Го делам истото мислење. Уште една одлична сатира на Остлунд, дури и подобар од The Square и Force Majeure, би рекол, ама крајот ми го уништи впечатокот и ја намали оценката. Инаку навистина остроумен и забавен истовремено.
Инаку, многу се смеев и откако го гледав, кога прочитав 2 работи за Харис Дикинсон (актерот кој го глумеше Карл). Кога ја добил улогата за која на аудиција биле околу 120 актери, во сценариото стоело дека неговиот лик бил поранешен автомеханичар кој станал модел. И типов зел почнал да работи во некоја автомеханичка работилница, ептен се внесол во улогата.
Доаѓаат на снимање прв ден, му даваат изменето сценарио и Остлунд му кажува дека го исфрлиле тој дел битен за неговиот лик.
Исто така, за сцената со аудицијата (почетната сцена на филмот), во сценариото стоело дека Карл треба да носи примерок од Улис од Џејмс Џојс во рацете. Греота типов, не знам што му требало, ама мислел дека и тоа е важно за улогата, па зел ја прочитал Улис.
Кога дошла сцената за снимање - ни Улис, ни бутур!