Завршив со серијалот. Филмовите ми беа изгледани и порано. Фино разработена приказна, солидно напишана. Со оглед на тоа, па и на тоа што е наменета за одредена целна група или групи, нималку не зачудува планетарната популарност на книгите. Авторката се има доста посветено на делово, вложила доволно талент, некој од издавачите се смилувал и ете нова франшиза и бизнис вреден милијарди.
Не би било лошо да се реши и на некакво продолжение, иако изгледа дека тоа тешко ќе се случи.
Сличностите и споредбите на Волдеморт со Саурон од LOTR можеби и не се бројни, но не лошо да се спомнат. И двајцата се осудени на некаков полуживот. И двајцата зависат (некој повеќе, некој помалку) од предмети со извесна моќ. И двајцата, донекаде, се инспирирани од Адолф, вториот поради желбата за доминација, а вториот и поради тоа, но и поради идејата за зачувувањете на (ариевската) чистота на крвта и покрај сопствената мешана генеалогија. И двајцата се средени, со помош од страна, се разбира, од противници кои не им се баш рамни во моќта.
Ниту Хари и Фродо не се исклучок. Не ужуваат во наменетите улоги. И двајцата за свој ментор, главен сојузник и помагач имаат стар искусен волшебник кој се жртвува (иако Гандалф се враќа). И двајцата имаат верна дружина со која поминуваат разни премрежја.
Јасно, ова и не е така и толку нагласено за да се изведе негативен заклучок за делото на Ролинг. Други правеле многу поочигледни, погруби позајмувања без нималку талент. Истото важи и за волшебничкиот академски свет, за извесни, крајно необични книги итн.
Крупни забелешки како читател немам. Има некои, не толку битни пропусти Ова се книги најмногу наменети за читатели од 12-13 години до 20+ години. Многумина најверојатно пораснале со Потер, бидејќи и книгите еволуираат во содржината. Сериозноста на книгите варира и евидентна е разликата меѓу првиот и последниот дел. Е сега, сето она со волшебните стапчиња може да биде, и е извор на бекрајни зафрканции. Верувам дека Ролинг се тркалала од смеење кога пишувала некои реченици.