Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Вака по трејлеров изгледа right up my alley, па ќе видиме што ќе биде. Ми се свиѓа во трејлеров апсолутно се! Премногу pleasant за очи изгледа, ако нема прикаска барем ќе уживаме во тој аспект, Ема класика срценце како секогаш, и акцентот ми се свиѓа, малку делува вештачки, ама ајде да не му судиме пред време, ќе видиме што ќе биде од филмов, вака на прва делува баш ко за мене :love:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.433
Поени од реакции
25.349

Вчера го гледав. Лабав, feel good филм, баш онака за периодов, снег, зима и така натаму.
Не знам оти претходно не сум го начекал во некои од оние листи со зимски филмови, божиќни и слично.
Најважното не го спомна...
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Завчера на Телма мислам беше, Убиството на светиот елен со Никол Кидман, уште еден филм со неа кој е на граница на реалноста.

И се потсетив на Dogville, ако не сте го гледале - препорачувам.
Сценографијата е минималистичка, куќите, улицата, дури и местото на кучето се нацртани на подот, но филмот ја има тежината преку настаните и зборовите: што може да биде ако им се спружите на луѓето да ве газат, ако почнете доброволно да го правите за нив она што самите треба да го прават за себе, ако им дозволите да ве врзат, тие радо ќе го сторат тоа, итн, еден куп вакви поуки може да се извлечат од филот. Целата човечка психологија во какво чудовиште може обичен човек да се претвори, што е прикажана во Експеримент, овде е насочена само кон една девојка.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.204
Поени од реакции
10.234
Завчера на Телма мислам беше, Убиството на светиот елен со Никол Кидман, уште еден филм со неа кој е на граница на реалноста.

И се потсетив на Dogville, ако не сте го гледале - препорачувам.
Сценографијата е минималистичка, куќите, улицата, дури и местото на кучето се нацртани на подот, но филмот ја има тежината преку настаните и зборовите: што може да биде ако им се спружите на луѓето да ве газат, ако почнете доброволно да го правите за нив она што самите треба да го прават за себе, ако им дозволите да ве врзат, тие радо ќе го сторат тоа, итн, еден куп вакви поуки може да се извлечат од филот. Целата човечка психологија во какво чудовиште може обичен човек да се претвори, што е прикажана во Експеримент, овде е насочена само кон една девојка.
Го гледав Убиството на светиот елен лани, баш на Телма. Чуден филм повторно вади Грков, ама во некои нормални граници на чудност.

Не е толку фиу-фиу ко Јастогот. o_O
Ме интересира дали и Dogtooth e во тој стил или нешто нормално е.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.745
Поени од реакции
27.745
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Ме интересира дали и Dogtooth e во тој стил или нешто нормално е.
Не сум го гледала, ама според содржината на Википедија, (about a husband and wife who keep their children ignorant of the world outside their property well into adulthood) е баш како Анон што го споредува со тој од 1973 (и тој не сум го гледала) :)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ме интересира дали и Dogtooth e во тој стил или нешто нормално е.
Овој му е најдобар филм на гркот.

Суров филм малце, онака, се коси со границите на нормално човечко однесување и постапување кон најблиските.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.259
Поени од реакции
37.954
17. Never Gonna Snow Again - Полска

Прилично чуден, бизарен филм. Ме потсети многу на Under the Silver Lake од Клубот, ама како некој амалгам на тој филм со mother! на Аронофски. Еден чуден лик, Жениа, роден во Припјат 7 години пред нуклеарната катастрофа во Чернобил, пристигнува во елитна населба во Полска, за да ги лечи снобовите кои живеат во неа (додека самиот е длабоко трауматизиран од неможноста да ја излечи својата мајка, кога бил мал). Тој е пред сѐ масер, но поседува моќ и да хипнотизира, а под хипноза ги води депримираните, анксиозни, несреќни снобови, кои се лекуваат со наркотици, во една шума каде ги остава да се соочат со своите несигурности и стравови. Инаку, ова јас го доживеав како филм за уништувањето на природата и на целиот свет околу нас, баш од таквите несигурни, исплашени и несреќни жители на елитни населби кои не прават ништо да ја заштитат, а кога галамат дека треба да се зачува ова или она, тоа го прават или лично мотивирани од нешто кое ги засега
(има една сцена во филмот каде доаѓаат неколку службеници со налог да исечат едно зимзелено дрво пред дворот (значи ПРЕД, а не ВО) на една од жителките на населбата. Таа толку бурно реагира, што човек ќе помисли дека навистина се грижи за природата и затоа не сака да се сечат дрвата, за само во следната сцена да објаснува дека кога умрел маж и, заедно со синот кој многу сака хемија (и длабоко трауматизирано дете, веројатно, кое полека станува депримирано исто колку своите родители, што се гледа во тоа дека никогаш не се насмевнува, стои немо како да не го интересира ништо што се случува околу него, и изгледа како да ќе изврши самоубиство во секој момент), го претвориле неговото тело во вештачко ѓубриво и го истуриле под тоа дрво, што значи таа дрвото го гледаше како дел од нејзиниот сопруг, или баш како нејзиниот сопруг, па затоа не сакаше да се исече. Да посегнеа по било кое друго дрво, сигурно немаше толку бурно да реагира и ќе ги оставеше да си работат на мира. Прекрасно прикажан медиокритетот на луѓето во еден свет кој стрмоглаво се движи по надолна линија и во кој индивидуалното е секогаш пред колективното.)
или само колку да изгледа дека прават нешто. Препорака за оние кои сакаат чудни филмови, со доста симболика, и во кои ништо не е сервирано на тацна. За сите останати: немој да го гледате ако не сакате да кружите околу стол. Од мене една солидна 6/10. Не можев повеќе.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.204
Поени од реакции
10.234
Откако го пишав и третиот блок филмови што може да се најдат на нет, а се пријавиле во категорија меѓународен/странски филм за Оскар 2021 г, избројав 52 филма од вкупно 97 пријавени.

Не верувам дека некогаш имало толку достапни филмови на 2 месеци пред одржувањето на церемонијата.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.259
Поени од реакции
37.954
13/15 Dear Comrades! - Русија

Последниот од достапните! Цело време го оставав за понатаму, само зашто е филм на Кончаловски, за мене четврт негов, а претходните, особено Рај, беа навистина захтевни. Ама, о, каков филм! Многу ми се допадна, за нијанса дури и повеќе од Рај. Прекрасна историска драма за моралните дилеми кај луѓето на почетокот од распадот на Советскиот Сојуз (ако смеам да го наречам така, зашто сепак се работи за дејство сместено во 1962, за време на масакрот во Новочеркаск). Ми се допадна многу и црно-белата кинематографија, прекрасни контрасти, прекрасно светло... Не сакам да пишувам веќе, зашто не би сакал да откријам буквално ништо повеќе, препорака до сите, ѕирнете го! 8/10 од мене.

И сега, по сите изгледани, еве како би ги рангирал:

1. A Sun - Тајван
2. Quo Vadis, Aida? - БиХ
3. Better Days - Хонг Конг
4. Sun Children - Иран
5. Dear Comrades! - Русија
6. Another Round - Данска
7. The Mole Agent - Чиле
8. Two Of Us - Франција
9. Hope - Норвешка
10. Charlatan - Чешка
11. La Llorona - Гватемала
12. I'm No Longer Here - Мексико
13. Collective - Романија

Од првите 9 кој и да биде номиниран, нема да ми биде криво. Од 10 до 13, се надевам никој нема.

1613671424194.png
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.745
Поени од реакции
27.745

Kajgana Shop

На врв Bottom