Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Нема да ги извадат парите да ги платат сите овие актери лол.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.140
Поени од реакции
42.876
Што има па толку да се разглаба за тој Опенхајмер. Ништо нема интересно околу неговиот живот освен тоа што бил дел од тимот што развил атомско оружје. Има многу позанимливи причи ако гледаме историски кои може да се екранизираат.
 
Член од
23 август 2022
Мислења
429
Поени од реакции
763
Нема да ги извадат парите да ги платат сите овие актери лол.
Oppenheimer has a production budget of $100 million and an equal marketing budget.
Robert Downey Jr., Matt Damon, and Emily Blunt took pay cuts to work with Nolan, earning $4 million each in lieu of the usual $10–20 million.
А останатите актери изгледа платиле да бидат во филм на Нолан :)
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.403
Поени од реакции
25.267
Вес Андерсон наместо да прибира 50тина А-листа актери, подобро ќе беше сиот тој напор да го потрошеше да најде начини како да раскаже поинтересни приказни.

За мене лично, што повеќе А листа актери, толку помалку концентрација за пратење на главните ликови, затоа што во многу мал процент, сите карактери се подеднакво интересни. Тарантино е исклучок затоа што го прави тоа совршено и се адаптира на секој актер, но не верувам дека Нолан може (или сака) да го изведе истото.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Која лудница од филм е Weird: The Al Yankovic Story. (y)

Го препорачувам на сите што сакаат откачени, over the top комедии. Ако знаете кој е Weird Al Yankovic може да препоставите што сценарио напишал за свој „биографски“ филм. Ем е пародија на сите клишеа на музичките биографии, ем на секој чекор излегуваат глупости што на крај памет не ги очекував (глупости во позитивна смисла).

Респект и за Даниел Редклиф. После Хари Потер дечкото ич не се замара и си бира ептен бизарни улоги. Прво Swiss Army Man, сега ова.
 
Член од
23 август 2022
Мислења
429
Поени од реакции
763
Излегол Emancipation со Вил Смит но гледам има многу негативни критики за филмот,не знам дали сега го бојкотираат Вил или филмот навистина е лош.
Ќе го гледам деновиве па ќе го искажам моето мислење.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.770
Поени од реакции
5.077
Сакав нешто ново после долго време да пуштам и го изгасив после 40 минути .. тоа е Bullet Train(2022)

Верувам ова е ок филм ако се ти е преку глава и си полупијан или надуван и не ти пречи турлитава како главно јадење.

На прв впечаток има се шо би посакал- брз расплет,стил,акција но сето тоа испаѓа дека е премногу,пре-продуцирана инспирација,премногу натрупани флешбекови,одлични сетови но не е тоа поентата,натрупана акција ака кил бил со микс од гај ричи со слаб хумор..можеби и тоа е визијата на режисерот ама не верувам дека ја погодил целта во центарот
 
Која случајност, и јас го гледав денес. Мене ми беше одличен. Дури би рекол заедно со The Batman најдобар филм од 2022 што го гледав до сега.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.770
Поени од реакции
5.077
Која случајност, и јас го гледав денес. Мене ми беше одличен. Дури би рекол заедно со The Batman најдобар филм од 2022 што го гледав до сега.
Најголемиот проблем ради шо го изгасив не го пишав,филмот изгледа одлично но ниеден лик не ме убеди во веростојноста дека он е тоа што глуми дека е.
Нема шанси тие лимон и мандарина да ме убедат дека се убијци или пак бубамарата Бред Пит или азијците или женската.За разлика ако зееме слични филмови од тарантино и ричи таму сум убеден дека тие ликови би можеле да бидат такви психоа.
Накај пародија почна да ми оди филмот башка со сета клише музика у позадина и можеби некад на тв за забава во иднина ќе го изглеам до крај.Можеби.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom