Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Го добив тоа што очекував, добар али не некој епски филм. Вајда едноставно е зашто не може нешто спектакуларно да биде филмов, едноставно тематикава е премногу давана на филмското платно, не дека нема материјал и што се' не се случувало за време на војната од борби и разноразни случувања, ама мислам дека во денешно време и не може којзнае каков филм да се направи за Втората Светска војна.
Филмот е океј, солидено остварување, успева да го долови сивилото на војната. Хајлајт на филмот се секако кадрите и напнатоста која мислам дека е целовреме присутна. Јас лично немав досадни делови од филмот, но мислам дека Нолан не се надминал со овој филм и се сложувам со Џонтра за насловите кои ги наброил погоре, сите тие филмови сметам дека се некое скалило погоре од ова. Интерстелар пример пред да го гледам очекував многу, добив повеќе од тоа што го очекував.
Инаку тоа за Омаха што прашував, било вајда old news, зашто имаше некои муабети по нет дека Нолан ќе снимал негова варијанта од искрцувањето во Нормандија, мило ми е што беше само шпекулација.
Ми сметаше што немаше доволно крв и потешки сцени од овој тип, претежно на експлозии беше базирано се'. Не дека многу обожавам крвави сцени и летање глави и слично, али тоа е доловување во најреална форма. Па како да ги заборавиме сцените од Saving Private Ryan, кога се искрцуваат на плажа ги отвараат вратите и почнува покољот, разнесени глави, војници лежат по земја со пола црева излезени надвор, влечкаат повредени војници со пола тело разнесено, може да изгине било кој у било кој момент... Некако Нолан внимавал, не загина некој од поприсутните ликови, немаше некои многу крвави и експлицитни сцени, немаше некоја шокантна сцена што ќе ти остане во глава, часови после филмот да ја мислиш...

Мислам 7/10 негде, моја оцена.
QFT
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
King Arthur - Legend of the sword, после долго време направија добар филм со кинг артур приказната, и секако гај ричи во негов стил, добро филмче.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не знам дали е спомнато на темава но пријатно сум изненаден од римејкот/екранизацијата на Ghost in the Shell. Пошто култниот анимиран ми е одамна гледан неможам да се сетам дали е веродостоен на оригиналот но го има истиот шмек. Плус Scarlett Johansson е погодена во улогата ма да мој прв избор би била Doona Bae од Sense8 серијата или некоја слична азијатка.

Сега се чека на Akira Holywood верзија. :icon_lol:
Има повеќе адаптации на изворниот материјал кога се работи за GitS. Во случајов, анимето беше повеќе во филозофски стил како Матрикс, само без толку многу кунг-фу, и повеќе акцент ставен сајберпанк стил тероризам, и импликациите од истиот во еден таков свет. Тука, веројатно за да соберат што повеќе публика, решиле да ја променат позадинската приказна на главниот лик Мејџор (С. Јохансон) и наместо лично духовно патешествие и одговарање на прашањата што истото ќе ги генерира, имаме брејнвош/амнезијатски-подвижена драма, со личен осврт кон своето јас од минатото, и human condition exploration stuff. Не е лошо, ама како да се смали вредноста на призводот за неколку стапки .. барем за мене. Оригиналното аниме е класика со причина. Да не беше истото, немаше да ја имаме Матрикс трилогијата, Вачаувски сестрите секогаш директно го цитираат Ghost in the Shell како нивен главен извор за инспирација за Матрикс.

Интересно што го спомна Sense8, и тоа е нивни производ. Фан? :)
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.015
Има повеќе адаптации на изворниот материјал кога се работи за GitS. Во случајов, анимето беше повеќе во филозофски стил како Матрикс, само без толку многу кунг-фу, и повеќе акцент ставен сајберпанк стил тероризам, и импликациите од истиот во еден таков свет. Тука, веројатно за да соберат што повеќе публика, решиле да ја променат позадинската приказна на главниот лик Мејџор (С. Јохансон) и наместо лично духовно патешествие и одговарање на прашањата што истото ќе ги генерира, имаме брејнвош/амнезијатски-подвижена драма, со личен осврт кон своето јас од минатото, и human condition exploration stuff. Не е лошо, ама како да се смали вредноста на призводот за неколку стапки .. барем за мене. Оригиналното аниме е класика со причина. Да не беше истото, немаше да ја имаме Матрикс трилогијата, Вачаувски сестрите секогаш директно го цитираат Ghost in the Shell како нивен главен извор за инспирација за Матрикс.

Интересно што го спомна Sense8, и тоа е нивни производ. Фан? :)
Фан на Matrix, V for Vendetta и Cloud Atlas. Sense8 ми беше онака, забавна.

Оригиналниот Matrix ми е топ 10 филм.
 
W

wicked_1

Гостин
Доста лошо изведен Covenant, во Prometheus имаше супер основа за sequel ама Ридли со овој потфрла.

Не се проблем ликовите, сет дизајнот, визуелизирањето, ефектите итн колку што е структурно следот на настани промашен. Филмот требаше да кулминира со origin-от околу "инженерите" и култното "why" а не да се занимава целосно со тоа што треба да биде третиот дел. Последната сцена беше трагична, колапс тотален.

Мислам ако го сменеле редоследот на некои настани како на пример сцената со David & фрлањето на патогенот да се открива на крај на главните ликови, многу пологичен распоред ќе има филмот и општо би добил на квалитет.

Вака изгледа како да е рандом нафрлан и рециклажа од претходни делови. 7/10
 
W

wicked_1

Гостин
Ако не го гледаме низ призмата на класиците Alien и Aliens, како stand-alone Covenant е квалитетен филм.

Не сум нешто разочаран оти Ридли со Prometheus напраи подлога за нешто ново во Alien универзумот, па ќе видиме како ќе тераат натаму.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ќе ја тупи сигурно со изложбата и секој кој ќе се надева дека ќе добие некаков одговор за некое прашање повразно со неговите филмови или серии ќе остане разочаран :P
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.308
https://www.youtube.com/watch?v=_0NF2YP7SU8

Aњњњ јисс....за една недела трејлер.... трејлер за трејлер...али дај шта даш
Се даваат оскари за трејлери? :D

Топ, ова изгледа баш Аронофски, некако ме мавна страв да не ќе почне со пад во кариерата или ете врската со Џенифер Лоренс да не имала некакво влијание ама...шо знам...ова изгледа баш како нешто што би ми се допаднало. Фак јеа!!! :vozbud:: :vozbud: :vozbud: :vozbud:
Само малце не-оскаровски термин е 15ти Септември али....ајде...барем пари на боксофис ќе собере ако е добар
 

Kajgana Shop

На врв Bottom