Многу е јако чувството кога ќе гледаш некој филм по втор или трет пат и ќе откриеш нешто ново што си пропуштил. Пред некој ден ми се случи ова со Naked Gun 3. Одеше целата трилогија на Fox а јас ја гледам по кој знае кој пат, мада последно беше пред 5-6 години. И конечно сфатив што е штосот со една зафрканција, уствари едно зборче сум слушал погрешно а во превод на македонски се губи шегата...
Нели главното се случува на крајот на доделувањето на Оскарите каде терористите ставија бомба во пликот за најдобар филм. И таман Џејмс Ерл Џонс да го отвори пликот Френк Дребин (Лесли Нилсен) му го грабна и се развика It's a bomb! (така мислев). Ама наместо сите да почнат да бегаат екипата на еден од номинираните филмови почна да слави и да си честита. Знаев дека има тука некоја бизарна зафрканција ама не сфаќав точно што е...
И некна го пратам филмот, гледам што сум испуштил. Некоја минута пред тоа најавувачот вика „Сите номинирани филмови беа успешни на бокс офисот, освен еден“. И Лесли Нилсен викал It's
the bomb! Пошто знам што значи box office bomb сега знам што е збрката.
Инаку како ги имаат исмеано клишеата на Оскарите, и денес важат истите шеги како пред 25 години. Штета што веќе не се прават вакви пародии со убаво осмислени зафрканции.