Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
M. Night Shyamalan има само еден врвен филм, 6то Сетило.

Другите му се тешко срање и тешки глупости односно сакам кажам не знам речам филмови.
Не ја сфаќам целата фама околу него и ставање на пеидестал како некој врвен трилер остварувач.

Можеби не е точно ова ама таков впечаток имам.

Ова не е непопуларно мислење, ова е факт.
 
11/15 The Mole Agent - Чиле

Ау, каков филм! Ме остави без зборови. На почетокот, а и скоро цел филм мислев - ова е прв документарец-комедија кој сум го гледал во животот, не сметајќи ги мокументарците од типот на Houston, We Have a Problem. Ама не е ова баш комедија. Можеби пристапот беше комичен (и плус пре-оригинален), ама ова е всушност многу тажен филм. Накратко - една жена чија гордост, или глупост, сеедно, е преголема и не сака да ја посети својата мајка која ја оставила во старечки дом, најмува детективска агенција која треба да открие и секојдневно да ја известува како е мајка ѝ, како се грижат за неа и дали ѝ фали нешто во домот. Затоа агенцијата распишува оглас: „се бара работник, за хонорарна работа од 3 месеци. Работникот треба да исполнува 2 услови: да е пензионер од 80 до 90 години, и да се разбира од технологија“...
И наоѓаат! Еден дедо кој е прилично млад за неговите години. Го дообучуваат да користи мобилен телефон, особено WhatsApp, и го сместуваат во домот (секако, со дозвола од неговата фамилија), опремен со секакви уреди за снимање и шпионажа, а неговата задача е да ја најде внатре мајката на жената која го плаќа, и редовно да ги известува во агенцијата, секојдневно за се што се случува, нормално, без да го откријат дека е „таен агент“. Инаку, тие веќе снимаат внатре во домот, документарец за кој имаат одобрение, а за да не биде чудно зошто „агентот“ го снимаат повеќе, им кажуваат во домот дека секогаш се фокусираат повеќе за новите „станари“.
Гледајте го! Документарец со навистина уникатен пристап. Истовремено и смешен, но и многу тажен, по малку досаден, но истовремено и преинтересен, прониклив, оригинален... Препорака за сите!

Сакајте ги родителите, бабите и дедовците, блиските! Гушкајте ги, а ако се далеку јавувајте се и посетувајте ги почесто. Немој да дозволите да заборават дека ве имаат. Знам, лигав сум и ви продавам муда за бубрези, ама морав, по филмов. Ако не за најдобар странски, ова мора да биде номинирано за најдобар документарец. 8/10 од мене.
 
Го гледав Enemy синоќа и уште неможам да го процесирам почетокот и крајот на филмот.
Го има некој гледано и разбрано?
 
Го гледав Enemy синоќа и уште неможам да го процесирам почетокот и крајот на филмот.
Го има некој гледано и разбрано?
Крајот со пајакот е машката верзија на „ме гуши врскава“. :D
 
Го гледав Enemy синоќа и уште неможам да го процесирам почетокот и крајот на филмот.
Го има некој гледано и разбрано?
Скоро сите го имаме гледано зашто беше во клубот

Еве нешто повеќе ако сакаш да прочиташ кој како го доживеал и што мисли за филмот
 
12/15 Two Of Us - Франција

Уште една LGBT драма, ама тука со LGBT во преден план, за разлика од Charlatan. Ми задржа внимание, морам да признаам, иако кога сме кај француските лезбејски драми, за мене Blue is a Warmest Color >>> Two Of Us. 7/10
 
Негде прочитав дека кандидатов од Слоновјаниве излегува на vod платформа на 26-ти месецов. Ваљда до крај на месец ќе го има и тој на торент.

Уште тунискиов да го најдеме.
 
Негде прочитав дека кандидатов од Слоновјаниве излегува на vod платформа на 26-ти месецов. Ваљда до крај на месец ќе го има и тој на торент.

Уште тунискиов да го најдеме.
Беше прикажан пред некоја недела на Санденс, а годинава, чинам, цел Санденс беше на VOD платформа. Плус, читам во коментари дека имало и Academy Screener пуштено. И толку да не се најде никој да го сними или да го ликне? Секој ден упорно пребарувам, џабе. Плус беше и на TIFF, и по други фестивали...

За тој од Тунис немам некои надежи дека ќе биде наскоро.
 
Го гледав и јас Death proof пред некое време.
Не ми е во негови топ филмови, али не бев ни разочарана. Не е толку исфорсиран претпоставувам зашто нема некој заплет ко другите филмови, праволиниски филм.
Али првиот дел ако е хорор, вториот е комедија. Огромна почит има од мене Тарантино за smooth комбинацијата што ја направил овде, а и со тоа што го прави насилството (во сите филмови) guilt free забавно.
 

Вчера го гледав. Лабав, feel good филм, баш онака за периодов, снег, зима и така натаму.
Не знам оти претходно не сум го начекал во некои од оние листи со зимски филмови, божиќни и слично.
 

Вчера го гледав. Лабав, feel good филм, баш онака за периодов, снег, зима и така натаму.
Не знам оти претходно не сум го начекал во некои од оние листи со зимски филмови, божиќни и слично.

Оти твојте не ти давале ко мал да гледаш тв хехе, милион пати е репризиран филмов пред едно 20г
 
Оти твојте не ти давале ко мал да гледаш тв хехе, милион пати е репризиран филмов пред едно 20г
Можи и да ми бил некогаш гледан и заборавен. Ама ич не се сеќавам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom