Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Мехара овој Triangle of Sadness, 3 саати сатира за милијардери, со не повеќе од 3 смешни ствари и едно врвно секси пиче кое за жал е починато. Ок. (y)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.183
Поени од реакции
10.185
Мехара овој Triangle of Sadness, 3 саати сатира за милијардери, со не повеќе од 3 смешни ствари и едно врвно секси пиче кое за жал е починато. Ок. (y)
Е не е (х)умор ко Офис, сори. :гик:
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.216
Поени од реакции
8.317
Мехара овој Triangle of Sadness, 3 саати сатира за милијардери, со не повеќе од 3 смешни ствари и едно врвно секси пиче кое за жал е починато. Ок. (y)
срце не си учел школо, ај лав ју
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.107
Поени од реакции
37.569
Не знам зошто е хејтот, или ако нема хејт, зошто се (релативно) слабите оценки за The Good Nurse. Јас уживав! Секогаш палат кај мене вакви филмови, што се според вистински настан снимени, тој факт некако како да им дава дополнителна тежина. Ама настрана од тоа - не сум гледал речиси ништо годинава од филмовите кандидати за Оскар, но сепак на Џесика Частејн (на женава да и дадеш дрво да глуми, ќе го одглуми подобро и од дрвото - знам дека вака за Мерил Стрип викаа, ама совршено одговара и за Џесика ова) и Еди Редмејн би им дал Оскар и без око да ми трепне! Перфектна глума! Филмот ме држеше вкочанет за време на цело траење, без буквално да мрднам. Многу добар build up имаше. Единствена замерка ми беше можеби што полицајците ми беа ко мекотели, ко некои безлични, безконтурни суштества, духови кои се моткаат натака-навака а не знаат што да прават. Инаку убаво филмче, мене ми се допадна многу.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.107
Поени од реакции
37.569
Го гледаше ли некој triangle of sadness?

Генерално ок се одвиваше како филм се до крајот. Да не пишувам сполјер, ама нз оти онака, некој сеоски обид да заврши ко Chinatown од Полански.
Го делам истото мислење. Уште една одлична сатира на Остлунд, дури и подобар од The Square и Force Majeure, би рекол, ама крајот ми го уништи впечатокот и ја намали оценката. Инаку навистина остроумен и забавен истовремено.

Инаку, многу се смеев и откако го гледав, кога прочитав 2 работи за Харис Дикинсон (актерот кој го глумеше Карл). Кога ја добил улогата за која на аудиција биле околу 120 актери, во сценариото стоело дека неговиот лик бил поранешен автомеханичар кој станал модел. И типов зел почнал да работи во некоја автомеханичка работилница, ептен се внесол во улогата. :D Доаѓаат на снимање прв ден, му даваат изменето сценарио и Остлунд му кажува дека го исфрлиле тој дел битен за неговиот лик. :pos:

Исто така, за сцената со аудицијата (почетната сцена на филмот), во сценариото стоело дека Карл треба да носи примерок од Улис од Џејмс Џојс во рацете. Греота типов, не знам што му требало, ама мислел дека и тоа е важно за улогата, па зел ја прочитал Улис. :pos::pos::pos::pos: Кога дошла сцената за снимање - ни Улис, ни бутур! :pos::pos::pos::pos::pos:
 
Болдираново. (y)
Форс мажор ми беше тешка сморчина поради која не се ни осмелив да го пуштам Квадратот.
Може кога го гледав не бев созреан за таков филм и треба да го прегледам, али Триаголникот ми е 10 пати појак филм.

А критиката вика обратно најслаб филм му бил. :confused:
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.677
Поени од реакции
14.347
Ако толку мрази CGI, шо не отиде у вселената да го снима. Хе хе..
Од каде и да погледнеш, најдобриот филм правен некогаш.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.141
Поени од реакции
42.879
Нолан повеќето филмови му се безврска. Освен бетменот што го направи добар и Престиж евентуално. Неговиот стори телинг е многу збунувачки дури и ако си љубител на таков тип на филмови. Плус таа една иста палета бои што ја користи, жива депресија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom