Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.240
Поени од реакции
3.137
На пример уживав во Адвокатот на Ѓаволот или во The Game на Финчер. Од горе-долу тоа време. Ама не се ни во 250 листата. А Нортон, Нортон глумеше маестрално во Primal Fear. Нортон беше феноменален и во The Score. Тие не се на листава. Зошто? Што е посебното во овој филм? Со што се истакнал Американ Хистори Икс да биде пред една таква епохална сага како Беше Еднаш во Америка на Леоне? Пред сите филмови на Стенли Кјубрик?
Мене лично еве повеќе ми се допадна од сите што ги наброја а ги имам гледано (освен Primal Fear) и многу повеќе сум уживал во него. Кога сме кај Кубрик, баш пред некој ден го гледав Full Metal Jacket и првиот дел супер топ филм, иако имаше претерано дерење глава да ти пукне, ама вториот дел типичен воен филм, досадно. Не е дека ова е филм на кој што се ложат луѓе ко што се ложат на Авенџерс.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Ај сега замисли 2 историски филма на иста тема да речеме Втора Светска. Првиот детално гледал хронологијата да е точна, униформите, оружјата, стајлингот да е автентичен на тоа време, теренот на битките да биде ако не на оригиналната локација барем на локација која е доста слична. Актерите реално да ги доживеат емоциите, страв, очај, посттрауматскиот стрес, односите меѓу самите војници, односите на непријателите очи во очи...

Во вториот ги ставаат Сталоне и Џејсон Статам. 80% од филмот кољаат нацисти како да се компири, шта знае Статам што е страв му идат 40 души не само што не се сере туку ги рока еден на еден како што всушност и реагираат нормални војници во реалноста кога се во сооднос 40 на 1, битката била во зима, овие по рамбовки седат, бомби летаат на сите страни, авиони паѓаат погодени од од два куршума од земја итн...

"Фер" ли е вториот да го оцениме подобро?
Фер е. Филмот е доживљај, филмот е емоција, филмот е искуство.
Филмот НЕ Е костимографија, ниту сценографија ниту шминка и локација.
Добар филм ќе разбуди во мене емоции, ќе предизвика милион хемиски реакции, ќе ме расплаче, ќе ме насмее, ќе ме загрижи, ќе ме исплаши, ќе ми позајми туѓ живот за живеење и ќе ми го одземе по 2 саати. Филмот не е репортажа, филмот не е извештај.
Објективно оценување е најбескорисното губење минути од животот, а друго многу поважно, луѓето ги интересира што за тебе лично претставува извесен филм, ќе ги интересира што предизвикал во тебе и какви емоции разбудил, ќе ги интересира импресијата и чувствата што си ги имал кога си излегол од кино.
Малку е контрадикторно што велиш филмот е уметност и истовремено сакаш објективно да го оценуваш и да го делиш на преценет/потценет. Уметноста и нејзиното доживување може да биде исклучиво субјективно и секој си ја интерпретира уникатно.
Ти секако ќе си ги оценуваш филмовите по твои параметри и секој си го прави тоа, меѓутоа муабетот ми е, твоите оценки и интерпретации не се ништо поточни или поверодостојни од оние илјадници на имдб што високо оцениле филм што тебе не ти се допаднал, ничии оценки не се помалку или повеќе точни од некои други оценки, и да не заборавиме дека тука зборуваме за некаква безначајна статистика на некаков безначаен сајт за филмови. Единствено што е значајно за секој филм, е импресијата и емоцијата. Се друго е техникалија и статистика.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324

Не е баш така едноставно. Филмот е импресија и емоција. И толку.
Зошто тогаш постојат "професионални" филмски критичари? Зошто медиуми како Гардијан и многу други плаќаат за такви луѓе? Што е толку посебно во доживувањето и емоцијата што ја добил Перо од Њу Јорк Тајмс за разлика од Трпе од Автокоманда? Ако се е индивидуално, ако нема точен/погрешен одговор јас да сум газда на Њујорк Тајмс секоја недела би одбирал рандом различни луѓе од секојдневниот живот и би им плаќал некој хонорар да ми напишат рецензија за некој филм. На тој тачин ќе добијам широк диЈазепам на мислења, така барем поинтересно ќе биде, шареколикост, различни луѓе различни доживувања. Што мора па Перо да го читаме цело време?

Моцарт правел музика. Драган Вучиќ правел музика. Не верувам дека на некој школован, професионален музичар, посебно со компонирање ако се бавел му кажеш-Драган Вучич правел подобра музика од Моцарт, дека одговорот што ќе го добиеш е-Види се е тоа индивидуално, нема тука точен или погрешен одговор.

Сасим друго е да кажеш-Мене Моцарт ми е напорен да го слушам. Од друга страна, уживам во Драган Вучич, инстантно ме орасположува и ми го прави денот. Тоа е фер и легитимно право.

Се согласувам со тебе дека уметноста не може да се мери со ленир, топломер или радар за брзина. Ама премногу е едноставен одговорот дека е само емоција, ништо повеќе. Ако лупнам 3 лексилиуми можам да одам на најстрашниот хорор на сите времиња, на најтензичниот трилер некогаш што постоел и да не ми затрза мускул на прст. Ако два ден од кога ми умрело кучето одам да ја гледам најдобрата комедија на сите времиња, комедија која 940 од 1000 рандом испитаници рекле дека е најсмешното нешто што го виделе во животот а сум во тешка депресија, ја намалува ли тоа вредноста на филмовите?
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799

Скроз небитно што ќе каже школуваниот музичар. Можеш да го дефинираш квалитетното? Секој има различни стандарди за тоа што е квалитет. Јас имам одредено едно ниво за квалитет, ти имаш друго.
Еве у Македонија кој ги полни салите/кафичите/дискотеките? Цеца/Аца Лукас или Стинг/Апокалиптика? Спореди ги бројките. И јас некои филмови сметам дека се ремек дело, а не се во топ 250 листа. Еве конкретно Sound of Metal, Setsuko го има доживеано поразлично од сите нас. Јас други филмови имам доживеано поразлично од вас и секој различно. Тоа не значи дека Setsuko, јас или било кој друг има понизок/повисок квалитет.

Сум работел на некои од овие филмови што се на топ 250 листа, и ги памтам по костимографија, по ефекти, по добриот саунд едитинг. И на некои им давам чиста 5ка. Има филмови што не се на таа листа, ги памтам по емоција, по доживљај што можеби ме навраќа на некој дел од мојот живот или искуство. И тие се 5ка, ама кога ќе се навратам први што ми текнвуаат се овие по емоција. Тие оставаат впечаток. На крај сето ова се само мои гледишта и оценки и е сосем во ред ако некој друг не се сложува со тоа.

пс. Перо од Њу Јорк Тајмс има знаење за маркетинг, и знае како да ти продаде карта за филм макар и бил чист просек. Затоа Трпе си е во Автокоманда.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Не е баш така едноставно.....

Сасим друго е да кажеш-Мене Моцарт ми е напорен да го слушам. Од друга страна, уживам во Драган Вучич, инстантно ме орасположува и ми го прави денот. Тоа е фер и легитимно право.
Иако уметност не можеш стриктно да дефинираш ко егзактна наука, Кандински бил близу со - уметноста е транседенција кон метафизика.... а тоа подразбира и достигнување екстаза во кршење на чашата додека певаљката у кафана те дира со песната, филувано и со визуелното естетско искуство на отвореното деколте и миничот.
Тврдењето дека тоа е просто и помалку вредно не е ништо друго туку интелектуален вонаби елитизам.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Скроз небитно што ќе каже школуваниот музичар.
Скроз небитно што ќе каже школуваниот музичар на тема музика. ОК.

Можеш да го дефинираш квалитетното?
Да беше едноставно ќе кажев едноставно е. За да снимиш квалитетен филм ти треба
а)
б)
в)
г)
и имаш 100% загрантирано добар филм

Не е ова мерлива и егзактна наука. Не можам да го дефинирам квалитетното. Ама она што можам е да набројам работи на кои се осврнувале разни професионални критичари при евалуација на филм. Сценографија, костимографија. Доколку се работи за историски настан, нивото на автентичност. Се разбира ако е измислена случка, тогаш нема што да се барани историска позадина. Како и дали саундракот го надополнува филмот. Дали има дупки во приказната, ако е за патување низ времето, дали се сопнале на временските парадокси на пример. Ако се работи за шизофреничен карактер дали шизофренијата била соодветно претставена. Дали филмот бил предолг/прекраток, дали некои сцени биле непотребни или спортивно дали требало повеќе сцени за убаво да се дообјасни дејството. На пример за Хобитот имаше од повеќе страни критики дека се можело да помине со еден филм, дека премногу е отупено и развлечено дејството за да бидат 3 филма. Дали филмските ликови се убаво разработени, дали публиката може да ги идентификува како индивидуи, да се поврзе со нив. Ако е љубовна приказна дали имало хемија меѓу ликовите, дали биле убедливи како љубовници. Каква била шминката, какви биле сценските ефекти. Дали употребата на камерата била соодветна. На пример за Трансформерс мислам беше имаше оштри критики дека сцените биле толку брзи што луѓето добивале вртоглавици. За други дека осветлувањето било слабо и не се гледало баш добро. Ако е научна фантастика дали биле запазени законите на физиката. На пример во Интерстелар консултант бил Кип Торн, еден од најдобрите светски физичари. Будали, лупни таму 3 екссплозии како во Авенџерс, нек се народ радује, научник ќе ангажирале. Каков е текот на приказната, дали има добра увертира да се запознаеме со работите и продолжение или се е набрзина склепано како во 5 за 12 да го правеле. Глумата на самите актери, дали се снашле во улогата, дали убаво го доловиле тоа што филмот сакал да го долови. Дали е преголем фокус на еден аспект од филмот наместо на друг, да речеме ако се работи за историски лик, филмот дал премногу минутажа на жена му и 5-те швалерки, а не на музиката (ако бил музичар), политиката (ако бил политичар) или спортот (ако бил спортист). Итн, итн можам уште 3 параграфа да пишам.

Филмовите имаат повеќе сегменти, повеќе агли на обработка. Колку повеќе агли разработиш и инкорпорираш толку поголема веројатност е дека ќе добиеш квалитетен филм. Премногу е просто се да сведеме на емоција. Иако како што кажав многумина ја земаат единствено оваа компонента. Пак ќе кажам нема ништо грешно во тоа, ако го надбљудуваме филмот стриктно од точка на ентертејмент валју. Ако ја земеме таа и само таа компонента. Ама како што гледаш погоре, филмот е збир на многу повеќе работи.

Јас сум свесен дека ентертејмент валјуто носи најмногу пари. Целиот Марвел универзум постои единствено за таа работа, ентертејмент валју и штанцање пари. Нема никаква доследност, ликовите кога треба умираат кога треба магично оживуваат, кога треба да бидат заробени супер оружјето не им функционира, кога треба да функцинора, функционира, те смртно се болни, те откриваат некој магичен кур од овца што расте на дрво во некој планета од кој инстатно оздравуваш, те негативецот е непобедлив, те измислуваат нов хемиски елемент од кој негативецот станува победлив, времето може да се врати назад кога треба ама и не може кога не треба. Апсолутен турбофолк. И се е тоа ок. Пазар, понуда и побарувачка и јас имам изгледано неколку. Не ми пречи. Ама затоа по 4-ти пат, зависи кој пат ќе го фатиме. Ако го фатиме ентертејмент валјуто тогаш се е индивидуално, секој доживува се на различен начин, нема поквалитетно и понеквалитетно доживување, поквалитетно и понеквалитетно уживање или поквалитетна или понеквалитетна емоција. Ако го фатиме другиот пат премногу едноставен е одговорот-Филмот е емоција. Точка.

Иако уметност не можеш стриктно да дефинираш ко егзактна наука, Кандински бил близу со - уметноста е транседенција кон метафизика.... а тоа подразбира и достигнување екстаза во кршење на чашата додека певаљката у кафана те дира со песната, филувано и со визуелното естетско искуство на отвореното деколте и миничот.
Тврдењето дека тоа е просто и помалку вредно не е ништо друго туку интелектуален вонаби елитизам.
Ми отвораш стара рана. Да ти раскажам една приказна. На времето во Тафталиџе, во непосредна близина на средното Георги Димитров, имаше една кафана се викаше Веки, во подрумот на една куќа. Објектот сеуште постои само одамна е празен и не функционира. Во Веки пееше Жаклина Терзиева, алијас Жаки Макарена. Не можам да ти опишам што беше тоа. Нема видеа од тоа време. Ќе ставам само една слика од Жаки тогаш.

Колку што пука од сексипил на сликава, толку пукаше од харизма. Кога ќе фатеше да пее, 20% фалшливо, 20% пискаво, 100% боженствено, цела кафана беше во екстаза. Златните врмиња на Скопје, не постоеше концептот лаунџ бар, се пушеше внатре, биртиите работеа до разденување и даље, смееше да се качиш на стол, на маса, за пари можеше се. Жаки не беше ѕвезда. Жаки беше ЅВЕЗДАТА. Еден мој другар знаеше да каже-Два пати во животот сум завршил на токсикологија. Првиот пат беше ради Жаки Макарена. Жаки го вадеше од човек она основното, она суштинското, она есенцијалното. Примордијалната исконска потреба на прокреација, желбата да го извадиш анималистичкото, сељачкото од тебе и да го прегрнеш со целото свое постоење, да се качиш на столче, да и бутнеш 1000-ка меѓу цицки, да клекнеш на колена на подот полн засушени дамки од наливно вино, пикавци, тетанус и предсемена течност за да може да ти пее на увце: Јер немаш срцааааа, јер немаш душееееее!!!!!

Животот продолжи да тече. Ја барав Жаки на џез фестивали, ја барав Жаки на транс журки, ја барав Жаки во биртиите скриени во тесните истамбулски сокаци кои се одвојуваат од Таксим, си викав, браќава Турци ако не можат да те отворат кој? Па они го измислија турбофолкот. Ја барав по етно состави на Оф Фест, по авалони, литиум рекордси и пасворд продакшни. Во меѓувреме бев и на опери и оркестри, ги гледав Травијата, Турандот, Кавалерија Рустикана...ја гледав Весна Гиновска Илкова, ја гледав Наде Талевска како ја пее песната на дивата од 5-тиот елемент. Многу ќе кажат дека таа песна не е лесна да ја фатиш дури и како професионална оперска пејачка. Наде Талевска ја фати. Македонска Филхармонија многу пати, Пекиншката Филхармонија како гости во Скопје, гости од соседни и несоседни оркестри, филхармонии, оперски и неоперски пејачи. Брус Дикинсон и Мејден два пати.

Џабе. Џабе беше се. Џабе тие учеле музика, џабе оделе во конзерваториуми во Санкт Петерсбург, во Виена, џабе дадов 20 евра карта во Берлин за да слушам џез состав од Беркли, џабе магистрирале, џабе докторирале, џабе награди, џабе сертификати, џабе коња врани и ливади разиграни.

Апсоултно никој друг не можеше да ме транседира низ постоењето, да направи да сум толку жив токму тука во Македонија, на Балканот, каде што постои турбофолкот. Во врв на пијанство еден другар ќе речеше-Јас ги жалам Американците, немаат турбофолк, немаат на што да пијат. Сите овие години јас чезнеам барем уште една маратонска ноќ да сум во Веки со тогашната екипа (дел женети со деца, дел преселени низ светот) и да ја слушнам неа тивко, како на светот јас да сум единствената публика што ја имала и ќе ја има, нежно да ми каже "Срце је моје виолина, што је дираш кад не знаш да свираш". Би се задужил кај лихвари како автомеханичар во Златна Копачка. Би се ставил на веганска диета 3 месеца. Би пропушил пак и пак би ги оставил цигарите. Наде Талевска ја нема таа моќ. Жаки е подобра од Наде Талевска. Жаки го прави постоењето на Виенската Филхармоија непотребно. Жаки е човеколиката форма на порталот во Stargate.
 
Последно уредено:

Но пред некој/а да те прочита ко токсик маскјулинити кој ја обезвреднува жената и соголува на примитивно ниво, во прилог на твојата теза и јас би раскажал една кратка приказна но од другата страна да би имале џендер екволити, а воедно е во темава.

Имено сопругата со нејзините пријателици откако го увидоа постоењето на Џејсон Момоа влегоа во хајп за Аквамен, формираа и влегуваа во ФБ фан групи за дотичниот специмен, омилена реплика им беше дека филмот ќе го гледаат со кофи под столчињата... дека нели лубрикативни џусис.
Беа во кино организирани како вуменс најт аут и се сликаа со кофите од пуканките.
Замисли да го сретнат во живо.
Жаки, Момоа се новите просветлители, ти го одземаат д тинкинг мајнд и ти помагаат инстантно да увидиш...сффатиш кој си, што си и за што си а тоа е по мене врвна уметност.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Скроз небитно што ќе каже школуваниот музичар. Можеш да го дефинираш квалитетното? Секој има различни стандарди за тоа што е квалитет. Јас имам одредено едно ниво за квалитет, ти имаш друго.

:lolzz:
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Okolu diskusijata so No Country for Old Men:
Ubivanje na glavniot lik off screen e grev sho ne se prostuva.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom