Кога сме кај Американ хистори Х, едноставно уживаш дури го гледаш филмот, не е дека е филм што е популарен ради расизмот. Всушност човекот од нео-нациста, кој ништо не постигнува и само си го упропастува животот, пробува да биде човек. Споредбава со Борјан ич не е на место. Многу глумци треба да учат како се глуми од Нортон. А за имдб 250 има многу филмови што не треба да бидат таму.
На пример уживав во Адвокатот на Ѓаволот или во The Game на Финчер. Од горе-долу тоа време. Ама не се ни во 250 листата. А Нортон, Нортон глумеше маестрално во Primal Fear. Нортон беше феноменален и во The Score. Тие не се на листава. Зошто? Што е посебното во овој филм? Со што се истакнал Американ Хистори Икс да биде пред една таква епохална сага како Беше Еднаш во Америка на Леоне? Пред сите филмови на Стенли Кјубрик?
@Sussaro добар пост, го исчитав целиот, посебно ова со Коенови секако се согласувам.
Ама за American History X не можам. Како да ги тргнеш настрана расните теми, кога тоа е целата поента на филмот, главниот мотив околу кој се врти целата приказна? Ова како да кажеш во Life is Beautiful да го тргнеме Холокаустот настрана.
Ја па дури мислам дека American History X е до некаде потценет филм, пошто не е толку експониран како други филмови од листата на ИМДБ. Барем имам впечаток дека филмските фанови многу повеќе зборат за филмови кои се далеку послаби од него и кои ни од далеку немаат толку силна порака.
Во La vita e bella можеме комотно да го тргнеме холокаустот на страна. Бењини може да е Украинец што завршил во советски гулаг со син му, наместо Италијанец во германски контрационен логор. Спонтаноста кога и се пушта на идната му жена, креативноста и идеите што му текнуваат за син му да не сфати во какви гомна се и да го скрие, вожњата од емоции што ти ја приредува филмот, да успееш да си во концентрационен логор и да направиш публиката да се смее. Да плачеш кога е редот да се плаче. Бењини има таква мутава кловновска Тошо Малерот фаца и појава и тоа маестрално го презентира во филмот. Замисли не си го гледал филмот. Во оној краток синопсис стои само следново-Татко и син завршуваат во концентрационен логор. Таткото умира. А филмот се вика Животот е Убав. Додека не го изгледаш фимот тотално непоимливо би ти било како е можно филм со таков опис да има таков наслов. Тука е магијата на тој филм за мене. Холокаустот е сосема нерелвантен како позадина. Може да е Индиец со син му заробен од англиски колонијалисти. Може да е Виетнамец со син му заробен од Американци.
Премногу длабоко влегуваш во филмовиве. Ако на сите филмови влегуваме вака длабоко тогаш на сите ќе им најдеме мана. Може ти нема да му најдеш зошто ти се допаднал поради x причини, ама некој друг сигурно ќе му најде. Што има врска ако режисерот користи финта? Доколку финтата помине и мене ми се допадне сето тоа зошто тогаш да не кажам филмов е супер еве му 10ка.
Зависи како ќе му пристапиме на филмот. Како ентертејмент валју или како уметничка експресија. Ако е како првото, тогаш тоа е 100% субјективна категоризација. Што на некому му е убаво, смешно, тажно и интересно е сосема негово право. Ако тргнеме по тој пат тогаш се согласувам. Убеден сум дека вечином од гласачите на ИМДБ гласаат на овој основ. И тоа е сосем ок.
Ако тргнеме по вториот пат, работите троа се менуваат. Замисли ја следнава ситуација. Ти си втора средно и треба да одговараш по историја. Максимално си учел, си се спремал не само по учебник туку си разлистал и интернет, си направил презентација во пауер поинт, си вежбал дома да завршиш точно колку што трае школскиот час 45 минути, датумите да се во ред, користената литература да е во ред. И почнуваш да одговараш. Арно ама гласот ти е слаб и монотон, стоиш здрвен, динамиката ти е бавна. 80% од класот заспал, професорката во себе си вика-Дај ми пиштол да исечам вени.
После тебе станува Перо. Харизматично почнува да раскажува како да е презентација на топ шоп, како да е умешен мотивационен говорник, пола работи немаат историска врска, другата пола едвај раскажано на брзина без детали, кажува успат и некоја смешка, цел клас се смее, професорката се смее и си вика во себе-Оф само ти наполни 18. Тебе ти става 4-ка. Него му става 5-ка. Затоа што у неговото одговарање уживала. Финтата да ја фати на тоа што е забавен му успеала.
Ај сега замисли 2 историски филма на иста тема да речеме Втора Светска. Првиот детално гледал хронологијата да е точна, униформите, оружјата, стајлингот да е автентичен на тоа време, теренот на битките да биде ако не на оригиналната локација барем на локација која е доста слична. Актерите реално да ги доживеат емоциите, страв, очај, посттрауматскиот стрес, односите меѓу самите војници, односите на непријателите очи во очи...
Во вториот ги ставаат Сталоне и Џејсон Статам. 80% од филмот кољаат нацисти како да се компири, шта знае Статам што е страв му идат 40 души не само што не се сере туку ги рока еден на еден како што всушност и реагираат нормални војници во реалноста кога се во сооднос 40 на 1, битката била во зима, овие по рамбовки седат, бомби летаат на сите страни, авиони паѓаат погодени од од два куршума од земја итн...
"Фер" ли е вториот да го оцениме подобро? Само затоа што времето ти летнало за 5 минути? Затоа ти викам, зависи кое стојалиште ќе го одбереме. Филмот е ентертејмент. Ама воедно е и уметност. Еден ист филм може да биде и двете, ниту едното, или едното од двете. Два различна суда имам според тоа кој агол ќе го фатиме.
Ти идеш со соло размислување, еве конкретно за Мементо. Финтата со редоследот кај тебе не поминала и поради тоа ти мислиш дека оценката од 8.4 е превисока. Но милион други луѓе не се согласуваат со тебе и велат дека баш филмот ја заслужува оваа оценка. Поминала финтата со редоследот и баш заради тоа мислат дека е 10ка (иако филмот нуди многу повеќе него ли само беквордс редослед). Дали овие луѓе не се во право и филмот е лош или едноставно филмот не ти легнал тебе? Ако тебе не ти легне филмот и не си го пронашол тоа што го бараш тоа не значи дека филмот во глобала е лош.
Знаеш што е интересното тука? Што финтата со редоследот помина и кај мене. Немој да мислиш дека не конзумирам турбофолк, пица-бурек или суперхеројски филмови. И дека не уживам во нив. Тоа е една од функциите на филмот, всушност тоа и го бара генералната публика. Таа сака да бидеш изманиплирана, таа сака преувеличување на работите, таа сака холограм во којшто реалноста е неприродно идеалистична, таа бара бара адреналин, бара интензитет на чувства што не постојат во реалниот живот. Освен ако не се нашмркаш бело, или не кркаш табли. Публиката бара да биде дупена.
Што ми беше зборот. Редоследот помина и кај мене, како што прошле и многу други од овие финти. Единствената разлика е што јас лично, од кога ќе помине еуфоријата, од кога ќе спласне коктелот од хормони, се трудам (успешно или не), филмот објективно да го оценам како целина. Како да сум на местото на таа професорката во средно. А тоа значи да ги тргнам финтите и форите кои те манупулираат за време на филмот, без разлика што убаво ти било за времетраењето на филмот.
Да финиширам со реална случка. Кога излезе Amour на Михаел Ханеке, бев да го гледам, мислам на Синедејс беше, ама не сум сигурен. Многу се мачев со филмот. Ептен досаден ми беше, мачен како да се возиш во автобус по кривини, со исклучок на една сцена со гулаб што ми беше ултра кул, едвај чекав да заврши оти од принцип не станувам од филм колку и да е лош или не ми се допаѓа, го седам до крај. И најверојатно не би го гледал пак. 10 пати подобро би го гледал Умри Машки. 10 пати непрекинато би го гледал Умри Машки.
Некој ден потоа се среќавам со можеби најдобриот филмски критичар во Македонија, типот има водено емисија за филм, има пишувано книги и статии за филмови, значи со позадина, со креденцијали со се. Се зазборевме за Синедејс и го прашав дали бил да го гледа Amour. Ми рече дека филмот е поголем од животот. Со тие зборови. Не можев да му кажам дека милиони луѓе не се согласуваат со него и го имаат избрано Умри Машки. Луѓе имаат направено миљарди прегледи на Карди Би на Јутуб. Не можав да му противречам не само ради искуството, пишаните книги, емисиите, интервјуата со доммашни и странски актери, режисери, сценаристи... Фактот што мене ми беше турбо најјако кога Џон Меклејн singlehandedly им еба мајките на цела банда на Ханс Грубер не го менува моментот дека Amour е ремек дело.
Затоа ти викам, зависи кој пат ќе го одбереш...