Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Што е причата на Топ Ган?
Не сум го гледал претходниот, а овој по трејлерот што излезе, ми изгледа дека ништо не се работи во филмот. Слично на Blade Runner новиот.
Тарантино ќе ти го објасни во кратки црти. :D
 
Рандом прашање...

Има некој од форумов што има колекција на оригинални ДВД/БлуРеј филмови?
Немам follow up, само ме интересира онака, ако има нека постира слика, мене ми се забавни колекции за гледање :D
 
Малце да се навратиме на The Lion King

Како ја уништиле песнава значи немам зборови. Бијонсе сестро под итно би ти ја уништил кариерата ради ова... буквално му се помочаа од керамиди на оргиналниот филм.

 
Легендарен глумец, легендарна сцена. Посебно што текстот во сцената е импровизиран, не е истиот што го имал во сценариото. Како клинец го памтам од Blind Fury, филм кој се прераскажуваше во маало со невиден ентузијазам.

Почивај во мир.
bb3c5b61d8bc428a40dc948b0580e6d2.jpg
 
Пред малку го гледав The Wrestler (2008) и не ми се допадна. Некако многу тежок и напорен ми беше за гледање без некоја интересна приказна која би ми го задржала вниманието, едвај го догледав и не ми остави добар впечаток филмов. 6/10
 
Ех Rutger Hauer :(, ретка фаца мме, одличен како вампир, автостопер, слеп касап, маѓепсан витез, гаден поп и како легенда во блејд ранер.
Имам впечаток дека низ изминативе години можеше да даде уште многу, многу повеќе. Какви се не глумци незаслужено се прошетаа низ бројни филмови.
 
Многу работа или во последниве денови стомачниот вирус си го направија своето да се заковам пред телевизор. Не пуштам филм наменски да се замарам со нетфликс/хбо после напорен ден на работа или сега со триста глупости, туку буквално блеам пред телевизор и гледам/догледувам тоа што ќе го начекам.
И тоа ги начекувам сите филмови што ми се веќе гледани барем еднаш.

Едно од поголемите разочарувања ми е Goodfellas, во моето сеќавање филмот беше ремек дело, а не сум го гледал откога бев детиште или тинејџер, така нешто. Сега, мислам дека филмот е престарен, и не е воопшто добар, туку напротив, многу долг, досаден и со одбивен протагонист. Мислам, Реј Лиота си одглуми супер, но нема ништо макар малку допадливо во неговиот лик. Дејството ниту се движи напред, ниту се знае за што е приказната, на моменти изгледа како три филма да се споени во едно. Доста преценет филм.

Другиот филм што го начекав на тв, секако, The Dark Knight. Него не го коментирам, се е кажано, секогаш кога го има на тв го догледувам. Истото важи и за Shakespear in Love, го репризираа по стотти пат месецов.

Го изгледав, скроз случајно, и Daddy's Day Care, и тоа утринава го даваа на тв и како што бев целиот замаен, скроз ме расположи филмот, го имам гледано 2-3 пати претходно и секогаш на телевизија. Ова е трејдмарк филм на Еди Марфи. Не знам зошто неговите филмови секогаш имаат слаб рејтинг, ама човекот е ѕвезда на 90-те, раните 2000-ти и многу ми е криво што не е активен. Филмов, доста искрен и коректен, како фамилијарните комедии од тоа време, воедно и неповторливи, понекогаш нуди зачудувачки суптилен хумор. На пример овде имаше неколку сцени што ме насмеаа на глас - децата во „лошата“ градинка учат 3 јазици и слушаат предавање за Фројд, а во градинката на Еди Марфи, кога доаѓа инспектор, го тераат да држи куклена претстава. Во следниот кадар - инспекторот уствари прави дијалошка сцена со две кукли, машко и женско, и женската нешто му раскинува, а машката кукла ѝ вели демек абе 55 години имам, живеам со мајка ми, и децата ова го гледаат, па се смеат без да сфатат дека овој кутриов душата ја остави во креативност. Не ги прават повеќе вакви, или што би рекол еден мој другар - филмови смислени во недела навечер.
 
Си замина уште еден наш актер, Гоце Влахов (1949-2019)
И покрај многуте улоги во МНП, за мене ќе остане најзапамтен како Јордан Пиперката

R.I.P :(

67620013_2456649404394434_6306778974433312768_n.jpg
 
Многу галама се крева за новиов филм на Тарантино, да не биде разочарување на крај. Уствари од Lion King срањето секако погледан ќе е.
 
Казино е бољи филм од Гудфелас, појавата на Реј Лиота го прави Гудфелас одбивен за гледање, има таква фаца недопадлива. Не можеш да го гледаш како омилен карактер.
 
Indiewire почнаа со објавување серија листи од најдобрите филмски ствари од последнава деценија. Обично не се согласувам со нив зашто ко ќе се фатат за нешто што го преферираат, се држат ко слеп за стап и го фураат упорно. Но на оваа последнава листа:

НАЈДОБРИТЕ ФИЛМСКИ СЦЕНИ ОД ПОСЛЕДНАВА ДЕЦЕНИЈА

неколку ми фатија око и во некоја поголема листа веројатно и јас би ги ставил во мојот топ, 5, 10, 20, 100... Можете ли, онака, набрзина, без многу мислење да ги пишете првите 2, 3, 5 сцени кои ќе ви дојдат на ум, од 2010 до денес?
Автоматски споено мислење:

Без двоумење, мојот број 1, не само од последната деценија, туку и воопшто. Секое гледање ме наежува од глава до пети, и баш заради оваа сцена ја имав кнедлата во грло која долго не можев да ја проголтам и за која ова уште ми е најомилениот мој филм:
 
Последно уредено:
1564343781289.png


@Zlatikevichius Извини што те замарам цело време за Оскаровски прашања, ама мислам ти најдобро ги знаеш правилава.
Еве Фавро вика цел филм е CGI уствари...
Дали филмов може да биде номиниран за најдобар анимиран филм? Кои се правилата за нешто да биде сметано за анимиран филм?

Или....може да биде номиниран секој CGI филм....ама мора да не е римејк? Или тоа со римејкови нема никаква врска?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom