислења:
    5.006
    Допаѓања:
    4.626
    Ќе те ограбат на ново, под 990 нема да ги најдеш. Башка веќе го имаш 6-от на српски, чим сакаш да ги купиш првите 5 на српски, не знам зошто не го задржиш или пак да пробаш да го вратиш со фискална и така може да ти ги рефондираат 100% парите.

    Инаку ти си знаеш, јас кога би ги купувал пред се’ би сакал да ги имам на македонски, иако преводот е чиста катастрофа. Дури и едно време сакав и да ги преведам со подобар превод, но немав никаква помош при делбата на книгите. Сега веќе немам воопшто време за такви деликатни зафати. :)
     
  12. Death Eater

    Death Eater

    Член од:
    30 август 2017
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    9
    Морам да го продадам, затоа што го купив пред 10 дена. Сега која продавница ќе сака да ја врати книгата? На македонски ги има само првите два дела и последните два дела. Ако ги купам првите два дела, нема од каде да ги купам и 3, 4, 5 дела на македонски. Затоа е подобро првите пет на српски и последните два на македонски. Знам дека последните два на македонски се 990, ама што да се прави!
     
  13. Dumbledore

    Dumbledore Професор

    Член од:
    24 октомври 2013
    Мислења:
    5.006
    Допаѓања:
    4.626
    Поентата ми е зошто да даваш дополнителни 500-600 ден. (а тоа е повеќе од една книга) кога на македонски можеш да го купиш на старо (ако е во добра состојба секако). Или направи колекција на српски затоа што веќе имаш 1 книга, а и веќе планираш да ги купиш и првите 5 на српски.

    Мој проблем навистина не е и не би сакал да ти се мешам дополнително, но ја имаш за 300 ден. на старо, а на ново ти е повеќе од 3 пати поскапа истата! Рачунај и дека можеш, а воедно и не можеш да ја продадеш онаа која ја поседуваш што значи отворена можност да имаш и дупликат. :)
     
  14. Петра П.

    Петра П. насмевка

    Член од:
    16 јануари 2008
    Мислења:
    1.448
    Допаѓања:
    817
    дечки на која издавачка куќа се преводите на Хари Потер на македонски? И од каде можат да се купат на англиски? :) Тенкју
     
  15. Dumbledore

    Dumbledore Професор

    Член од:
    24 октомври 2013
    Мислења:
    5.006
    Допаѓања:
    4.626
    На англиски во Икона. А на македонски 1-5 ги “преведе“ Култура, а последните 2 Младинска книга. :)
     
    На Ska Maniac и Петра П. им се допаѓа ова.

Сподели преку: