Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Овој и е единствен филм од тие поспомнуваните, кој и го немам гледано, а 100 години ми е во вочлист. Дури и симнат, мислам! Нека поминат на ред Оскаровскиве, и ќе му седнам.

Сонце ми е Мулиган! :love:

И да го гледаш. Еден од подобрите филмови што ги гледав лани, воедно и најтажните.
Не само ради Кери, која секаде си е одлична во улогата, али овде Фасбендер е брилијантен, после филмов мислам дека е скроз потценет ко актер.
 
И да го гледаш. Еден од подобрите филмови што ги гледав лани, воедно и најтажните.
Не само ради Кери, која секаде си е одлична во улогата, али овде Фасбендер е брилијантен, после филмов мислам дека е скроз потценет ко актер.
Глеј го и Hunger. Вчера го гледав, Фасбендер кине и таму, ослабен е ко К.Бејл у Машинист.
Вистинска приказна за еден затвореник од Ирска во времето на немирите. ИРА затвореник.
Од истиот режисер Стив Меквин, спора драма, квалитетна.
 
На дадичка најубав тој :D

jonny.png
Е ти тешко дека ќе направиш. За да логираш се што си гледал, и тоа само од последниве 2 години, ќе ти треба уште една година. :вонзем:
 
Е ти тешко дека ќе направиш. За да логираш се што си гледал, и тоа само од последниве 2 години, ќе ти треба уште една година. :вонзем:
Епа ова е најголемиот проблем. Еден куп филмови имаме изгледано и ќе треба со денови да ги ставаме, а и на голем број на филмови нема ни да ни текне дека сме ги гледале.
Единствен начин ќе биде да ги ставаме овие од денес па натака што ќе ги гледаме, па ќе му дојде како од денес да сме се родиле.
 
Епа ова е најголемиот проблем. Еден куп филмови имаме изгледано и ќе треба со денови да ги ставаме, а и на голем број на филмови нема ни да ни текне дека сме ги гледале.
Единствен начин ќе биде да ги ставаме овие од денес па натака што ќе ги гледаме, па ќе му дојде како од денес да сме се родиле.
Ако тргнете по тој пат, од некаде мора да се почне. Мене ми е ставено сѐ што сум гледал од некаде 2008 па навака. Тогаш имаше една апликација, на fb, Flixster се викаше. Прво таму ги логирав и оценував, па кога се појави LB, еден по еден ги препишав и оценките и рецензиите. Сега, скоро, во октомври или ноември, дури и се нафатив сѐ од LB да префрлам и на IMDB. И еве, по 2-3 месеци, скоро 80% сум готов и со тоа.
 
Ако тргнете по тој пат, од некаде мора да се почне. Мене ми е ставено сѐ што сум гледал од некаде 2008 па навака. Тогаш имаше една апликација, на fb, Flixster се викаше. Прво таму ги логирав и оценував, па кога се појави LB, еден по еден ги препишав и оценките и рецензиите. Сега, скоро, во октомври или ноември, дури и се нафатив сѐ од LB да префрлам и на IMDB. И еве, по 2-3 месеци, скоро 80% сум готов и со тоа.

Ова лесно иде со импорт=ехпорт на листи
префрлив од имдб на леттербокс, сеа остана и од тракт да префрлам немам све али од нешто да се почне
утре ке платам про пошто гледам има и justwatch што ми иде прилог за најави на серии филмови итн.

само еден следам најдобриот @Anon :P

 
Ако тргнете по тој пат, од некаде мора да се почне. Мене ми е ставено сѐ што сум гледал од некаде 2008 па навака. Тогаш имаше една апликација, на fb, Flixster се викаше. Прво таму ги логирав и оценував, па кога се појави LB, еден по еден ги препишав и оценките и рецензиите. Сега, скоро, во октомври или ноември, дури и се нафатив сѐ од LB да префрлам и на IMDB. И еве, по 2-3 месеци, скоро 80% сум готов и со тоа.
Imdb > lb :D

Иначе за другиве не знам како можете без да следите, јас вака сум заборавил да оценам филм и ми се случувало пак да симнам гледан филм.
 
Ова лесно иде со импорт=ехпорт на листи
префрлив од имдб на леттербокс, сеа остана и од тракт да префрлам немам све али од нешто да се почне
утре ке платам про пошто гледам има и justwatch што ми иде прилог за најави на серии филмови итн.

само еден следам најдобриот @Anon :P

Од IMDB на LB е лесно, со експорт. Обратно не може. Ама ти имаш утнато нешто со експортот, или? Вика дека имаш само 7 филма гледано во животот, а во watchlist милион.
 
Да се надоврзам на муабетот за браќа Коен, но по малку и за други филмови и режисери. Ќе има спојлери. И непопуларни филмски мислења. И долг пост ќе биде.

Честопати режисерите користат финта со цел да направат од еден лош или просечен филм да изгледа како нешто маестрално. На пример дел од тие финти се: голотија, претерано насилство и крвави сцени, специјални ефекти, плот твист во смисла цел филм е тапа ама на крај приказната се врти и сите остануваат зинати итн... итн...
Од овој финтаџиски агол при оценување на филм многу е битно:
1. Да се идентификува финтата.
2. Да се постави прашањето-Ако се отстрани финтата дали филмот останува квалитетен?

Значи тргаме на страна голотија, насилство, визуелни ефекти. Дали успеавте да се внесете во филмот? Дали приказната има смисла? Дали ви отвори/затвори филмот некои прашања или дилеми? Дали се ликовите добро разработени и развиени? Дали има дупки во наративот и дали се "опростливи" или се катастрофални? Каква е глумата на актерите? Дали филмот извадил од вас некоја е емоција, ако е хорор дали добро ве исплашил, ако е комедија дали ве насмеал? Дали сте успеале да се поврзете со ликовите? Дали темите на филмот се добро обработени? Има ли филмот некоја креативна замисла, некоја оригинална идеја, нова точка на перспектива?

А сега да се навратиме на No Country for Old Men. Финтата со која браќата Коен се служат често низ филмовите не можам да ја сведам на еден збор како голотија или визуелни ефекти туку ќе пробам со неколку зборови. Тие користат "симболики", "обскурни сцени", "vague конверзации", "дејства без некоја конкретна причина" за да предизвикаат одреден "мајндфак" кај публиката.
Што е суштината на филмот? Крими/трилер и лов на криминални пари изгубени во меѓумафијашка пресметка. Солиден е, да. Хавиер Бардем маестрално го глуми негативецот, без збор. Но? Дали е нешто што не сме виделе претходно? Што е филмот подобар од многуте (дел и бајаги подобри) крими/трилери? Што прави овој филм да не е само уште еден блокбастер што излегуваат по неколку годишно?

И тука стигаме до финтата, импровизираниот такадагонаречам надреализам. Тип влага у зграда и вика-Знаете ли дека зградава нема 13-ти спрат? Уау, што ли сега тоа значи? Бардем не ги убива сите ликови, им фрла паричка и ако погодат петка или глава ги поштедува. Зошто? Да беше Брус Вилис или Шварценегер ќе ебеа матер на све живо. Но не и сега. Овој Рамбо, дами и господа фрла паричка. ПАРИЧКА! Уау, каков момент, каква само замисла! Да го убие директива е просто, очекувано, а што друго попредвидливо можеме да побараме од негативецот? Ама паричката, паричката е правата уметност тука. Класичен крими трилер би завршил со жртви у утепани. Но не и Коенови, Коенови се нешто посебно. И тука има жртви и утепани. Ама после жртвите и покољот, го гледаме Томи Ли Џонс како раскажува како сањал два сона. Некаде со татко му биле нешто, нешто... Мислите дека во треторазредни акции со Џејсон Статам, дотичниот би раскажувал некој ваков сон на пример. Пробува да се напие вода од некоја чешма, но таман да се напие водата прекинува да тече. Но кога се одалечува од чешмата, таа почнува пак да тече. И тогаш се појавува покојниот му татко и му вика-Сине, не се пие од сите води и исчезнува.

Еве филм. Почнува со тоа што еден тип засртелува друг. Не знаеме зошто. Ќе вметнеме некој лајт мотив, некој симбол тука. Тоа може да биде триаголник, бројот 74 или песочен часовник. Еве змија нека биде. Змијата ќе ја провлекуваме низ филмот. Суптилно, ненаметливо. Еден од ликовите ќе има тетоважа на змија. Стрип клубот во кој ќе влезе протагонистот ќе се вика Snake Club. Додека чекорат по прашливиот пат некаде во Аризона, змија ќе им го пресече патот на 2 секунди, и ќе ја снема, залудно протагонистот ќе се чуди каде во сред таа пустелија без вегетација успеала да се скрие. Па протагонистот заспива и сонува сон. Сонот што протагонистот ќе го сони е како се наоѓа сред расад со пченки. Или сончогледи. Или јаболки. Да, да јаболки. Протагонистот надбљудува жена како се пораѓа. Сцената е во црно-бело. И во слоу моушн. Во позадина Ханс Зимер со некое меланхолично пијано со примеси на благ хорор и неизвесност. Жената му го подава новороденчето на протагонистот. Тој го зема бебето, но во тој момент змија околу 15 метри излегува од грмушката и го проголтува детето цело. Протагонистот се буди во раскантана куќа среде прашливиот предел. Излегува надвор на надворешната чешма. Полни шише со вода. Намерно го истура. Полни пак. Пак намерно го истура. Полни трет пат. Трет пат го истура. После го крши шишето од земја. Мора на третиот пат да биде. Не вториот или четвртиот, третиот. Влегува во куќата и низ прозор гледа во далечината некој пик ап како се приближува. Трепнува и следната сцена веднаш после трепнувањето е како пик апот магично е веќе пред куќата. Оди до вратата да му отвори на гостинот. Поминува покрај огледало. Одразот негов во огледалото касни една секунда во движењето. Он веќе го одминал огледалото, а одразот негов тек после една секунда. Му отвора врата на гостинот. Започнува финалниот дијалог меѓу протагонистот П и гостинот Г.

П-Не можам да кажам дека ми е мило што те гледам повторно. (Претходно во филмот нема сцена каде се среќаваат. Или још боље, гостинот прв пат се појавува во оваа сцена, го нема во остатокот од филмот).
Г-И на змијата (хммм змијата) не и е мило кога се враќа во змијарникот.
П-Уште колку пати треба да се повтори истово Џеј? (Џеј се вика гостинот).
Г-Го знаеш ли митот за Пефкохореус? Пефкохореус стигнал до ветената чешма и наточил вода, но веднаш му се истурила. Втор пат исто. Трет пат исто. На крај бардакот му се скршил, и никогаш не се напил од ветената вода.
П-Не ме патронизирај Џеј. Дали е готово?
Г-Знаеш дека тоа никогаш нема да биде готово.
П-Добро знаеш на што мислам. Во дадениве околности, дали може да сметам дека тоа е завршена работа?
Г-Да речеме дека змијата е без опашка. За сега.
Г вади од под пазувата на капутот нешто. Може да е кутија, книга, поклон со машна, лап топ или смартфон и му ја подава на П. П гледа во кутијата/лаптопот/книгата. Камерата е под агол каде што ние гледачите не можеме да видиме што има внатре/што чита или гледа П.
П-До нажалост следната средба Џеј.
Г-The displeasure is all mine.

Крај.

"Ве дупев" ли сега да читате "софистицирани" глупости? (енетер зелено смајли тука) Епа така Коенови не дупат нас. Да не се разбереме погрешно, многу ценам филмови каде што има конкретна симболика или тема која функционира на повеќе слоеви. Но кога дејството е толку обскурно, кога дијалозите се толку недефинирани што секоја сцена, секој разговор, секоја симболика може да значи апсолутно се (или апсолутно ништо) и може да биде протолкувана на милион начини тогаш најчесто се работи за тежок булшит. Финтите на Коенови се тежок булшит. Самите филмови како филмови се ок, просечни може дури и солидни но се класични филмови, ништо да паднеш на гз, ништо оригинално, ништо да се трескаш од земја. Целата финта е тој обскуритет, тој надреализам. Другите капричиози со Мет Дејмон и Том Круз се капричиози. На Коен е исто капричиоза, само што лажат дека се работи за нешто спектакуларно. Само затоа што ставиле плус кари зачин. Или песто сос. Или ви кажале дека оваа капирчиоза не е печена во печка на струја/дрва/гас него на соларни панели. Тоа е се, глупи фори за лакањаши и хипстери да речат-Аууу го гледаше ли, сцената со Пефкохореус кога не можел вода да пие! Не бе брат, проаѓа и одразот од огледалото му касни. Значи дека е веќе умрен. Не е умрен бе глуп, сонува. И двајцата сте глупи, во паралелна димензија е, змијата го јаде уште кога бил дете и сега е во холографски свет.

Мементо, целата финта е нехронолошкиот редослед на настаните. Нареди ги по ред и добиваш класичен трилер. Далеку од лош. Ама 8.4?

Американ Хистори Икс. Убедливо најпрецент филм на таа IMDB 250 листата. Целиот филм пали ради расната карта, која е секогаш "скокотилва" тема во Штатите, посебно во тоа време. Неонацист кој по прашање на малцинства се трансформира во америчкиот Борјан Јовановски. Тргни ја расната карта, стави го Едвард Нортон во некоја банда А кој убива ривал од непријателската банда Б, лежи во затвор каде што затвроеник од банда Б му помага да преживее. Се друго е исто, сцените, актерите, апсолутно се. Единствената разлика е што место белци убиваат црнци и обратно, бандити од А, убиваат бандити од противничката банда. 38-мо место на IMDB. На вадење на заб со корен без анестезија би ми текнале 20 подобри филмови.

И додека сум тука, Марвел се турбфолк филмови, како што пица-бурек е турбофолк храна.

Ете, го реков тоа.

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom