Феминизам!

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
2.044
Поени од реакции
2.391
И јас не знам што се надоврза ако немаш како продуктивно да придонесеш во дебатата.
Користиш зборови што носат друго значење со одговор дека тебе исто ти било. Исто како што користеа расист и нацист на запад минативе 20 години и буквално немаат значење повеќе тие зборови. Би го нарекол ова разводнување на зборот.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.373
Поени од реакции
30.794
Тоа е последица на човечката еволуција и историја, до само пред 200 години не постоело силовање како правен субјекат.
Од секогаш постоеле закони и силувањето било криминален акт.
Многу забеган пост, одвратно.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.070
Поени од реакции
6.552
Од секогаш постоеле закони и силувањето било криминален акт.
Многу забеган пост, одвратно.
Одвратно но релистично. Дај да видиме во турско кои тоа закони постоеле за силовање? Или во стар Рим или во стар Египет? Картагина можеби, Пунт, Феникија? Ловци собирачи не ги рачунаме иако се 97% од постоењето на Хомо-сапиенсот. Пример Келтите немале пишани закони воопшто а псотоеле со милениуми, не само за силовање него и за било што.
Силовањето било наједноставен начи за да се оплоди жена и за жал секакви лузери се наметнувале со помош на физичка сила.
Имало и компјутери во камено доба само шо не биле пластика и метал него од камен и кал.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Користиш зборови што носат друго значење со одговор дека тебе исто ти било. Исто како што користеа расист и нацист на запад минативе 20 години и буквално немаат значење повеќе тие зборови. Би го нарекол ова разводнување на зборот.
Ти можеш како сакаш да го толкуваш, јас зборувам за официјалното толкување на зборот, а не што мене лично во комуникација ми значи.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.973
Поени од реакции
11.279
Ако сметаат дека жената е психички насилна кон нив, нема потреба да ја трпат, едноставно постои развод.
Мажите се прости...
Кај жените е покомплицирано зошто трпат, најчесто затоа што немаат баш друг избор.
Жените се комплицирани.. :rolleyes:

Глумење на жртва, victim complex
Ние сме имале избор, они немале.
За нас постоел развод, ама за нив било малце покомплицирано...

Yea sure :rolleyes:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.373
Поени од реакции
30.794
Или во стар Рим или во стар Египет? Картагина можеби, Пунт, Феникија?
Да, во стар Рим, силувањето е криминален акт, не само кон жената туку и кон нејзиното семејство.
Постаро од Рим, и во Месопотамија постојат вакви закони.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Да, во стар Рим, силувањето е криминален акт, не само кон жената туку и кон нејзиното семејство.
Постаро од Рим, и во Месопотамија постојат вакви закони.
Постојат, ама интересна е "надокнадата" за актот :)
На пример, надокнада - ќе си ја земеш сега за жена и ќе платиш на татко и' за неа.
Автоматски споено мислење:

Мажите се прости...

Жените се комплицирани.. :rolleyes:

Глумење на жртва, victim complex
Ние сме имале избор, они немале.
За нас постоел развод, ама за нив било малце покомплицирано...

Yea sure :rolleyes:
Ако живеам во куќа на мажот, а татко ми не ме прима дома, а и мајка ми живее во куќа на маж и'; ако не работам, или заработувам малку, каде да одам?
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.373
Поени од реакции
30.794
Постојат, ама интересна е "надокнадата" за актот :)
На пример, надокнада - ќе си ја земеш сега за жена и ќе платиш на татко и' за неа.
ne sekade, ne vo site drzavi.
nekade plakal kazna, nekade bil kamenuvan siluvacot, sepak toa e dokaz deka postoel nekakov zakon.
ja ne znam clenot dali pod dejstvo na narkotici pisuval takvi odvratni raboti.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Помалку опасни се од насилство, значи зборуваме за ризик да го изгубиш животот, екстремитет, вид, осакатување, било каква друга психолошка траума не може да се споредува со тоа да не можеш повеќе да бидеш самостоен.
Но самото толкување на насилство подразбира различни видови на насилство, меѓу кои како пример и сексуално. А сексуалното не е само физичко насилство, и емоционално и психичко е.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
743
Поени од реакции
2.133
Се случи на едно претходно работно место слична ситуација иако беше ненамерна од моменталните управители, наследена уредба беше, но откако им посочив дека колегата и јас имаме исто работни одговорности, а плата не баш малку различна, мојата ја покачија за да ја изедначат. Важно е да не се молчи кога ќе дојдеме до таква ситуација.
Кога бев во брак, еден имаше што требаше да му се заврши хонорарно нешто од дома. Јас баш поткована да му ја завршам професионално работата, ама он ништо. После маж ми со истата понуда аплицира, го прима.
Човекот буквално рече оваа работа не може да ми ја заврши женско.
Таа работа ја заврши женско, му ги отстапив авторските права на екс мм:D
Коментар, леле баш како што треба да е завршено, зарем вака женско ќе среди.
Ахем. Не се бунев, побитно ми беше за дома да го фатиме хонорарот него он што беше мизогин.

Ти објаснувам дека на жените, и на мене, сме биле прашувани и дали ќе раѓаме, или одбивани дека ќе сме раѓале, напишав и конкретен пример каде што брачен пар работи во иста компанија, кога добија дете, жената ја преместија на полошо раб. место, мажот не го пипнаа. Тоа е родова дискриминација.
Мене буквално на интервју кога бев во брак ме прашаа кога сум се регистрирала. И ми вика, охоо, први години, сега и на породилно ќе ми искачаш. Ситно ситно потпишував договори.

И друга работа, само на форумов се вербално насилни кон жените, конкретно за родово насилство зборувам, погледни како мене ми се обраќаат - сè е поврзано со тоа што сум жена, а не со тоа што сум го кажала. Не се дебатира ставот, се дебатирам јас како личност. Од "никад нема маж да си најдеш" до "кур ти фали", "некој да те издоминира" итн...
Ова. Да речеш вреѓаме, напаѓаме, шириме негатива, напротив, свесни сме дека сме малцинство на форумот и према тоа пробуваме да се адаптираме на околина. Сега, јас да не грешам душа, ретко се дешава, ама пред некое време двајца се погодија во една тема, онака ми се закачија како што оние што ги оговараме што напаѓаат во групи само. Ептен ружно беше, што се трудам да почитувам и различни мислења и се трудам да ја разбирам и машката природа и потребите нивни. Во такви ситуации, нели да се докаже дека нема потреба од феминизам, поразумни машки членови треба да заштитат. Или не мора, ама дека машко е, чопоративно да не се напаѓа.
 
Член од
12 март 2024
Мислења
305
Поени од реакции
537
Важно е дека и насилниците (генерално) имаат сличен профил на личност, како и жртвите. Морам да генерализирам затоа што зборуваме за генерално нешто како појава, не за исклучителни ситуации.

На таа тема сепак, фер е и да се каже дека во смисла на семејно насилство, иако и кај нас е застапено далеку повеќе него во поразвиени земји, на Балканот генерално котираме најдобро.

Цела наука е профилирањето, невозможно е вака накратко да се објасни. Но вака накратко - насилниците не се од старт насилни, всушност се страшно добри манипулатори; кога ќе станат насилни веќе жртвата е фатена во "мрежата".
Ок, комплексно е прашањето за изборот на жена на маж-силеџија. Се надевам што побрзо ќе отвориш тема, каде ќе објасниш.

А мажот-силеџија, комплексно битие е или е само до тоа што неговиот избор на жена е некоја што ќе може да ја згрбачи од ќутек одвреме-навреме? Можно ли е да е толку просто или и таквите заслужуваат башка тема на разговор?
 
Последно уредено:
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.073
Поени од реакции
2.572
дека постојат ужасни жени, а за некоја да ја етикетираме како ужасна, има зашто, има причини.
Bafrich ja skroz te razbiram sho sakash da kazesh i skroz se slagam so tebe... dali Hitler imal pricina zashto gi butnal evreite u logori i gasni komori? Da. Dali trebalo toa da go napravi? Ne. Ja primer objektivno imam pricina da mislam deka povekje od pola populacija ne treba da postoi no ne e vo red da deluvam vo taa nasoka. Treba da se iskontroliram no vo isto vreme i tie da mi pomognat da se iskontroliram da ne bidat do tolku dno dna za da slucajno ne mi pukne film.
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
2.044
Поени од реакции
2.391
Ти можеш како сакаш да го толкуваш, јас зборувам за официјалното толкување на зборот, а не што мене лично во комуникација ми значи.
Оперативна тактика на NGO и на *.измите е промена на значењето на јазикот и зборовите. Затоа што не можат да ги променат законите го променуваат значењето на зборовите. На сила, има физичка конотација, со тоа зборот побудува различни реакции кај луѓето, што *.измите го користат за да добијат нешто или да се упикаат некаде. Паразити на опшеството.
Автоматски споено мислење:

Ок, комплесно е прашањето за изборот на жена на маж-силеџија. Се надевам што побрзо ќе отвориш тема, каде ќе објасниш.

А мажот-силеџија, комплексно битие е или е само до тоа што неговиот избор на жена е некоја што ќе може да ја згрбачи од ќутек одвреме-навреме? Можно ли е да е толку просто или и таквите заслужуваат башка тема на разговор?
Чек да прочита што имаат напишано од NGO или од феминистичка пропаганда па ќе го презентира тука.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Оперативна тактика на NGO и на *.измите е промена на значењето на јазикот и зборовите. Затоа што не можат да ги променат законите го променуваат значењето на зборовите. На сила, има физичка конотација, со тоа зборот побудува различни реакции кај луѓето, што *.измите го користат за да добијат нешто или да се упикаат некаде. Паразити на опшеството.
Автоматски споено мислење:

Чек да прочита што имаат напишано од NGO или од феминистичка пропаганда па ќе го презентира тука.
Да, дифолт сетингс ти се "нго и феминистичка пропаганда".
Абе имај си против, твое право :)
Автоматски споено мислење:

Ок, комплексно е прашањето за изборот на жена на маж-силеџија. Се надевам што побрзо ќе отвориш тема, каде ќе објасниш.

А мажот-силеџија, комплексно битие е или е само до тоа што неговиот избор на жена е некоја што ќе може да ја згрбачи од ќутек одвреме-навреме? Можно ли е да е толку просто или и таквите заслужуваат башка тема на разговор?
Напишав дека е комплексно и во двата случаи. Агресивност упатува на емоционална незрелост, импулсивност, немање самоконтрола итн. Некогаш може и да има знаци на психопатија. Една тема заедничка за жртви и насилници треба.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
743
Поени од реакции
2.133
Постои еден момент кадешто делумно се согласувам со машките членови погоре. Проблемот е што никогаш не се пристапило со искрени намери и правилни побуди кон правата на жените. Пак преку поразлична пропаганда успеале да ја објективизираат и обременат жената. Ретко кога навистина целта била навистина правда за жената без услови и подоцнежна систематска наплата. Што се однесува до организацииве, неколку пријателки мои своевремено имаа навистина потреба од нив, сведок сум, сами си ги решија проблемите.

Моето лично мислење, за себе што би сакала, но свесна сум дека економските услови се тие што се, откако ќе се омажам (ако се очекува во рок од првата година да останам бремена, оти веќе 30ката полека ја привршуваме и се договоривме многу да не ја чекаме за деца, особено он сака), 3 години да седам дома, да се адаптирам, куќата да си ја спознаам, да си ја закуќам, да отпочнам некој ред, после одржување е лесно, на новоформираното семејство и искрено сакам детето мое првите барем 3 години да ги помине покрај мене, покрај татко му, ние да му планираме социјализација. Би сакала да му дадеме добар репер за што е здраво да очекува во иднина. Но, од што поборничките за нашите права, слава им, навистина сме отидени напред и многу сум им благодарна, тоа ни го наплатија мажите коишто го допуштија со двојно оданочување и да е речиси невозможно да се пркне без две плати по домаќинство. Инаку и јас би сакала мирисот на својата куќа и своето дете јас да си го знам барем додека не е прифатливо за градинка по мое веќе на 3 и пол години наместо мирисот на изгорено на скоро дотраениот принтер на работа пример, за тој период. За стално нејќам ни ја да не одам на работа. Ете едно право на избор да се има.

Да, феминизам, но со можност на избор, ко шо во една прилика имал кажано Ататурк : ,, Јас еднаш да ѝ дадам права на жената, после она ако сака да седи дома и за тоа ќе овозможам услови. Важно е да има право да избере. "
 

Kajgana Shop

На врв Bottom