Решив месецов да не му ја мислам многу: ко што не ја мислев ни темата, да не мислам ни на изборот на филмови. Затоа играв со еци-пеци-пец по Нетфликсот, и ми се падна ова:
Глеам реклама на Фејсбук, за серија на Нетфликс:
"Aliens have invaded, and the fate of the planet rests in the hands of four teenagers...." и натаму не читав, а уште коа ја видов сликата на која имаше три деца едното црнец, другото белец и третото женски азијат, одма го пријавив адот како навредлив.
Станува збор за филмот:
ЈУНИ #1 -
Rim of the World
Полош филм немам гледано во последниве 5 години! Од старт, до крај вришти од глупоштини. Станува збор за филм со вселенска инвазија во која 90% од светската популација умира, но затоа Америка ќе ја спасат 4 деца: богато црнче, белец - бубалица, девојче азијат и Мексиканец лопов. Мислам, од старт кринџа со политички коректности и стереотипизирање, почнувајќи од ликовите, па се до крај со приказната. Ми делуваше ко оние вицовите: влегле Македонец, Американец, Русин, поп, плавуша, полицаец, Мујо и Хасо во бар... Навидум смешно, а уствари страшно. Нејсе - почнува заплетот - прилично убрзан, и репликите се ко да ги пишувал син ми (дете од 5 години). Мислам: децава не знаат дали им се живи родителите во свет во кој сѐ е уништено, ама затоа зборуваат дека немале секс, учат да возат точак, се пресоблекуваат во адидас тренерки и разговараат ко да се на голем одмор, а не на крајот на светот каков што го знаат. Нормално, едното од нив (очајно глумат, btw, сите до еден - камен да ставеле подобро ќе одглумел), бубалицата, кој знае сѐ за НАСА, борбените авиони на Америка и биологијата на сите вонземски раси, се плаши од височина, но затоа тој ќе биде херојот кој се пријавува да се качи на највисоката точка за да уклучи една антена! Фејспалм до фејспалм е филмов! И најјако од се: вонземјанинот без проблем успеа да уништи цел свет, ама затоа децава си го дупеа како што ќе стигнат. И во еден момент кога успеа да ги фати, наместо да ги убие, реши да му пушти јазик на црнчето и тоа му го пикна в уста до грло! И притоа, нормалноо, црнчето не му текна дека во таков случај прв одбранбен рефлекс на човечкото тело би било да му го одгризе јазикот. Ама не, тој само си стоеше, веројатно уживајќи во францускиот бакнеж. Подоцна се испостави дека тоа не било јазикот на вонземјанинот, туку курот, пошто куровите на вонземјаните им биле в уста, ама сепак до крај на филмот вонземјанчиња не се размножија во телото на црнчето, иако очекувавме, со што уствари не сфатив зошто сцената со вонземскиот кур беше воопшто потребна. И така, филмот си тераше по свое, си истера, нормнално децава ѕвезди на крај, а-у, јас си го испочукав челото, и на крај не успеав да најдам ни еден НЗС. Земи гледај го, па дефинирај го, ако можеш! КАТАКЛИЗМАТИЧНО!
1/10
И тоа му е многу!