Филмски предизвик 3.0 (2019)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.072
Поени од реакции
14.472
Решив месецов да не му ја мислам многу: ко што не ја мислев ни темата, да не мислам ни на изборот на филмови. Затоа играв со еци-пеци-пец по Нетфликсот, и ми се падна ова:

Глеам реклама на Фејсбук, за серија на Нетфликс:
"Aliens have invaded, and the fate of the planet rests in the hands of four teenagers...." и натаму не читав, а уште коа ја видов сликата на која имаше три деца едното црнец, другото белец и третото женски азијат, одма го пријавив адот како навредлив.
Станува збор за филмот:

ЈУНИ #1 - Rim of the World

Полош филм немам гледано во последниве 5 години! Од старт, до крај вришти од глупоштини. Станува збор за филм со вселенска инвазија во која 90% од светската популација умира, но затоа Америка ќе ја спасат 4 деца: богато црнче, белец - бубалица, девојче азијат и Мексиканец лопов. Мислам, од старт кринџа со политички коректности и стереотипизирање, почнувајќи од ликовите, па се до крај со приказната. Ми делуваше ко оние вицовите: влегле Македонец, Американец, Русин, поп, плавуша, полицаец, Мујо и Хасо во бар... Навидум смешно, а уствари страшно. Нејсе - почнува заплетот - прилично убрзан, и репликите се ко да ги пишувал син ми (дете од 5 години). Мислам: децава не знаат дали им се живи родителите во свет во кој сѐ е уништено, ама затоа зборуваат дека немале секс, учат да возат точак, се пресоблекуваат во адидас тренерки и разговараат ко да се на голем одмор, а не на крајот на светот каков што го знаат. Нормално, едното од нив (очајно глумат, btw, сите до еден - камен да ставеле подобро ќе одглумел), бубалицата, кој знае сѐ за НАСА, борбените авиони на Америка и биологијата на сите вонземски раси, се плаши од височина, но затоа тој ќе биде херојот кој се пријавува да се качи на највисоката точка за да уклучи една антена! Фејспалм до фејспалм е филмов! И најјако од се: вонземјанинот без проблем успеа да уништи цел свет, ама затоа децава си го дупеа како што ќе стигнат. И во еден момент кога успеа да ги фати, наместо да ги убие, реши да му пушти јазик на црнчето и тоа му го пикна в уста до грло! И притоа, нормалноо, црнчето не му текна дека во таков случај прв одбранбен рефлекс на човечкото тело би било да му го одгризе јазикот. Ама не, тој само си стоеше, веројатно уживајќи во францускиот бакнеж. Подоцна се испостави дека тоа не било јазикот на вонземјанинот, туку курот, пошто куровите на вонземјаните им биле в уста, ама сепак до крај на филмот вонземјанчиња не се размножија во телото на црнчето, иако очекувавме, со што уствари не сфатив зошто сцената со вонземскиот кур беше воопшто потребна. И така, филмот си тераше по свое, си истера, нормнално децава ѕвезди на крај, а-у, јас си го испочукав челото, и на крај не успеав да најдам ни еден НЗС. Земи гледај го, па дефинирај го, ако можеш! КАТАКЛИЗМАТИЧНО!

1/10

И тоа му е многу!
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
26.774
Поени од реакции
31.561
Викам ја навредливо беше.
Навредливо за здравиот разум.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.871
Поени од реакции
5.359
Да не ме забораивте бе луѓе?
Се надевам не, смх :'(

Во секој случај, не сме прва година тука, знаеме сите што ѓубре сум и дека ме снемува ко фантом овој период од годината, може не толку екстремно, ама што е тука е, ќе гледам поактивно да учествувам во сите теми, со Гранде синхроно почнавме да снемуваме време за рецензии пишување, а сите знаеме колку сакам синхронизација јас. Во секој случај ќе гледам да надокнадам со рецензии за филмовите што ги имам гледано а немам ништо пишано, само да знаете колку ми е смачено после милион семинарски и проекти периодов, но во ред. Злате ако имаш некоја листа на филмови што поминале у темава годинава да видам кои рецензии ги имам пропуштено, да не барам мануелно страна по страна би била многу благодарна.

Што се однесува на темава, супер е, од оваа сигурно ќе изгледам 3/3 со оглед на тоа што нема да губам време на симнување. Не сум ѕирнала уште што ќе гледам, ама знам дека Murder Mistery ќе биде прв. Ќе направам сега некоја листа на се што ми е гледано од Нетфликс па тоа што е болдирано сметајте го за препорака ако на некој нешто му значи.

ARQ
The Discovery
Okja

TAU
The Ballad of Buster Scruggs
Roma
Bird Box
Velvet Buzzsaw
The Ridiculous 6
The Do-Over

Епа дечки, се читаме со Murder Mistery, и рецензиите што ги должам

Бацки, и фала ви за истрајноста <3
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.072
Поени од реакции
14.472
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.309
Поени од реакции
1.306
Злате за бирање ни извади список од сто филма во форма на слика, на кој не може ни да се клика ни да се селектира. Па почнав од филмот што му ја вратил идејата за темава, под претпоставка дека тоа е заради што е добар филмот. Изгледа тоа ќе да беше.

6.1 Durante la tormenta (2018)

Морам да признаам дека шпанциве имаат многу добра продукција на мистериозно-фантастични филмови во последниве години. И овој влегува во таа група. За време на олујата преку еден телевизор ќе се отвори временски комуникационен канал, при што главниот лик ќе влијае на настаните од минатото. Со тоа ќе ја смени сопствената сегашност, но таа ќе остане со нејзините сеќавања. И ја имаме онаа ситуација на обичен човек во необична ситуација. И повторно морам да признаам дека добро реагираше, сосема плаузибилно. Иако можеше малку порано да не речам веднаш да отиде дома. Малку предвидлив текот на настаните, малку ликовите знаеја и некои работи што ги знаевме само ние како гледачи, но ситници беа кои само водеа до среќниот завршеток на филмот.
 
Па ви реков - вие кажете, јас ќе ви дадам предлози.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.871
Поени од реакции
5.359
Мене многу ми се свиѓаше Мираж, штета што не се покрена некоја поголема дискусија кога тагнував луѓе да го гледаат. Не знам како Мунгусот го пропуштил до сега, среќа што го спомна Злате во темава.
Инаку Злате филмов, како и Анихилатион и уште неколку ги нема кај оригинални филмови на Нетфликс, туку како These feature presentations have been acquired by Netflix for release as Netflix original films in certain territories. Ова влегува малку во сива територија, ама има и таму по некој добар филм да се изгледа, јас ги тргнав тие од листата горе што ја пишував, мислев дека не влегуваат во описот на темава.

А Мираж иако предвидлив, мене топ ми беше :love:
 
ОК де, ај ќе редефинираме - сите Netflix originals што ги има на нашиот Нетфликс. ;)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.309
Поени од реакции
1.306
Па ви реков - вие кажете, јас ќе ви дадам предлози.
Ако ти се предлозите ко изборот за првиот филм, не фала :LOL:
Мене многу ми се свиѓаше Мираж, штета што не се покрена некоја поголема дискусија кога тагнував луѓе да го гледаат. Не знам како Мунгусот го пропуштил до сега, среќа што го спомна Злате во темава.
Па од 2018-та е филмот, не стигнал уште на ред. Злате преку ред го пикна :)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.309
Поени од реакции
1.306
6.2 Окја (2017)

По филмов се крена голема прашина кога излезе, веднаш го ставив на листа за гледање, ама никако не се решив да го пуштам. Сега знам и зошто.
Две работи беа добри во филмов: камерата, благодарение на маестро Конџи, и ефектите односно изведбата на супер прасето и неговата интеракција со околината. Се друго беше лошо, многу лошо. Од тоа што не беше одредено за која публика е всушност филмов, преку лошо сценарио до ужасните ликови кои ни одличните глумци што ги играа не можеа да ги извадат. А музиката во сцената во трговскиот како да беше извадена од некоја српска селска слава.
Добро почна, ветуваше, но потоа замина во непознат правец.

По гледањето констатирав дека ова е всушност четврти филм од режисеров што го гледам и дека и другите го имаат истиот проблем со одржување на приказната. Имам впечаток дека низ филмот го менува жанрот, но без намера да го стори тоа и делува како ладен туш. Гледлив беше филмот, но едвај го догледав.
Па јас тој филм со еци-пеци-пец го најдов. :D Ете, гледај го Annihilation ако не си го.
Веќе имам други два на лагер, ама ќе го земам предвид и овој.
 
Ако нешто ти значи, мене не ми беше Анихилатион нешто особено. Ако ги тргнеме ефектите на страна, приказната е класичен сцифи блокбастер со веќе шаблонска приказна и крај типичен за овој тип на филмови, коишто последниве години почнаа доста да се снимаат.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.309
Поени од реакции
1.306
6.3 I Am Mother (2019)

По некаква си катаклизма во која е истребено човештвото, во еден бункер се зачувани илјадници човечки ембриони со цел за продолжување на видот, а сето тоа под надзор на еден робот. Роботот кој ја игра улогата на мајка започнува со развојот на еден од тие ембриони и дејствието ефективно започнува кога девојчето е веќе возрасно. Растена и образувана во бункерот без сознанија за надворешниот свет, заплетот всушност почнува кога на вратата ќе се појави една ранета жена, која на девојчето ќе му прикаже сосема поинаква верзија на работите. Тука почнува да работи црвот на сомнежот и дилемата кому да се верува, дали на роботот кој ја има одгледано или на припадникот на својата врста.

Иако има дилеми за размислување, баш и не ги наметнува. Од друга страна има многу ситуации што не држат вода. Гледлив е филмот, не е досаден, но нема моменти на неизвесност и е предвидлив.
 
На врв Bottom