- Член од
- 6 септември 2007
- Мислења
- 8.294
- Поени од реакции
- 8.443
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Imdb > lbАко тргнете по тој пат, од некаде мора да се почне. Мене ми е ставено сѐ што сум гледал од некаде 2008 па навака. Тогаш имаше една апликација, на fb, Flixster се викаше. Прво таму ги логирав и оценував, па кога се појави LB, еден по еден ги препишав и оценките и рецензиите. Сега, скоро, во октомври или ноември, дури и се нафатив сѐ од LB да префрлам и на IMDB. И еве, по 2-3 месеци, скоро 80% сум готов и со тоа.

Од IMDB на LB е лесно, со експорт. Обратно не може. Ама ти имаш утнато нешто со експортот, или? Вика дека имаш само 7 филма гледано во животот, а во watchlist милион.Ова лесно иде со импорт=ехпорт на листи
префрлив од имдб на леттербокс, сеа остана и од тракт да префрлам немам све али од нешто да се почне
утре ке платам про пошто гледам има и justwatch што ми иде прилог за најави на серии филмови итн.
само еден следам најдобриот @Anon
![]()



Премногу длабоко влегуваш во филмовиве. Ако на сите филмови влегуваме вака длабоко тогаш на сите ќе им најдеме мана. Може ти нема да му најдеш зошто ти се допаднал поради x причини, ама некој друг сигурно ќе му најде. Што има врска ако режисерот користи финта? Доколку финтата помине и мене ми се допадне сето тоа зошто тогаш да не кажам филмов е супер еве му 10ка.
Кога сме кај Американ хистори Х, едноставно уживаш дури го гледаш филмот, не е дека е филм што е популарен ради расизмот. Всушност човекот од нео-нациста, кој ништо не постигнува и само си го упропастува животот, пробува да биде човек. Споредбава со Борјан ич не е на место. Многу глумци треба да учат како се глуми од Нортон. А за имдб 250 има многу филмови што не треба да бидат таму.
@Sussaro добар пост, го исчитав целиот, посебно ова со Коенови секако се согласувам.
Ама за American History X не можам. Како да ги тргнеш настрана расните теми, кога тоа е целата поента на филмот, главниот мотив околу кој се врти целата приказна? Ова како да кажеш во Life is Beautiful да го тргнеме Холокаустот настрана.
Ја па дури мислам дека American History X е до некаде потценет филм, пошто не е толку експониран како други филмови од листата на ИМДБ. Барем имам впечаток дека филмските фанови многу повеќе зборат за филмови кои се далеку послаби од него и кои ни од далеку немаат толку силна порака.
Премногу длабоко влегуваш во филмовиве. Ако на сите филмови влегуваме вака длабоко тогаш на сите ќе им најдеме мана. Може ти нема да му најдеш зошто ти се допаднал поради x причини, ама некој друг сигурно ќе му најде. Што има врска ако режисерот користи финта? Доколку финтата помине и мене ми се допадне сето тоа зошто тогаш да не кажам филмов е супер еве му 10ка.
Ти идеш со соло размислување, еве конкретно за Мементо. Финтата со редоследот кај тебе не поминала и поради тоа ти мислиш дека оценката од 8.4 е превисока. Но милион други луѓе не се согласуваат со тебе и велат дека баш филмот ја заслужува оваа оценка. Поминала финтата со редоследот и баш заради тоа мислат дека е 10ка (иако филмот нуди многу повеќе него ли само беквордс редослед). Дали овие луѓе не се во право и филмот е лош или едноставно филмот не ти легнал тебе? Ако тебе не ти легне филмот и не си го пронашол тоа што го бараш тоа не значи дека филмот во глобала е лош.
A чичко Ларс Фон Трир што кажа...Еве чичко Линч што би ви кажал на вас за тоа што не ги разбирате филмовите
Мене лично еве повеќе ми се допадна од сите што ги наброја а ги имам гледано (освен Primal Fear) и многу повеќе сум уживал во него. Кога сме кај Кубрик, баш пред некој ден го гледав Full Metal Jacket и првиот дел супер топ филм, иако имаше претерано дерење глава да ти пукне, ама вториот дел типичен воен филм, досадно. Не е дека ова е филм на кој што се ложат луѓе ко што се ложат на Авенџерс.На пример уживав во Адвокатот на Ѓаволот или во The Game на Финчер. Од горе-долу тоа време. Ама не се ни во 250 листата. А Нортон, Нортон глумеше маестрално во Primal Fear. Нортон беше феноменален и во The Score. Тие не се на листава. Зошто? Што е посебното во овој филм? Со што се истакнал Американ Хистори Икс да биде пред една таква епохална сага како Беше Еднаш во Америка на Леоне? Пред сите филмови на Стенли Кјубрик?