grande-juve
е ај да плачеме сега
- Член од
- 20 ноември 2017
- Мислења
- 1.484
- Поени од реакции
- 7.307
Можеби единствениот филм за Втора Светска Војна што сум го исклучил на пола и не сум го догледал. Ужасно досаден, филм составен само од catch-phrases, демек Yeah America, и тек сега ми е јасно зашто првиот Дарио Нахарис го избација од ГОТ, чоекот не знае да глуми едноставно.
Екранизации на историски настани, обично се случуваат со извесна доза на преувеличување, аберирање, авторска слобода при додавање на елементи и сл. Егзактното пренесување на вистинитите настани, знае да биде не многу интересно за пошироката публика, па разбирливи се тие интервенции, од комерцијален аспект.
Но, овој филм е исклучок.
Битката за Мидвеј е можеби најинтересната битка во Втора Светска Војна. Пребогата со интересни и неверојатни моменти, оваа битка (во контекст на наративот од погорниот пасус) е екранизирана обратно.
Едноставно, било неможно сите интересни детаљи да бидат пренесени во два и кусур саати. Режисерот Емерих не морал да додава и преувеличува, туку да крати и прескокнува. Некои моменти не можел во целост да ги објасни и да го покаже нивното значење и учество во големата слика и тоа е исклучиво заради големиот број на такви елементи, од кои оваа битка е составена.
Кога ова е кажано, морам да признам дека во врска со тоа што го прикажува, филмот е неверојатно историски акуративен во споредба со многу други воени филмови (со исклучок на мал број моменти - ако сакаме навистина да цепидлачиме). Настаните и разни ситни елементи, кои ви делуваат како дел од режисерската слобода (затоа што личат неверојатно), да знаете дека се случиле. Како на пример:
- кога Јапонците го бомбардираат носачот на авиони, у целата фрка, бомби и експлозии, еден пилот влегува во полу-уништен авион, кој се наоѓа на пистата и седнува на задното седиште, па со митролезот од авионот пука по напаѓачите горе.и да не набројувам, све што ќе видите - стварно се десило.- повеќе бранови на бомбардери налетуваат на јапонските носачи и биваат сосема уништени без ниту еден погодок, или со погодоци, кои се небитни, но на крајот една група од само три бомбардери, напаѓа, со само три бомби фрлени (од секој по една). Двете бомби на бомбардерите, од лева и десна страна промашуваат, а едната (од централниот) погаѓа баш во точка, во која ако погоди, го уништува цел брод. Шанси - еден спрема илјада. Да, баш таму погаѓа и го уништува.
Релативно разновидна екипа глумци за ваков филм, а рака на срце, глумата не е кој знае што. Главниот глумец (првиот Дарио Нахарис) не знае баш да глуми. Режијата солидна, али и таа не е ништо посебно. Но, небитно, затоа што тука сум лично необјективен при оценката на уметничките квалитети и замижувам, ставајќи ја на прво место историската прецизност. (нешто што беше прилично занемарено кај екранизацијата на Битката кај Перл Харбур). Кога гледам екранизација на историски настан историската акуративност ми е на прво место.
Осмица - со попуштање од моја страна
Се сложувам со тебе дека глумата е лоша и дека филмот не е ништо посебно, од некоја претпоставена објективна перспектива. Но, во случајов не сум објективен и тука нема дилема. Реков дека кога станува збор за Втора Светска војна, на прво место ми е историската точност.Можеби единствениот филм за Втора Светска Војна што сум го исклучил на пола и не сум го догледал. Ужасно досаден, филм составен само од catch-phrases, демек Yeah America, и тек сега ми е јасно зашто првиот Дарио Нахарис го избација од ГОТ, чоекот не знае да глуми едноставно.
Релативно разновидна екипа глумци за ваков филм, а рака на срце, глумата не е кој знае што. Главниот глумец (првиот Дарио Нахарис) не знае баш да глуми. Режијата солидна, али и таа не е ништо посебно. Но, небитно, затоа што тука сум лично необјективен при оценката на уметничките квалитети и замижувам, ставајќи ја на прво место историската прецизност. (нешто што беше прилично занемарено кај екранизацијата на Битката кај Перл Харбур). Кога гледам екранизација на историски настан историската акуративност ми е на прво место.
Не е дека тука имаш многу неточности, но во врска со ова ќе ти кажам неколку работи:За вториот спојлер, иако не ја дочекав таа сцена да ја видам, после прочепкав и видов уствари што се десило на Мидвеј. Го уништил носачот на Јапонците со една бомба, затоа што во тој момент кога напаѓаат Американците, сите авиони на Јапонциве им се под палубата, за да им се сменат бомбите, т.е од торпеда прво ги смениле во бомби, па после кога се појавиле носачите на Американците пак назад во торпеда. И сеа тоа се дешавало брзо, па кога паднала бомбата врз носачот, ја пробила палубата, и експлодирала кај авионите кои пола и више имале наместено торпеда на нив, и затоа била таа огромна експлозија. Не ја изгледав сцената од филмот ама веројатно е лошо направена и затоа не е објаснето уствари како со една бомба е потонат цел носач на авиони.
Се согласувам со оценката што ја има. Дефинитивно подобар од Man from UNCLE, другите два се класика и треба да ги прегледам за се потсетам, али доста солиден.Ви се допадна The Gentleman? Мислам дека Гај Ричи завршил добра работа и мислам дека ова е Ричи во неговиот природен хабитат. Проба да направи нешто интересно со Man From U.N.C.L.E, кој не беше лош филм но Gentleman мислам дека му е ниво погоре. Солиден, многу солиден. Можеби нема да биде класика како Snatch и Lock Stock али дефинитивно добар.
Kinda doubt it дека тоа било само бонусСнеч ми е мене без конкуренција од филмовите на Ричи, ме остави без здив сценариото од почеток до крај, tight af. Бонус ми беше и Бред Пит како ирскиот Циган-боксер.
Џабе, ништо ако не глуми Де НироMartin Scorsese ode na kabl
Slavni reditelj Martin Scorsese pregovara s kablovskim gigantima Apple i Netflix da produciraju ili distribuiraju njegov sledeći...titlovi.com