Филмски предизвик 3.0 (2019)

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.873
Поени од реакции
5.372
@Corvus, после Одри и Грејс, дали за следното коло да се спремаме за Рита Хејворт или Џејн Расел? :)
Убаво ти текна на Гилда, ќе ја земам во предвид со другите што ги имам во конкуренција :X3:


Dial M for Murder

Сакам да кажам УАУ КАКОВ ФИЛМ ТОТАЛНО НЕ ОЧЕКУВАВ ВОЛКУ ДА МЕ ВООДУШЕВИ!! Ама, сепак Хичкок е во прашање и апсолутно знаев дека нема да гледам некаков просек и филм што ќе го заборавам до задутре. Грејс прекрасна како по обичај, каква што ја гледаме секаде, но сепак улогата во Rear Window ми останува нејзина омилена улога. Жими се на оваа жена и ги даваат најубавите фустани од цел Холивуд, кога и да ми излезе во кадар не можам да тргнам очи од неа. Настрана од тоа, филмов котира високо во Хичковските филмови кај мене, ми се допадна целокупно, приказната, начинот на кој се одвиваше дејството, последната сцена во станот може е една од најдобрите сцени на Хичкок што ги имам гледано, најмногу впечаток ми остави и ептен беше wholesome и совршено обработена. Целокупно одличен филм 8/10.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
422
Поени од реакции
1.336
Swan

Мене ме бендиса. Многу фил гуд ми беше со лесно ама погодено хуморче.. при крај го смени тонот накај посериозно па заврши фил бед али одговараше за филмов. Грејс Кели и Алек Гинис супер беа ко главни ликои, исто и споредните беа смешки.. 7,5/10

The Country Girl

Олстар дуо трио со Кели, Холден и Крозби.
Ликов на Холден бара вистински човек за главната улога во мјузикл и го предлага Крозби кој е екс алкохоличар и екс ѕвезда, а негова жена е Грејс која делува како да го контролира Крозби..
Испадна и овој убаво мало психолошко драмиче, со љубовен триаголник. Грејс Кели не беше само за естетика туку баш глумеше.. 7,5/10


High Noon

Филмиште и на реприза. Се случува in real time и ме вшмука од самиот почеток. Закон ликови, а Гери Купер растураше, секоја емоција беше пренесена суптилно ама лесно разбирливо и вистински навивав маршалот Кејн. Исто и музичката тема која идеше низ цел филм ептен ми беше погодена, добро снимен добро сценарио, севкупно одличен.. 9/10

Криво ми е општо што неам време ама и ентузијазам за пишувањево рецензии, филмовите ги гледам на време ама пишувам набрзина пред истек на рок.. не иде..

Новата тема наскоро
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.073
Поени од реакции
14.476

Јас го гледав само Dial M for Murder, sorry @Corvus , ама имав навистина тежок месец на работа, па немав многу време за филмови. Ама ветувам дека ќе надоместам, ако можам. Dial М ми беше супер филмче - plot twist за plot twist-от од plot twist-от на plot twist-от... Ама нема шанси да погодиш кој игра правилна игра, а кој глуми. И како и во сите неколку филма на Хичкок кои сум ги гледал, и тука го имаше тој некој негов оригинален печат кој не може да се спореди со ништо друго. А за принцезава, ова мене ми е втор нејзин филм, и супер си е, се, повторно, само јас не сум нешто воодушевен од било што поврзано со нејзе што би направило разлика. Убава е, да, ама не е единствена убава, па да паднам на газ од нејзината убавина. И од талентот, глумата, гласот или што знам што друго. А за филмот, една голема 9/10!
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
422
Поени од реакции
1.336
Во мај ќе патуваме, сонуваме со Аурора.

Филмчиња каде главниот лик/ликови патуваат дали со кола дали пешки не е важно, важно кај сите филмови и кај тие шо сум пишал драма има доста фил-гуд елементи.

Првиот е задолжителен за тие што не го глеале, другите по слободен избор.


Sullivan’s Travels (комедија, драма)
The Trip to Bountiful (драма)
The Trip (комедија)
Romancing the Stone (комедија, авантура)
The World’s Fastest Indian (драма)
About Schmidt (комедија, драма)
Sightseers (црна комедија)
The Darjeeling Limited (Вес Андерсон)
Under the Tuscan Sun (не ми е глеан)
The Motorcycle Diaries (не ми е глеан)
The Way (не ми е гледан)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.073
Поени од реакции
14.476
АПРИЛ 2 - High Noon

Сакам кога со 1 удар тепам 2 муви, затоа се израдував на предлогов (сакам да ги изгледам сите филмови кои некогаш биле номинирани за најдобар филм, а ова е исто, еден од тие). Инаку, ова е филм кој одамна сум сакал да го гледам, но не сум го, само заради вестерн сетингот, инаку дури сега сфатив дека е далеку од вестерн. Повеќе би рекол дека е драма или трилер, отколку вестерн. Плус, си трае таман, околу саат и пол, и се си е прекрасно во него. Ми се допадна многу. Ми се допадна како ликот на Грејс Кели од спореден лик, стана одлучувачки за разврската. А особено ми се допадна како беа напишани ликовите - почнувајќи од тој на Грант, па се до секој еден жител на гратчето, со целото тоа лицемерие заради страв, лицемерие заради лична корист и лицемерие заради лицемерие. Единствено не ми се допадна таа курвата, или што и да беше, што ги „примаше“ еден по еден, во која освен парите, не сфатив што друго видоа (освен ако во тоа време страбизмот им изгледал егзотично). Исто и крајот, многу ефективен - излегуваат сите, кој попрв да појде до шерифот, а кога нему му требаа, никаде ги немаше. И тогаш тој ја фрла во правта значката, веројатно заминувајќи со единствената личност која не замина тогаш кога имаше потреба од помош. Единствено не сфатив што пишуваше во тоа писмото, и тоа ми е веројатно единствена замерка тука. Прекрасен филм! 9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.073
Поени од реакции
14.476
АПРИЛ 3 - To Catch a Thief

Дали јас не бев in a mood, или имаше нешто друго, вон мене, ама филмов ми беше екстремно лош. Дури се покајав 100 пати зошто го избрав баш него, а не тој со селанката или како и да се викаше за кој Грејс зела Оскар. А го избрав само дека филм на Хичкок, да бидам искрен. И испадна дека е првиот негов кој ме разочара. А зошто, најискрено - не знам. Додека не се појави Грејс Кели, филмот ми беше левел - вртење околу стол. После стана така поинтересен, ми се допадна нејзиниот лик, го раздвижи малце мртвилото, ама крајот пак го затупеа. Значи филмов како филм може и не е така лош, ама ако го споредуваш со останатите филмови на Хичкок (и затоа имав поголеми очекувања) е светлосни години полош. Толку, немам што да додадам. 6/10 само од мене.

Грејс Кели ја поминавме, 3/3, одиме сега на патување. Од понудените, само Diarios de motocicleta ми е гледан - тоа е одличен филм, го препорачувам на тие кои не го гледале до сега. Поради тој филм го засакав Гаел Гарсија Бернал. Од останатите, освен тој задолжителниот, симнав уште 3 други, па ќе видиме што ќе биде видено, а што не. Инаку, на темата, мој прв предлог би бил Nebraska, ама тој веројатно на сите ни е гледан.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.309
Поени од реакции
1.306
:facepalm: Веќе ги превртев очите неколку пати. :(
Прекрасен филм! 9/10
Ти у ствари сакаш вестерн, само уште да си признаеш :)

5.1 Саливановите патувања (1941)

Одамна ми е на листа на чекање за гледање и конечно дочека. Брилијантен почеток набиен со дијалог помеѓу продуцентите и режисерот Саливан, кој по нивното убедување дека филмот што го завршил не е добар, се одлучува да тргне на едно патување како скитник за да се запознае со нивниот начин на живот и верно да го претстави ви филмот. Но не оди баш се по планот и почнуваат разни перипетии. Добар хумор, одлично сценарио и сосема добро се држи и во денешно време. Мал жанровски пресврт кон крајот на филмот со кој всушност започнува вистинското патување на Саливан.
Се на се, убаво филмче. Исто и Вероника Лејк.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.309
Поени од реакции
1.306
5.2 Најбрзиот индијанец на светот (2005)

Уште еден од долгата листа на чекање. Овојпат биографска драма за средовечен човек чија животна желба е да го извози својот високо модифициран мотор со неговата максимална брзина. Тоа може да го направи единствено во солената пустина во Јута. И затоа по долги подготовки поаѓа на својот аџилак од домот во Нов Зеланд. Го следиме во неговото патување и во сите згоди и незгоди што го следат и секако учеството во трката. Плени со својот дух и добрина и ги освојува како ликовите кои ги среќава така и гледачите.

Одлично спакуван филм во секој поглед. Препорака за гледање.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.309
Поени од реакции
1.306
5.3 The Trip to Bountiful (1985)

Приказна за една постара жена која животот ја оттргнува од нејзиното родно место на фарма и ја затвора во стан кој е принудена да го дели со својот син и неговата сопруга, која баш и нема некое разбирање за неа и нејзините потреби. Нејзината последна желба е да се врати во родното место и таму да го дочека крајот од животот. На тоа се противи нејзиниот син, заради тоа што таа е веќе со нарушено здравје а местото е одамна напуштено. Затоа одлучува кришум да тргне на тоа патување.
Една убава приказна, преполна со квалитетен дијалог. Стилски и наративно многу потсетува на филмовите што се емитуваат на „Холмарк“ каналот. Очигледна е театарската структура на приказната, не бега многу од стилот на снимен театар. Одлична актерска изведба на Пејџ, вреди да се гледа филмот само заради неа. Инаку може да пројде и како радио драма.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.073
Поени од реакции
14.476
MAJ 1 - The Way

За El Camino de Santiago прв пат дознав пред повеќе од 20 години. Може е смешно, ама како тинејџер, таму некаде во средината на деведесетите како читател се оформував читајќи го и Пауло Коелјо. Еден од неговите први романи: O Diário de Um Mago или по нашки Дневникот на еден волшебник го опишуваше токму неговото патување до Сантијаго де Компостела, и уште од тогаш ми делуваше мистично, нестварно и посакувано. До денес имам слушнато стотици приказни, прочитано многу тектови за истиот пат, и иако сите кажуваат дека има нешто магично и дека за време на тој аџилак навистина се случуваат работи кои понекогаш е тешко да ги објасниш со зборови, магични нешта, и дека само тој што го поминал, знае, сепак, не верувам на приказните додека не стапнам таму. И да, заедно со желбата да ја видам Аурора Бореалис над Исланд и пирамидите во Гиза, третата најголема работа која сакам да ја направам пред да умрам е да го поминам Camino de Santiago. За филмов, не знам што да кажам. Убаво возење, убаво патување. Уште еднаш го препрочитав Коелјо, и ги слушнав сите тие стотици приказни. Убав приказ за еден татко кој на патот на себеспознавањето отиде за да го заврши тоа што неговиот син не успеа, и навистина помина многу. Ми се допаднаа сите 4 лика, со сите нивни бубачки, тегоби и посакувања. Ама некако најмногу жал ми беше за Холанѓанецот. Гревче. Некако како од патот само тој да не го доби тоа што го посакуваше. Или можеби само се залажуваше дека тоа е тоа што го посакува. Прекрасни пејсажи, прекрасна сценографија, и најубава од се музика. Аланис :love:. 7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.073
Поени од реакции
14.476
MAJ 2 - Trip to Bountiful

Секој од нас има по еден Баунтифул. Не мора да е тоа место, може да е личност, или сеќавање, или едноставно само едно парче од времето на кое сакаме да се навраќаме. Мојот Баунтифул е место. Слично вакво. И слично вака, умира! Ги нема веќе некои од луѓето со кои пораснавме, некои од тие со кои си игравме, ги нема веќе местата на кои трчавме, ливадите и нивите се обраснати со трње, ги нема ни козјите патеки по кои чекоревме, дел од куќите во кои тогаш гореа камините... ме нема мене... И се е некако смалено. И се смалува се повеќе и повеќе. Тоа е проклетството на Баунтифулите! Се смалуваат. Ама јас, на мојот Баунтифул не пропуштам да му се вратам, бар еднаш годишно. Ми се плаче кога ќе појдам таму, исто онака како што г-ѓа Кери Вотс плачеше во Баунтифул, но истовремено и срцето ми е полно, зашто го дишам истиот воздух, чекорам по истите стапки и ги гледам истите зелени глетки... малку смалени... И би сакал се да се врати. Да бидам уште еднаш така безгрижен како тогаш, да трчам по истите полиња и ливади, да се искачувам на истите планини, да ја газам истата река, и да ја слушам кај што жубори, да ги гледам повторно лисјата како паѓаат во есен додека со ранецот на рамо одам насмеан од уво до уво кон училиштето кое беше сосема поразлично од секоја идеја за училиште која денес постои, и со неизмерна радост во срцето да ја очекувам првата снегулка, на пролет да бликам од среќа на зуењето на првите пчелки и летот на пеперугите, исто онака како што жуборејќи бликаа од среќа изворите, а во летните вечери да трчаме по удолниците накај Мурговци фаќајќи светулки и лепејќи ги на челата, додека го слушам гласот на мојата најмила Мајче како ме повикува да го земам парчето топол леб со ајвар, зашто цел ден ништо не сум јадел. И да сме заедно, пак, петмината. :( Но сето тоа го нема. И нема никогаш да се врати. А мене не ми преостанува ништо освен да се преколнувам себеси што не останав во мојот Баунтифул, исто како што се преколнуваше г-ѓа Кери Вотс. Можеби тогаш се ќе беше поинаку. И да се сеќавам. Зашто сеќавањата болат, но истовремено и топлат. Ех, какво детство имавме!

Џералдин Пејџ :cuc:

8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.073
Поени од реакции
14.476
Јас се извинувам на сите што ме чекавте. Тие што ме знаат, знаат дека беше оправдано. За тие што не ме знаат, да не се објаснуваме, имам мало олеснување (важи за сите) за овој месец.

Вака сега. Темата за ЈУНИ 2019 одамна ми беше позната:

Netflix Originals

Зошто? Затоа што сакав да се релаксираме со нешто поново и нешто по-не-така-„захтевно“. И затоа што Нетфликс во последно време многу се дискутираше, во поглед на тоа дали нивните филмови може да се сметаат за играни филмови и како такви да се квалификуваат за Оскар (Roma) или за ТВ филмови, и како такви да се тркаат за ЕМИ. Дилемата е уште присутна, но тоа не го менува фактот дека направија мал бум во продукцијата последниве 3 години, и се појавија наслови на филмови кои навистина значеа нешто (ете, пак, Roma, рецимо).

Но проблемот беше - како да ги изберам филмовите?

Прво направив по една листа за секој посебно со филмови кои мене ми оставиле добар впечаток, а вие не сте ги гледале.

Ги избришав.

Па направив друга листа, за сите заедно, со филмови што јас сум ги гледал, па и некои што не сум, а и вие не сте ги.

Ја избришав.

Се откажав од оваа тема, почнав да барам филмови за друга.

Поминаа месеци. Се појави Durante la tormenta. Ми се врати пак идејата за темава. Пак почнав да барам филмови.

Направив листа. Еве ја:

Screenshot_10.jpg
Screenshot_11.jpg

Но пак не знаев како да ги изберам 10-те филма.

Затоа најдов една друга листа на која беа рангирани сите Netflix Original филмови, и почнувајќи од првото кон последното место ги извадив оние филмови кои никој од нас ги нема гледано (освен Private Life, јас го имам гледано), а имаат минимум 7,0 оценка на IMDB.

Еве ја листата:

Screenshot_12.jpg

Листава не ми се допадна.

Затоа се одлучив да играме вака:

МЕСЕЦОВ САМИ СИ ГИ БИРАТЕ ФИЛМОВИТЕ. АКО ИМАТЕ БИЛО КАКВА ПОТРЕБА ОД ПОМОШ ИЛИ ПРЕПОРАКА, ДОКОЛКУ НЕКОЈ ОД ТИЕ ЗА КОИ СЕ МИСЛИТЕ ЈАС ГО ИМАМ ГЛЕДАНО, ВИ СТОЈАМ НА РАСПОЛАГАЊЕ. АКО НЕ, ПРИТИСНЕТЕ НА NETFLIX КОПЧЕТО НА ВАШИОТ ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЧ, АКО НЕМАТЕ NETFLIX ПРЕТПЛАТА, ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ, БЕСПЛАТНО Е, ИЛИ АКО НЕ ВЕ МРЗИ, БАРАЈТЕ ФИЛМОВИ ПО ТОРЕНТИ И СИМНУВАЈТЕ, МЕНЕ МИ Е СЕЕДНО. И НАЈДЕТЕ МИНИМУМ 3 ОРИГИНАЛНИ НЕТФЛИКС ФИЛМОВИ И ИЗГЛЕДАЈТЕ ГИ.

Полесно од ова, амин!

Ви посакувам убаво Netflix искуство!

Појаснување: под дефиницијата „Netflix originals“ спаѓаат сите филмови кои Нетфликс ги има снимено, a не оние на други продукции за кои Нетфликс ги има правата за интернационална дистрибуција. Значи: филмовите кои ќе ги изберете мора да ги има на оваа листа во делот original movies:

https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_original_films_distributed_by_Netflix#Original_films
 
На врв Bottom