Мене па Тарантино ми е фифти-фифти.
Пола филмовите му се прејаки, другата половина ми се мех, бљак, прц.
Треба да се репризира Џанго, одамна го гледав, ама знам дека уживав.
Кога би ги подредил неговите филмови, најдобар ми е The Hateful Eight.
Ми текнува јануари месец го даваа во кино и преубаво чувство даваше целата таа снежна атмосфера, уживав ко кај нас снег да имаше, иако ако не грешам сув студ беше.
Филмот после уште еднаш или два пати на тв го гледав и за мене е уживање од прва до последна минута.
По него би го ставил Палп Фикшн. Легендарен филм што исто е уживање од почеток до крај, ама Осумката ми е некако подрага.
На трето место ваљда би бил Џанго.
И на четврто Касапските кучиња.
Останатите филмови со благи зборови би рекол не ми се допаѓаат.
Не знам кој е посмор од Џеки Браун, Копилињата или Си беше еднаш во Боливуд. Ваљда Џеки, ко најнегледлив филм.
Кил Бил не го ставам сега за сега нигде, зашто бар едно 300 пати сум пробал да го изгледам и ништо.