Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.141
Поени од реакции
42.879
Ќути нели го имаме Скорсезе што го сними Волкот од Вол Стрит - најбољи филм евр.
Скорсезе за Нолан е доктор. Не викам дека Нолан е лош, но станува досадно малце филмовите му се fucking confusing. Ја се кладам дека 99% од овие што го гледале Интерстелар не разбрале ништо од филмот, само биле вау, филм на нолан плус мет меконахи, не може боље. Исто ко со секташи да дискутираш кога се работи за Нолан, не може лош филм да има.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.183
Поени од реакции
10.185

Не реков дека нема лоши. Ете Интерстелар му е без везе, Тенет поголемо срање, али дека е крш режисер, а од друга страна кажуваш Волкот ти бил најбољи филм, не можам да те сфатам сериозно.

Мементо и Инсепшн ти се лоши?

@Џонтра намали со тагата. :smirce:
 
Инсепшн го немам гледано, али и не ни планирам пошто знам дека е она истото од Мементо ради кое и го замрзев Нолан. Иначе не знам зошто волкот не е добар филм. Филмот е 3 саати забава, тоа е и поентата на еден филм. Иначе тоа нема врска со темава што мене ми се свиѓал тој филм. Има врска тоа што филмовите на нолан се тапа.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.481
Поени од реакции
3.669
Ќути нели го имаме Скорсезе што го сними Волкот од Вол Стрит - најбољи филм евр.
Нолан може само да сонува да биде приближно до Скорсезе. Преценето гомно.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.183
Поени од реакции
10.185
Инсепшн го немам гледано, али и не ни планирам пошто знам дека е она истото од Мементо ради кое и го замрзев Нолан. Иначе не знам зошто волкот не е добар филм. Филмот е 3 саати забава, тоа е и поентата на еден филм. Иначе тоа нема врска со темава што мене ми се свиѓал тој филм. Има врска тоа што филмовите на нолан се тапа.
Ако тоа е поентата на филмот другар филмот ќе биде на ниво на циркус, а не уметност како што е сега.

Е сега имаш филм за забава, имаш филм за полнење душа и имаш филм за голицкање мозок.
Тоа што ти нејќеш да замараш мозок додека гледаш филм значи дека само спрдачини ко суперхеројски филмови треба да се снимаат или лабави акциони, драмулетки и комедии.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.141
Поени од реакции
42.879
Ако тоа е поентата на филмот другар филмот ќе биде на ниво на циркус, а не уметност како што е сега.

Е сега имаш филм за забава, имаш филм за полнење душа и имаш филм за голицкање мозок.
Тоа што ти нејќеш да замараш мозок додека гледаш филм значи дека само спрдачини ко суперхеројски филмови треба да се снимаат или лабави акциони, драмулетки и комедии.
Филмовите негови не се ни за замарање мозок. Ја реално сакам филмови и серии што те тераат да мислиш, ја сакам Westworld токму ради тоа. Ги сакам филмовите на Вилнев пошто се едно прекрасно визуелно доживување. Но во филмовите на Нолан не гледам нешто занимливо што ќе ме задржи да ја следам приказната освен сивило, филмовите му се многу така, не можеш да се поврзеш со ликовите, а збунувачките прикаски уште више му ги праат филмовите така. Не знам, не можам да ги сварам неговите филмови.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.107
Поени од реакции
37.569
Пред да го гледам Top Gun: Maverick морав да направам реприза на Top Gun. Гледан безброј пати на МТВ како дете и од таму го памтам како култен филм, или можеби заради Take My Breath Away. Ама освен на Том Круз на ништо друго не се сеќавав од филмот. Се изненадив кога видов дека ми е логнат на Letteroxd (пред 7 години, кога сум го креирал акаунтот таму), ми бил гледан и пред десетина - петнаесет години, значи, откако почнав да водам евиденција на Flixster. Ама поголемо беше изненадувањето дека сум му дал 6/10 само. Баш сакав да видам што сум направил...

И тотално во право сум бил. Ау, колку лош филм! Дури и многу му е шестката, ама ај, нека остане.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Го делам истото мислење. Уште една одлична сатира на Остлунд, дури и подобар од The Square и Force Majeure, би рекол, ама крајот ми го уништи впечатокот и ја намали оценката. Инаку навистина остроумен и забавен истовремено.

Инаку, многу се смеев и откако го гледав, кога прочитав 2 работи за Харис Дикинсон (актерот кој го глумеше Карл). Кога ја добил улогата за која на аудиција биле околу 120 актери, во сценариото стоело дека неговиот лик бил поранешен автомеханичар кој станал модел. И типов зел почнал да работи во некоја автомеханичка работилница, ептен се внесол во улогата. :D Доаѓаат на снимање прв ден, му даваат изменето сценарио и Остлунд му кажува дека го исфрлиле тој дел битен за неговиот лик. :pos:

Исто така, за сцената со аудицијата (почетната сцена на филмот), во сценариото стоело дека Карл треба да носи примерок од Улис од Џејмс Џојс во рацете. Греота типов, не знам што му требало, ама мислел дека и тоа е важно за улогата, па зел ја прочитал Улис. :pos::pos::pos::pos: Кога дошла сцената за снимање - ни Улис, ни бутур! :pos::pos::pos::pos::pos:
Имаше додуша во рака книга од Улис, баша го забележав тој момент и реков види вид мајката :D
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Downsizing е една од најлошите идеи што некому му паднале на памет, и тоа не само на филм...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom