Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Многу е јако чувството кога ќе гледаш некој филм по втор или трет пат и ќе откриеш нешто ново што си пропуштил. Пред некој ден ми се случи ова со Naked Gun 3. Одеше целата трилогија на Fox а јас ја гледам по кој знае кој пат, мада последно беше пред 5-6 години. И конечно сфатив што е штосот со една зафрканција, уствари едно зборче сум слушал погрешно а во превод на македонски се губи шегата...

Нели главното се случува на крајот на доделувањето на Оскарите каде терористите ставија бомба во пликот за најдобар филм. И таман Џејмс Ерл Џонс да го отвори пликот Френк Дребин (Лесли Нилсен) му го грабна и се развика It's a bomb! (така мислев). Ама наместо сите да почнат да бегаат екипата на еден од номинираните филмови почна да слави и да си честита. Знаев дека има тука некоја бизарна зафрканција ама не сфаќав точно што е...

И некна го пратам филмот, гледам што сум испуштил. Некоја минута пред тоа најавувачот вика „Сите номинирани филмови беа успешни на бокс офисот, освен еден“. И Лесли Нилсен викал It's the bomb! Пошто знам што значи box office bomb сега знам што е збрката. :pos:

Инаку како ги имаат исмеано клишеата на Оскарите, и денес важат истите шеги како пред 25 години. Штета што веќе не се прават вакви пародии со убаво осмислени зафрканции.
 
Последно уредено:

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.358
Поени од реакции
25.053

Сигурно ја имаш гледано и серијата врз која што е базиран Naked Gun.
Ја гледав на Јутјуб пред неколку години, све да им ебам на глас се смеев :D

Порано ги имаше и другите епизоди, изгледа исчезнале. Мислам дека ја има и на торент.
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
Pls Help!!! Никаде не можам да најдам Торент од првиот филм на Спајк Ли. Некој да ми се најди при помош?
Screenshot_20200416-200843.png
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Филм со Том Харди, каде што го толкувал ликот на Ал Капоне во подоцнежните негови години од животот и по престојот во затвор. Последната добра интерпретација на Капоне на филмското платно која ја паметам, ја оствари Де Ниро во филмот „Недопирливите“ со Шон Конери кој го играше полицаецот кој го ловел. Знаејќи каков онскрин магнетизам и интензитет прикажал досега Харди, особено брилјирајќи при толкувањето на ликови на негативци, ќе се дрзнам да претпоставам дека и овој пат ќе направи растур, а можеби и ќе биде номиниран за Оскар за оваа ролја и конечно заслужено ќе го добие.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.908
Починал Brian Dennehy. Кога бев дете го гледав секоја недела во друг филм на МТВ. Неговата појава ми е врежана во мозоков. Нека почива во мир.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Сте го убиле Vice (2018) освен @redhead ама да не не е оваа шо ја тагнав? нема везе, се избришала
1587205813995.png
1587205422381.png

А ја му клавам 10/10.
Храбри потези внесе режисерот, сарказам врхунски, behind the scenes/eye opening, глума, шминка, „сродството“ со раскажувачот... и in-between credits има многу јака сцена :D
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Escape from Pretoria so даниел Редклиф. филм по вистинска приказна загрупа од бунтовници против аперхејдот во Јужна Африка во 80' години од 20 век. Убаво срочен, со добра глума. Прпеорачувам 7.5/10
Најлош филм со бегство од затвор. 1/10 оцена.
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.015
Ми излезе во препораки па сакав да го споделам, не знам дали е постирано во минатото. Фалат квалитетни комедии како Austin Powers. Искрено го имам замразено жарнрот поради комедијанти како Ben Stiller, Oven Wilson, Adam Sandler и останати несмешни.
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Austin Powers 3, опенинг, кога ги гледав првпат филмовите скроз ме збуни а у исто време за момент и разочара кога видов и поверував дека Том Круз ке го глуми Остин. Брилијантно изведено, безвременска комедија. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom