- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.629
- Поени од реакции
- 33.184
Еве не пак, со трета шанса на проектот 5x филмски предизвик. За мене ќе биде четврта година, на Кајгана трета. Првиот предизвик го направивме во 2016,се покажа неуспешен, па во 2017 продолжив сам, само на Letterboxd, за во 2018 да ја воскреснеме темата и испадна, колку-толку, поуспешна. Еве линк да видите што сѐ сме гледале: КЛИК ТУКА. Во 2019 ќе го видоизмениме малку начинот и предизвикот, со што ќе го направиме подостапен за сите.
Еве ги видоизменетите правила (со bold, измените):
-некој член предложува тема, секој месец, и 10 филма според темата, рангирани според мислењето на предложувачот кој филм би требало да ја објаснува најдобро темата;
-сите останати кои сакаат да учествуваат, гледаат минимум 3 од листата, по принципот - филмот кој не ви е гледан, а е најгоре на листата, е првиот избор, следниот таков - втор, и т.н;
-член 3 и 4 од претходните правила се бришат;
-да не се повторуваме, изберете некоја тема која нема поминато, или ако веќе има поминато, нека биде тоа некоја за која има голем избор на филмови;
-исто - филм кој веќе поминал во една тема, не може да биде предложен во друга.
Значи, од 5x предизвик, преминуваме во минимум 3x предизвик. Затоа го избришав тоа 5x од насловот на темата, и се надевам дека ќе има поголем интерес во 2019.
Многу едноставно: ЕДЕН предложува тема и 10 филма според неа. ДРУГ, мора да одбере минимум 3 филма кои ќе ги гледа според зададената тема. Првиот неизгледан од објавената листа мора да ви биде прв избор, вториот неизгледан, втор избор, и третиот неизгледан - трет избор. Имате рок до крај на месецот за да ги изгледате и коментирате тие 3 филма. Следниот месец, нова тема и нови филмови. До крај на годината - 36 филма изгледани!
NOTE: ОВАА ЛИСТА e официјалната листа со филмовите кои предложувачите на темите ги предложиле, т.е. препораките кои сите треба да ги изгледаат
А ОВАА ЛИСТА е листата на филмови кои јас сум ги одбрал да ги гледам во мојот личен предизвик.
Првиот предложувач сум јас. Подоцна ќе ја добиете и темата и листата со филмови за јануари 2019.
Среќна и забавна филмска 2019!