Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

џимеј

Модератор
Член од
4 март 2007
Мислења
9.626
Поени од реакции
20.963
Ај демек да не бирам јас филмови секогаш, ѝ оставив на девојка ми да избере предлог. И вртиме низ почетната страна на Нетфликс, и ај одбра некој филм, романтична комедија. Во првите 10 минути, во поставувањето на приказната имаше азијка, црнец, геј пар, вегетаријанци. Јебига, мора се да е застапено... а продукцијата штура, бетер од халмарк филм.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
2.787
Поени од реакции
1.729
Јас уствари денес сфатив зошто Џорџ Лејзенби само еднаш беше Бонд.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.035
Поени од реакции
17.657
Досадно, мора да се пополни времето со нешто. Си правев листа на филмови кои освоиле Оскар во една од осумте главни категории, и еве што испадна (со зелено, сѐ ми е гледано):

001.jpg

002.jpg

003.jpg

004.jpg

005.jpg
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
972
Поени од реакции
3.003
Знам дека некаде имаше тема за непопуларни филмски мислења, ама не знам колку е ова за таму...

Го гледав Патерсон пред некој ден, хајпнат што од позитивните критики, што од вашите високи оценки на летербокс...
Се трудев цел филм да разберам која е всушност поентата во истиот, цел филм бев во исчекување да се случи, нешто, значајно. Се чувствував како да го чекам Годо, а од Годо ниту трага, ниту глас...
Оскудните дијалози,меланхоличната атмосфера и целокупната досада ме направи емоционално да се дистанцирам од истиот и да го доживеам ладно, како уште едно парче филмска уметност која не му ја разбирам вредноста, ниту пак пораките кои ги праќа допреа до мене.

Дали јас некаде погрешив? Дали барав премногу, или само барав нешто поинакво од она што го добив?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.035
Поени од реакции
17.657
Еден од неколкуте quest-ови што си ги поставив додека трае ова #СедиДома лудило (btw, одам и на работа јас, не седам само дома :P ) е да ги изгледам сите филмови кои освоиле Оскар за најдобар филм. И нормално, секогаш се почнува со оние најизвиканите, а негледани до сега. На пример, негледани ми беа епскиот Lawrence of Arabia, па култниот The Godfather 2, потоа Amadeus и т.н. И не знам дали до мене е, или хајпот имал контра-ефект, ама во поголем дел тие филмови ми се допаднаа, не велам не, ама не толку за да сметам дека се којзнае какви ремек-дела (со исклучок на Amadeus, ете, тој ме остави без здив, симнувам капа).

Е, ама има и такви филмови за кои претходно не бев слушнал речиси ништо. Тука никој не ги спомнал, не се некои ептен популарни наслови, ги нема во IMDB Top 250 и во други листи со најдобри филмови на сите времиња и сл. Е па баш таквите најмногу ми се допаднаа и најпозитивно ме изненадија.

Пред некоја година така ме изненади Terms of Endearment, освојувач на Оскар за најдобар филм за 1983. Кој не го гледал, ѕирнете го, гарантирам дека нема да зажалите. Така пред некој ден исто, филм за кој немав ништо слушнато претходно, Ordinary People, Оскаровец на Роберт Ретфорд од 1980 - многу ми се допадна. И сега, денес, барав што да гледам следно, и избрав, по случаен избор, зашто беше пократок од останатите симнати - In the Heat of the Night, освојувач на Оскар за најдобар филм во 1967. И немам зборови. Единствено што не ми се допадна е што беше прекраток и имаше пребрз расплет. Инаку - :cuc:.

Сидни Поатје, инаку, главниот актер во In the Heat of the Night, и чинам, првиот црн актер со номинација за Оскар, растурил во 1967. Освен тука (одличен, BTW), глумел и во уште еденфилм кој истата година бил номиниран за најдобар филм, исто, главна улога, а заработил 0 номинации!

И уште кога сме кај trivia-та. Вчера го гледав и мјузиклот Oliver!, Оскаровец од 1968, и не ме воодушеви многу, иако пеењето и играњето беа топ. Ама главниот актер, детето што го глумеше Оливер Твист, го барав да видам кој е, што правел понатаму во животот. Се прославил како дете ѕвезда, глумел во многу филмови, и подоцна се откажал од актерската кариера. Денес е познат како кум на Мајкл Џексон и негов многу добар пријател кој по неговата смрт изјавил дека во деведесетите донирал сперма на барање на Мајкл Џексон и дека постои голема веројатност ќерката на Мајкл, Парис Џексон да е всушност негова ќерка. :pos: Тотално неупотреблив и непотребен податок беше ова, ама морав, само како илустрација со што се замарам кога имам вишок време. :toe:

На 60/92 изгледани Оскаровци сум. 65%. Ќе биде!
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
10.954
Поени од реакции
11.399
Еден од неколкуте quest-ови што си ги поставив додека трае ова #СедиДома лудило (btw, одам и на работа јас, не седам само дома :P ) е да ги изгледам сите филови кои освоиле Оскар за најдобар филм. И нормално, секогаш се почнува со оние најизвиканите, а негледани до сега. На пример, негледани ми беа епскиот Lawrence of Arabia, па култниот The Godfather 2, потоа Amadeus и т.н. И не знам дали до мене е, или хајпот имал контра-ефект, ама во поголем дел тие филмови ми се допаднаа, не велам не, ама не толку за да сметам дека се којзнае какви ремек-дела (со исклучок на Amadeus, ете, тој ме остави без здив, симнувам капа).

Не секогаш најдобрите земаат оскар, пример ти е годинава, и Волкот од Волстрит кога не зема. Далас Бајеср клаб, Dallas Who? Тој филм никој ама никој никогаш нема да го спомне ни да го погледне.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.035
Поени од реакции
17.657
Не секогаш најдобрите земаат оскар, пример ти е годинава, и Волкот од Волстрит кога не зема. Далас Бајеср клаб, Dallas Who? Тој филм никој ама никој никогаш нема да го спомне ни да го погледне.
После ќе ги догледам и сите кои биле номинирани. Ама да, во право си, кога еден Citizen Kane изгубил од How Green Was My Valley, што вреди понатаму да дискутираме?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.176
Поени од реакции
3.372
Само што го изгледав Шарада. Одлични дијалози, добра мистерија и неодоливата Одри Хепберн. :love:
Само 7.9 на ИМДБ, а заслужува да биде во топ 250. :place:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
26 февруари 2016
Мислења
2.156
Поени од реакции
4.058
@Zlatikevichius што ти требаше толку време да го гледаш The Godfather 2? Малце ми е чудно пошто е класика а ти имаш гледано многу филмови. In the Heat of the Night е стварно маестрален. Прв пат кога го гледав не ни знаев дека е оскаровец, на некоја од нашиве телевизии го затекнав и ептен ми се бендиса. После кога разбрав дека добил Оскар за најдобар филм ми падна ептен драго.

@Ron Burgundy Dallas Buyers Club не зема за најдобар филм, 12 Years a Slave тепаше таа година.

Инаку покрај ова за Citizen Kane општо мислење за најголема неправда е победата на Sheakspeare in Love на сметка на Saving Private Ryan.
 
Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.574
Поени од реакции
4.988
Еден од неколкуте quest-ови што си ги поставив додека трае ова #СедиДома лудило (btw, одам и на работа јас, не седам само дома :P ) е да ги изгледам сите филови кои освоиле Оскар за најдобар филм. И нормално, секогаш се почнува со оние најизвиканите, а негледани до сега. На пример, негледани ми беа епскиот Lawrence of Arabia, па култниот The Godfather 2, потоа Amadeus и т.н. И не знам дали до мене е, или хајпот имал контра-ефект, ама во поголем дел тие филмови ми се допаднаа, не велам не, ама не толку за да сметам дека се којзнае какви ремек-дела (со исклучок на Amadeus, ете, тој ме остави без здив, симнувам капа).

Е, ама има и такви филмови за кои претходно не бев слушнал речиси ништо. Тука никој не ги спомнал, не се некои ептен популарни наслови, ги нема во IMDB Top 250 и во други листи со најдобри филмови на сите времиња и сл. Е па баш таквите најмногу ми се допаднаа и најпозитивно ме изненадија.

Пред некоја година така ме изненади Terms of Endearment, освојувач на Оскар за најдобар филм за 1983. Кој не го гледал, ѕирнете го, гарантирам дека нема да зажалите. Така пред некој ден исто, филм за кој немав ништо слушнато претходно, Ordinary People, Оскаровец на Роберт Ретфорд од 1980 - многу ми се допадна. И сега, денес, барав што да гледам следно, и избрав, по случаен избор, зашто беше пократок од останатите симнати - In the Heat of the Night, освојувач на Оскар за најдобар филм во 1967. И немам зборови. Единствено што не ми се допадна е што беше прекраток и имаше пребрз расплет. Инаку - :cuc:.

Сидни Поатје, инаку, главниот актер во In the Heat of the Night, и чинам, првиот црн актер со номинација за Оскар, растурил во 1967. Освен тука (одличен, BTW), глумел и во уште еденфилм кој истата година бил номиниран за најдобар филм, исто, главна улога, а заработил 0 номинации!

И уште кога сме кај trivia-та. Вчера го гледав и мјузиклот Oliver!, Оскаровец од 1968, и не ме воодушеви многу, иако пеењето и играњето беа топ. Ама главниот актер, детето што го глумеше Оливер Твист, го барав да видам кој е, што правел понатаму во животот. Се прославил како дете ѕвезда, глумел во многу филмови, и подоцна се откажал од актерската кариера. Денес е познат како кум на Мајкл Џексон и негов многу добар пријател кој по неговата смрт изјавил дека во деведесетите донирал сперма на барање на Мајкл Џексон и дека постои голема веројатност ќерката на Мајкл, Парис Џексон да е всушност негова ќерка. :pos: Тотално неупотреблив и непотребен податок беше ова, ама морав, само како илустрација со што се замарам кога имам вишок време. :toe:

На 60/92 изгледани Оскаровци сум. 65%. Ќе биде!
Ако е Амадеус right up your alley, можеби ќе те бендиса и Immortal Beloved (1994), за Бетовен, не е номиниран, но Гери Олдман го глуми и е стандардно брилијантен. Малку потежок од Амадеус, но мислам дека вреди да се изгледа. А можеби и веќе си го гледал. :)
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
12.096
Поени од реакции
18.584
Тоа глумата на тој у Амадеус ми беше патетична со кикотењето и не ме интересира дали бил вистински таков...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.035
Поени од реакции
17.657
@Zlatikevichius што ти требаше толку време да го гледаш The Godfather 2?
3 и пол саати трае. Затоа. А и плус Кум 1 ме измачи за сите пари кога го гледав, па не ми се продолжуваше Голготата... Значи не викам дека се лоши филмови, напротив. Ама дефинитивно не се и најдобриот и третиот најдобар некогаш направени.
Автоматски споено мислење:

Ако е Амадеус right up your alley, можеби ќе те бендиса и Immortal Beloved (1994), за Бетовен, не е номиниран, но Гери Олдман го глуми и е стандардно брилијантен. Малку потежок од Амадеус, но мислам дека вреди да се изгледа. А можеби и веќе си го гледал. :)
Не ми е гледан. Ќе го ѕирнам. Amadeus е нешто вонземско, според мене, имам многу да зборувам, ама да не навлегувам сега. Така што, искрено, не верувам дека овој филм би го надминал. Ама, Бетовен повеќе го сакам од Моцарт, па секако ќе го гледам. Фала ти.
Автоматски споено мислење:

Тоа глумата на тој у Амадеус ми беше патетична со кикотењето и не ме интересира дали бил вистински таков...
Не бил. Тоа го ставиле само дека бил ексцентричен, па Форман го замолил актерот да внесе нешто ексцентрично во ликот. Ама има теории дека имал Туретов синдром. Плус, има две анонимни писма од две девојки во тоа време кои го познавале, а во кои неговото смеење го опишувале како "звукот кога пила за дрва што се обидува да исече метал". :pos:
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
12.594
Поени од реакции
27.043
Само што го изгледав Scarface што го начекав вечерва на Fox Movies, мислам четрти или петти пат го гледам, безвременски филм, какви култни сцени, се изненадив и сам себе колку реплики на Тони Монтана сум ги знаел напамет. :LOL:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
24.308
Поени од реакции
35.871
3 и пол саати трае. Затоа. А и плус Кум 1 ме измачи за сите пари кога го гледав, па не ми се продолжуваше Голготата... Значи не викам дека се лоши филмови, напротив. Ама дефинитивно не се и најдобриот и третиот најдобар некогаш направени.
Не се, туку се најдобриот и вториот најдобар некогаш направени.
 
На врв Bottom