Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Убав Waves, стварно. Добро, @wot оди во крајности со оценките, мене не ми беше за 10, ама да, убав. Визуелно, пред сѐ. Многу убава кинематографија, бои... Пример:

ezgif.com-gif-maker (2).gif

Не сфатив баш што беше поентата со екранов. @wot ?
01.jpg
02.jpg
03.jpg
04.jpg
05.jpg
Понатаму, убави пораки праќа, во време кога сѐ повеќе и повеќе луѓето се отуѓуваат и од блиските, и од себеси. Препорака и од мене.
 
  • Љубов
Reactions: wot
Parasite преценет.
Можеби најпреценетиот филм за 2019 година, со оглед на тоа колку номинации за оскар и награди има. Не верувам дека во иднина луѓе ќе го гледаат по втор пат, затоа што се е раскажано во филмот - завршува дејствието и протагонистот уште пола саат ни прераскажува што сме гледале за да може да му биде јасно и на искусен филмоман ама и на вратар од дискотека. Не дека е лош филмот, не го велам тоа, напротив, сметам дека е сосема солиден ама нема да го помине тестот на времето (статистиката на спортлајф вели дека сум лош типувач али ќе видиме).
 
Паразит е филм што одлично тера и при крајот ми се губи. Од мене доби 4/5. Нешто му фали за да биде одличен.

Вчера го гледав Џокер и досега најдобар филм за 2019 г. иако не сум фан на филмови по стрип. Секоја сцена на место, Феникс феноменален, ми држеше внимание до последна сцена. Феникс ако не добие Оскар ќе биде криминал на векот.
 
Ај за овој Parasite не ми е гледан ќе го гледам незнам каков е. Ама за 1917 во спортлајф дават 1.65 и гледам многу го фалат секаде па и овде. Добар филм со предобра сценографија имаше одлични кадри. Глумата исто така 10/10 ама филмот заврши со клише крај кој го знаев одма после првите 30 минути и ми сметаше тоа и во текот на целиот филм ми имаше глупави момемти. Затоа за мене најдобро би било Џокер да го освои оскарот за разлика од 1917 во секоја категорија би го оценил 10/10. И тоа на Џокерот 15 квота(товарење :D) на крај секој си има различно мислење. Секој различно се поврзал со филмот и секој различно си го сфатил.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Не мора секој филм да има непредвидлив крај. Начинот на кој е направен 1917 ја лимитира приказната, затоа што не постојат сцени надвор од главното дејствие со кои би се создал заплет, или би се дообјаснило нешто. Филмот е направен да прикаже едно доживување на војник во real time, и да ни го долови хоророт на првата светска војна, и тоа целосно го исполнува.

Не планирав да го гледам воопшто затоа што прв пат кога прочитав дека: двајца војници треба да пренесат порака преку фронтот или многу луѓе ќе умрат, си реков дека вакви филмови имам гледано многу пати и нема потреба да гледам уште еден. Но ова беше сосема различно искуство.

За мене 1917 е број еден од номинираните за најдобар филм. До сега имам изгледано 6, вклучително и Шегачот.

Ете, го реков.
 
Не мора секој филм да има непредвидлив крај. Начинот на кој е направен 1917 ја лимитира приказната, затоа што не постојат сцени надвор од главното дејствие со кои би се создал заплет, или би се дообјаснило нешто. Филмот е направен да прикаже едно доживување на војник во real time, и да ни го долови хоророт на првата светска војна, и тоа целосно го исполнува.

Не планирав да го гледам воопшто затоа што прв пат кога прочитав дека: двајца војници треба да пренесат порака преку фронтот или многу луѓе ќе умрат, си реков дека вакви филмови имам гледано многу пати и нема потреба да гледам уште еден. Но ова беше сосема различно искуство.

За мене 1917 е број еден од номинираните за најдобар филм. До сега имам изгледано 6, вклучително и Шегачот.

Ете, го реков.
Се ок со тоа како што реков глумата, сцената, визуелните ефекти и другите работи се тоа си беше на место ама крајот не ми се допадна.
да беше крајот како умираат 1600те воојници и како овој не успева да ги предупреди што според мене е најреално тогаш би бил предобар филм и ок нека земе оскар за најдобар филм. А вака војников се "повампирува" и од ситуаци кај што 99% ќе беше мртов а тој магично се спасува и стигнува нереално до генералот ми беше ептен лошо како суперхеројски филм да гледав..
Како што реков секој си има различно мислење да не ја тупам безпотребно сепак би го препорачал филмот на секого. Далеку од тоа дека е лош филм заслужени номинации ама не би му дал оскар за најдобар филм. Во другие категори нека си земе заслужува сега ме мрзи да ги набројувам сите категории бидејки номиниран е во повеќе :D
 
Како ова во овој период, не сфаќам?
Досега ништо не допре до тебе од филмот, го немаше осетено хајпот?

Чудно ама не баш. Да, читав доста пофални зборови за филмот ама некако не бев хајпнат. Не се загреав многу за да го гледам. Никој од другарите и колегите што пратат филмови не ми го препорача лично,може и ради тоа. Повеќе од љубопитност го гледав, бев спремен дека може нема ич да ми се допадне, ама сосема солиден филм.
 
Според мене приказната беше најневажното нешто во 1917. Затоа и не е битен крајот, како што не е битен ни почетокот. Ако го соголиш филмот до тоа ниво да остане само приказната, се согласувам дека беше веќе видено, и предвидливо, и тоа не само крајот, туку буквално цел филм. Да не навлегувам во детали дека филмот, иако направен по оригинално сценарио, е инспириран од кажувања на војник, учесник во Првата светска војна, а всушност дедото на Сем Мендез и неговата Автобиографија, што значи - дел од тоа што беше прикажано, навистина се случило, иако можеби не така како што е прикажано. Е сега, ако го гледаме филмот целосно, со сите слоеви, и од технички аспект, и од аспект на тоа колку успева нам да не пренесе во тоа време, и во тоа место, тогаш, пак ќе речам - ова е генијално парче уметност што ќе остане да се споменува, не само како најдобриот филм од 2019, туку и како еден од најдобрите воени филмови некогаш направени.

Инаку, јас освен овој, и тој божиќниот, Merry Christmas, не се сеќавам дека сум гледал друг филм за Првата светска војна.
 
Не сакам да разбудам ничии страсти или ватевер, ама мене 1917 освен што ми се допаѓаше од арт аспект на кинематографија, ништо особено ниту ме допре ниту ме фасцинира, ниту па мислам дека е филм на деценијата, векот, и така натаму, а и ова па дека бил за прва светска војна, не ми менува нешто особено многу, да не пишуваше во насловот дека е за WWI, ниту ќе знаев ниту ќе ми паднеше на памет да размислувам дали е прва или втора. Ликовите доста ладни, слични како оние на Данкирк кај што не можеш ниту да ги сожалуваш зашто не си доволно поврзан со нив.
Знаете што осетив во текот на целиот филм? Ништо.
 
Филмот е 9/10 но мене ме нервираше тоа што ги осеќаш моментите кога сакаат да ја направат финтата демек е one shot. И поради тоа, барем мене, минимално ми го скрши филмот.
Victoria, on the other hand, цело време очекував такво нешто, и не добив, и помина саат и си реков готово е, тоа е тоа, one shot e, јас сум со дечкиве во Берлин ме брка полиција, пукаат во мене...
Знам дека поради тематиката е невозможно 1917 да биде вистински one shot, но сепак.
 
Си кажаа и сами во видеото за филмот дека е закрпен на неколку места. Веројатно ќе се согласиме дека е невозможно ваков филм да се направи со one shot, едно е шетање и бркање по улици, друго е ова.

Мене тоа што не ми се допадна, како што им кажав и на другариве на твитер, е King Tommen, First of His Name. Едноставно не можам да му ја сварам фацата, онака ми иде да му ја учукам една кога го гледам. Никого немам удрено во животов ама нему би му ја учукал онака, ради фацата.

Од овие причини
неговата смрт ми предизвика контраефект, наместо да ми е жал јас бев као Hell yes, thank God for this Nazzi soldier! :pos:

Од друга страна, Rob Stark, The Young Wolf, ме расплака здраво.

Не сакам да напињам за филмов, кој како го сфатил, на кој како му легнал...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom