Филмски предизвик 3.0 (2019)

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.873
Поени од реакции
5.372
Murder Mistery

Јас како што кажав, ќе го гледам овој од серијава фејлови на Адам Сендлер, каде што Адам Сендлер го глуми Адам Сендлер. Чоеков е лик сам по себе, нема тука нешто особено менување карактери у комедииве на Адам, и кул да ви кажам се глеа дека си ги снима од некаков мерак и чилање, и самиот не ги сфаќа пресериозно, изгледа ужива да си се глуми сам себе и тоа е тоа. Немам јас ништо против тоа, а и филмов не беше лош, ептен лаганица, башка летен, башка на јахта, во Монако, све имаше освен хумор. Ама и тоа не е ептен лошо, битно е да се летни и да чилаш додека ги глеаш, немаше да е лошо да се насмеам еднаш два пати у текот на филмов, ама не се случи тоа, од тој аспект The Do-Over, па и The Ridiculous 6 ми беа подобри, иако со оглед на тоа што јас сум фан на луксуз и елита, вајбот и сетингот на овој беше далеку подобар од Смешните 6. Не знам што многу да кажувам за филмов искрено :/
Анистон ко Анистон, одвратна. Артертон ко Артертон, прекрасна. Јапонката ко Јапонка, небитна. Машкиве ликови добри сите, ама ми фалеше clique-от на Сендлер, повеќе хемија и допадливост имаат филмовите во коишто е со нив. Ама и покрај тоа што не беа во филмот физички, имаше еден момент каде што Сендлер спомнува извесен Ерик Ламонсоф, ова е инаку лик од Grown Ups и мене како следач (фан е премногу силен збор) на Сендлер комедиите ми беше ептен јак момент. Крајот непредвидлив иако на никој не му беше гајле за крајот, сите сме таму за јахтите и Артертон.
Инаку плотот е.......СПОЈЛЕРИ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ...... брачен пар од Америка на лет кон Европа запознава некаков си Виконт кој ги кани на свадбата на неговиот вујко. По што по то вујково е убиен, а сите во просторијата имаат мотив за убиството, меѓутоа еден по еден почнува и нив истата судбина да ги снаоѓа и секогаш кога ќе се најде некој нов со мотив за убиството, паѓа мртов. Се гледа дека доста инспирација е собирано од Агата, тоа на крај и се референцира доста очигледно, не е некаква тајна. Горе доле луѓе филмов забавен, ама сепак од овие 3 Нетфликс Сендлер комедии како прв би го избрала The Do-Over на којшто се насмеав по некој пат, додека на овој не се насмеав ич. Ете тоа, следно изглеа Полар.


6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.078
Поени од реакции
14.492
Трети сме во месецот а уште нема нов предизвик...
#ПрашањаКоиМеМачат
Не знаев дали да продолжиме, зашто некако бесцелно ми делува. Само ти ги тераш предизвиците до крај, буквално сите останати се откажаа. Подфорумов дефинитивно умира. Уште еден доказ за тоа е што ете, во темата за наградите за најдобри филмови за 2018 уште ги немам објавено победниците, а никој нема приметено. Јули е, а нормално во март беа објавувани до сега. Исто е и со клубот, останавме двајца без тројца и таму. Од прашањата кои ме мачат мене е и тоа дали и тоа да го прекинеме кога ќе стигнеме до #100, а блиску сме...
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
26.777
Поени од реакции
31.575
Oткајзнаеш дека никој нема приметено?
Ја приметив, али ја сум познат по тоа што се понашам учтиво и одмерено, па не ти ни спомнав. Зашто да ти досаѓам....
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.309
Поени од реакции
1.306
Не знаев дали да продолжиме, зашто некако бесцелно ми делува. Само ти ги тераш предизвиците до крај, буквално сите останати се откажаа. Подфорумов дефинитивно умира. Уште еден доказ за тоа е што ете, во темата за наградите за најдобри филмови за 2018 уште ги немам објавено победниците, а никој нема приметено. Јули е, а нормално во март беа објавувани до сега. Исто е и со клубот, останавме двајца без тројца и таму. Од прашањата кои ме мачат мене е и тоа дали и тоа да го прекинеме кога ќе стигнеме до #100, а блиску сме...
Во тој случај да одиме на летен распуст, кој сака за тоа време може да надокнади тоа што му фали, па од есен да се обидеме да продолжиме.
А за клубот за стотиот филм треба некоја акција за групно гледање да направиме, не да го прекинеме.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.873
Поени од реакции
5.372
Еве ми ги предизвиците на една слика :love:

FB_IMG_1562348751788.jpg
 
На врв Bottom