Филмски предизвик 3.0 (2019)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Злате од кај го симна Army of Shadows? Јас уште минатиот месец го симнав од рутракер ама немаше дуал аудио, само со руска синхронизација беше.
Rutracker, ама имаше дуал аудио, и англиски превод.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Flammen & Citronen

Јас го почнав предизвикот со Данскиов филм и ми се допадна. Одличен, да речам еспионаж филм за данскиот Отпор во втората светска војна кој ги следи активностите на двајца партнери Флејм и Цитрон во нивната борба против нацизмот. Филмов се фокусира на солидарноста и лојалноста меѓу овие двајца бунтовници и има прекрасна кинематографија и костимографија. Особено овој Фламен ми изгледаше како излезен од Хари Потер универзумот со мантилчињата што ги носеше и чудната коса. И симпатија ми беше плус. Тоа што му фали на филмов е поетска правда, и некако празно се осеќав заради тоа, ама после размислив и со оглед на тоа што филмов е базиран на вистинска приказна и и вистински луѓе, а во вистинскиот живот нема никаква, особено не поетска правда, имаше смисла тоа како заврши, ама мора да напоменам дека ме остави бесна по гледањето.

На @moongoses ќе му го препорачам зашто ми делува вака ко филм за него и верувам ќе му се свиѓа, особено жанровски, а може и @Zlatikevichius да му се проба иако не сум сигурна за него, ако се мислите што да гледате во предизвикот, ова е филм за вас.

7/10 инаку.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
3.3. Flammen & Citronen (2008)

Планирав да го гледам тој божиќниот филм, ама по препорака на @Corvus го гледав овој.

Во насловот се прекарите на двата главни лика кои се носители на извршната дејност, во денешен дух кажано, на отпорот кон нацистите за време на втората светска војна. Приказната е фокусирана на нивната човечка страна и нивното влегување во вителот на дезинформации, измами и двојни игри што доведува да и самите почнат да се сомневаат во исправноста на своите дела, сфаќајќи дека се само пиони во една поголема игра. Реалистично прикажана приказна, убаво сликана, но сепак имав впечаток дека премногу настани се опфатени и дека некои од нив се кратени за да се задржи филмот во нормална должина.

Неизбежна е споредбата со „Армија на сенките“ од претходниот круг. Иако солиден филм, доаѓа како телевизиска верзија на армијата.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.271
3.1. Border (2018)

Ќе го искористам воведот на темата каде што беше кажано дека може било кој скандинавски и ќе си го рачунам Бордер како дел од предизвикот.
Класика скандинавска драма атмосфера, само што во случајов главен протагонист е човеколико женско суштество кое со своето шесто сетило открива шверцери на граница. Вклопена е и живее ко другите али не е тоа тоа разбирате, а тоа може ќе се смени(да не спојлерисам) откако ќе и помине сумњив тип на граница..

Тоа му е тематиката, вклопување во општество каде што си различен и можноста кога ќе ти се укаже да бидеш тоа што си, измршано неколку морални дилеми и социјални критики..

Добро филмче, убаво снимено и добра глума, држи внимание.. 7,5 од 10


3.2. Фламен и Цитрон

Зашо сум мрза, али и стварно се си кажаа шо мислам мунгусот и корвусот (ете наслов за филм: Корвус & Мунгус :D ), само ќе се согласам и со мислењата и со оцените 7/10

3.3. Металка

Солидна Исландска драма за справување со болката на двајцата родители и сестрата откако ќе го изгубат нивниот син и брат во едно мало Исландско местенце. Во фокусот е сестрата, која одлучува да се бори против болката преку музиката која брат и' ја сакал, хард рок/метал.
Има доста подобри филмови за губење на некој близок и справување со болката и тагата, ама и овој не беше лош, плус со добро саундтраче низ цел филм.. 7/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Чив е редот за нова тура за месецов?
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Дечки јас се извинувам, не стигнав денес да презентирам, ќе пишам утре.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Ајде сега да се преброиме прво. Јас ќе напишам за останатите два филма што ми останаа месецов, зашто ептен сум тенка со време периодов.
Друга работа, сакав месецов да го посветиме на Агнес Варда и разгледав низ творештвото нејзино, и yeah, nah. Having that said, оваа пролет, како и претходната ќе го посветиме на Холивудска лепотичка, иако не верувам дека ќе не фати серија зашто изборот на филмови е ептен оскуден кога се работи за оваа, зашто круната ја тргна од џетсетот и филмскиот свет. Една од најубавите Холивудски актерки што некогаш постоеле, и со којашто јас многу се поистоветувам, не физички но карактерно, барем од тоа што сум го прочитала и слушнала за нејзината приватна персона, не онаа филмската:


GRACE KELLY
Целата листа на филмови е следната:

Dial M for Murder
High Noon
To Catch a Thief
The Country Girl
The Bridges at Toko-Ri
The Swan
Green Fire
Mogambo
Fourteen Hours

Grace Kelly: The American Princess

И сега листите:


https://letterboxd.com/film/high-noon/
не знам што имаш/немаш гледано, гледај ги првите 3 од листата што не ти се гледани
Ете така.
@moongoses @Васил МКД @grande-juve можете ако сакате да си замените некој од филмовите со друг од листата. Вообчаено овие листи се прават според популарноста на филмовите, меѓутоа јас за оваа избрав да биде според друг параметар, односно погорните филмови да ја имаат Грејс како главна улога, на сметка на тоа да ставам популарни филмови каде што ја има како споредна улога, затоа и Могамбо толку долу е, документарецот го ставив во случај некој од вас да сака да го гледа, инаку не преферирам да давам документарци.
Јас и Злате ги гледаме строго тие од листата.
Сите останати коишто не се редовни членови а сакаат да учествуваат овој месец, знаете. Првите три што не ви се гледани од листата се тие што имаат приоритет, таа ви е листата, ако сакате сменете си ја.

Lets roll.
 
Последно уредено:

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Се погоди случајно ГК да ми е некст ту воч, а пошто Dial M, H. Noon, Thief ми се гледани (одамна), од останатиот нејзин опус баш 3 се погоди да ме привлечат сега да ги гледам...нз баш како се правилата у Предизвиков а ионака не мислам редовно да учествувам па ќе ги пишам у спојлери со тоа што уште Country Girl ќе остане за утре.

Fourteen Hours


-
Многу предвидлив.
Спор, иако не трае многу.
Неинтересни subplots (посебно тоа со удварањето беше чизи ез фак).
Грејс тука у ептен мала незабележителна улога.

+
Добра глума.
Интересни и симпатични ликови.

Тоа ми го држеше вниманието колку-толку...ама филм што брзо ќе го заборавам.

5/10

High Society

А филм је тако лепо почео...

Сачмо, кул ез фак, уште на самиот почеток со насловната песна не може а да не ти изнуди насмевка, дали пее или свири небитно...
Грејс Кели, уште од првиот момент кога ќе влезе низ вратата блеска, никогаш поубава, уште и газето како и се оцртува во тие панталоните мх мх а и во наредната сцена не останува покуса, уште и со девилиш карактерот тука хат ез хел, во првата половина од филмов не приметив што зборуваше.
Бинг Крозби, уште со првата песна те омекнува, те носи на некое друго место и те тера барем за момент да заборавиш на сите срања у животов.
А Синатра е Синатра, кој глас кога ќе запее, човече...

И што се случи(ло) после за филмов така осетно да падне у втората половина, стварно нз.
Приказната тапка у место...(развојот на) односите помеѓу ликовите нема никаква смисла, нема логика тоа што се случува...Грејс Кели цела втора половина од филмов ја поминува пијана/мамурна....?

Штета, затоа што во поголемиот дел е многу забавен ром-ком-мјузикл со оној посебен шарм кој само постариве филмчиња го поседуваат.

6.5/10
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Овој High Society ќе си го гледаш пак во клубот, што да ти речам :/
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Овој High Society ќе си го гледаш пак во клубот, што да ти речам :/
Ич не ми текна дека може намерно ти е изоставен, се осеќам глупо, извини.

The Country Girl

Не очекував уопште тешка драма, но тоа нема врска со оцената.
Нетипични улоги за Бинг Крозби и Грејс Кели која е тука непрепознатлива од самиот почеток и со глумата се одвојуваше и претпоставував дека ако не го земала дека била барем номинирана за оскар, иако гледам дека сите велат дека требало Џуди Гарланд да го земе таа година за A Star Is Born, нз, не ми е гледан тој, нити па ми е позната оваа контроверзност.
Крозби можеби малку престар за оваа улога а и заслужува подобри песни, освен таа точката на самиот почеток на филмот на аудицијата што ја изведуваше, човече, да кажам ме воодушеви е малку, кога е у елемент мислам дека никој како него не може да ме орасположи, но останатиот дел од филмот не ми остави некој впечаток.
Како и В. Холден кој е стандардно добар тука иако ограничен од ликот кој го глумеше зш цело време само викаше и се конфронтираше со сите.
За оскарот за сценарио па и не би се сложил баш, дијалозите беа добри, но имаше некои ептен чудни потези/одлуки од ликовите, а и самиот филм на моменти мелодраматичен, клише, и празен.

6.5/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
4.1 Провинцијалка (1954)

Одлична драма за еден изведувач и неговата сопруга во справувањето со грижата на совеста, одговорноста, самодовербата. Одличниот кастинг на сите три главни лика резултира со исклучителни изведби. Се познава театарското влијание во филмот кој и е направен според театарска драма, но не пречи, ликовите со својата присутност на екранот успеваат да го надминат тоа. Одлична роља на Грејс Кели, којашто не и дозволува да блесне во сета убавина до самиот крај на филмот, со што всушност ги докажува и своите актерски способности. Одлично беше и сценариото. Имаше повеќе реплики кои заслужуваат внимание.
„Работата му е дом на бездомникот“
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
4.2 Мостовите на Токо-Ри (1954)

И во овој филм играат Грејс Кели и Вилијам Холден, овојпат како брачен пар. Холден во улога на пилот во корејската војна, кој веќе се запрашува што е поентата на учеството во војната со оглед дека веќе е во поодминати години за војник и веќе има повеќе учества во воени мисии. Иако делува како уште една мелодрама преминува во реалистична драма која носи силна антивоена порака. Може да делува и пропагандно со оглед дека е направен веднаш по самата војна додека се сѐ уште свежи сеќавањата. Филмот изобилува со одлично снимени воздушни сцени од млазни воени авиони и останати воени дејствија. Крајот исто така одличен, гради голема тензија на мирен начин. Грејс нема некоја тешка улога, игра просечна сопруга и мајка на мали деца, повеќе е тука за уметнички впечаток.

4.3 Лебед (1956)

Мелодрама сместена на почетокот на векот во некое фиктивно кралство во Европа. Грејс Кели ја игра принцезата чијашто мајка има за цел да ја омажи за принцот беќар кој безуспешно ја прошетал цела Европа по потрага по невеста. Конечно доаѓа во посета на нивниот замок, но делува тотално незаинтересирано за принцезата па мајката е принудена да прави најразлични сценарија за да некако ги спои нив двајца. Тука има елементи на хумор, малку застарен односно предвидлив гледан од денешна точка, исто како и многу од сцените и ситуациите. Убави ентериери во замокот како и градините околу него.

Тоа би било за месецов посветен на Грејс Кели. @Corvus, после Одри и Грејс, дали за следното коло да се спремаме за Рита Хејворт или Џејн Расел? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom