џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.404
- Поени од реакции
- 25.269
Многу работа или во последниве денови стомачниот вирус си го направија своето да се заковам пред телевизор. Не пуштам филм наменски да се замарам со нетфликс/хбо после напорен ден на работа или сега со триста глупости, туку буквално блеам пред телевизор и гледам/догледувам тоа што ќе го начекам.
И тоа ги начекувам сите филмови што ми се веќе гледани барем еднаш.
Едно од поголемите разочарувања ми е Goodfellas, во моето сеќавање филмот беше ремек дело, а не сум го гледал откога бев детиште или тинејџер, така нешто. Сега, мислам дека филмот е престарен, и не е воопшто добар, туку напротив, многу долг, досаден и со одбивен протагонист. Мислам, Реј Лиота си одглуми супер, но нема ништо макар малку допадливо во неговиот лик. Дејството ниту се движи напред, ниту се знае за што е приказната, на моменти изгледа како три филма да се споени во едно. Доста преценет филм.
Другиот филм што го начекав на тв, секако, The Dark Knight. Него не го коментирам, се е кажано, секогаш кога го има на тв го догледувам. Истото важи и за Shakespear in Love, го репризираа по стотти пат месецов.
Го изгледав, скроз случајно, и Daddy's Day Care, и тоа утринава го даваа на тв и како што бев целиот замаен, скроз ме расположи филмот, го имам гледано 2-3 пати претходно и секогаш на телевизија. Ова е трејдмарк филм на Еди Марфи. Не знам зошто неговите филмови секогаш имаат слаб рејтинг, ама човекот е ѕвезда на 90-те, раните 2000-ти и многу ми е криво што не е активен. Филмов, доста искрен и коректен, како фамилијарните комедии од тоа време, воедно и неповторливи, понекогаш нуди зачудувачки суптилен хумор. На пример овде имаше неколку сцени што ме насмеаа на глас - децата во „лошата“ градинка учат 3 јазици и слушаат предавање за Фројд, а во градинката на Еди Марфи, кога доаѓа инспектор, го тераат да држи куклена претстава. Во следниот кадар - инспекторот уствари прави дијалошка сцена со две кукли, машко и женско, и женската нешто му раскинува, а машката кукла ѝ вели демек абе 55 години имам, живеам со мајка ми, и децата ова го гледаат, па се смеат без да сфатат дека овој кутриов душата ја остави во креативност. Не ги прават повеќе вакви, или што би рекол еден мој другар - филмови смислени во недела навечер.