Феминизам!

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.732
Поени од реакции
8.741
@PurplePuma доаѓа овде и збори за некои изолирани случаи кои ги претставува како секојдневие да се на сите жени што постојат на светот, а во исто време глуми слепа и збор нема гукнато за жените во исламските држави и нивните тамошни права. Феминистке, дали си запознаена дека девојчињата во Афганистан немаат право на образование?
Запознаена сум, мене ме интересира државата во која живеам најмногу, но како што те гледам загрижен за жените по светот, во 2021 година само се убиени преку 45 000 жени од страна на интимен партнер. Еве како загрижен можеш да се заангажираш за нив, мене ме интересира Балканот и специфично Македонија.

Место да пробуваш да ме преиспитуваш мене, обиди се да дискутираш на темата. Не се изолирани случаи во светот, за Македонија само зборев, за само 4 години.
Еве, зошто нема "изолирани" случаи на убиени мажи од своите интимни партнерки во еднаква мера? МВР има точни бројки за сите убиства, сам провери и слободно објасни ми зошто има има 19 убиени жени од своите партнери, но нема 19 убиени мажи од своите партнерки?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.732
Поени од реакции
8.741
Проблемот кој го имаат оваа група на луѓе, феминистки е што они поаѓаат од една погрешна претпоставка дека светов е скоро совршен и у тој скоро совршен свет само жените се обесправени. Како да живееме у некоја утопија и сега ајде да направиме сите да го добијат тоа што го сакаат.
Светов е таков каков што е и тоа е тоа, имало време кога можело нешто да се смени и тоа се сменило....не заради феминистичкото движење туку свеста се сменила. Треба да е човек будала да дозволи да живее у свет у кој неговата мајка/сестра/ќерка/внука/пријателка и т.н. има помалку права од него.
До душа уште исламот и уште по некоја религија по светов ја третира жената како битие од подолна класа и таму можеби треба да се реагира. Иначе на Запад све е ова без врска поврзано со овие нови бранови на феминизам....све е збеснато.
Во моите мислења не зборувам ни за Финска, ни за Америка, ни за Индија, исклучиво за Македонија.

Се сеќаваш на Пале? Колку пати пријавила дека е малтретирана и пошто комрадето бил џандар, не постапувале? Требаше да го убие во самоодбрана за некој да сфати стварно?

Во Србија, претежно православна земја, има најголем број на фемициди по број на жители. Не е тоа Индија. Србија е.

Лани во август на Инстаграм во живо бившиот дечко пукаше во Незима, во присуство на сопственото дете кое се гледа на видеото како плаче цело во крвта на мајка си.

Не релативизирајте со "таму некаде", еднаш еден мудар човек кој сигурно знаеш кој е, рекол: "размислувај глобално, делувај локално". Размислувам јас и за тие во Иран, ама за нив не можам ништо. Овде можам, овде живеам, со овие жени и мажи.

Од Македонија, еден од случаите кои се опишани, можеш да прочиташ детали, но проценката на личноста на сторителот е следна: Се работи за пасивно-агресивна структура на личноста, со одлики на емоционална незрелост, нестабилност, инфантилност, егоцентричен, со хистероидни карактеристики, импулсивен, со недоволен капацитет за одложување на импулсите, придружено со лутина и иритирање на мали пречки и фрустрации. Тој има зголемена потреба на зависност и неспособност да се воздржи од искажување на непријателство кон другите. Склон е кон acting out реакции.

Инаку, женава во овој случај има преживеано зошто за среќа, ќерката доаѓа по 2 часа од нападот (кој уште трае) и пријавува во полиција. Истиов овој сторител претходно лежел цели 6 месеци затвор за силување на балдската. Во текот на бруталниот напад над жена му, која едвај преживеала со тешки телесни повреди, викал "ороспијо, умри, мајка ти од гроб да стане, ти да легнеш", "курво, умри, куртул од тебе да има".
Инаку "повод" за овој конкретен напад?
Биле на работа, тој продолжил некаде, таа го сварила џигерот и решила да го чека, кога ќе си дојде дома да го испржи, да биде топол ручекот. Кога дошол гледала ТВ и ова му го кажала, по што следувал нападот.
Еве ти кажи ми дали не можеш да препознаеш мажи со вакви карактеристики на личност? Јас можам.

И друга работа, само на форумов се вербално насилни кон жените, конкретно за родово насилство зборувам, погледни како мене ми се обраќаат - сè е поврзано со тоа што сум жена, а не со тоа што сум го кажала. Не се дебатира ставот, се дебатирам јас како личност. Од "никад нема маж да си најдеш" до "кур ти фали", "некој да те издоминира" итн...

Мене тоа не ме повредува, ама јас ја имам среќата или привилегијата да ги немам карактерните предуслови за да бидам со некој со такво однесување кон мене (жртвите многу често се од дисфункционални семејства каде што постоело насилство, лош социоекономски статус, непознавање на свои права итн). Нормално, ништо не е гаранција, него зборуваме за одредени карактеристики кои жртвите најчесто ги имаат како заеднички.

Ако ти никад не би се однесувал вака кон жена, ако јас не би дозволила да трпам, не значи дека не се случува и не е фер кон тие жртви да се правиме слепи и глуви.
Покрај жените, истите овие луѓе немаат обѕир ни кон децата, и со нив се насилни и брутални, два примера само грозоморни напишав каде што сторителот ја убива жената со огнено оружје пред сопственото дете, со тоа што во случајот кај нас, детето легнало врз мајка си додека уште не била почината, а татко му уште добри 10 минути пукал наоколу и каде стигне.

Далеку сме ние од феминизмот на напредните земји, каде што измешаа бранови должини и под капа на феминизам напикаа разни глупости што допирна точка немаат со жените.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.429
Поени од реакции
3.500
На феминистичките организации им одговара да има насилство над жените, ако го нема ќе треба да почнат да работат вистинска работа. Затоа измислуваат гачки. Некои од нив како одредени жени на темава си имаат класика стара мома, нереализирана жена комплекс. За жал им ги трујат мозоците на млади девојки, па истите си имаат туѓи фрустрации.
 
Да, сигурно им одговара. Типичен пример зошто феминизмот не смее и нема да згасне во скоро време.

Али да, "стара мома" сум, до тоа е (y)

Среќа ти не си оболен, бидејќи писменоста е болест, па не можеш ни да прочиташ на што се надоврзуваш. Ако, добро е тоа, здраворазумски навистина.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
318
Поени од реакции
665

Кој црн феминизам го возите, не знам колку пати треба да нагласам, и уште чекам одговор од Дарлинг дали си ги провери фактите, без мажи, феминизам нема, без инерција или поткрепа од мажи, нема феминизам, доста се филмате дека сте се избориле без помош, приказни за мали деца се тоа, па уште феминизам у напредните држави. Па каква е разликата од феминизмот во хард ислам и таканаречените напредни држави? тоа е што онде толерираат и ќоро и сакато да протестира поради гревови на таткото. Прајд парада на пример? што, браво, те пукаат у гз, горд си со тоа, а хетеро парада не праат, зашто демек срамота било. Све е тоа за греота, да седнат 10 души и да ги жалат. А ете, и твоите хаотични мисли ќе ги сумираме, па ти види, ти како човек, не како жена, мајка, кралица:
Еден: Во моите мислења не зборувам ни за Финска, ни за Америка, ни за Индија, исклучиво за Македонија.
Два: Место да пробуваш да ме преиспитуваш мене, обиди се да дискутираш на темата. Не се изолирани случаи во светот, за Македонија само зборев, за само 4 години.
И крешчендо, три: Во Србија, претежно православна земја, има најголем број на фемициди по број на жители. Не е тоа Индија. Србија е.
Освен ако не сме уште у Југославија, што мешаш Србија, но не и арапските земји? Малку сум збунет во целиот хаос на твојот процес на мисла.
И да, 19 случаи, вау, сигурно има убиен од коли накај 100 луѓе у исто време, иди протестирај да се укинат коли и да се вратиме на коњ и кочија.
Тој феминизам и сите разлики што ги создавате и сакате да ги гледате го јебе западното општество и за жал дојдоа и кај нас.
Ете земи го случајот со озогласениот Харви Вајнстин, бед бојот на Холивуд, па како се сетија актерките, што поради тоа така наречено силување денес имаат слава и име у Холивуд, дека ги силувал пред 30 години. Како не се сетија тогаш, коа не ги плукале, па да го судат по цена на својата слава и кариера? Лицемерие левел 100.
 
Им одговара ден работен стаж немаат надвор од тие организации, никакви вештини, ќе треба да чистат улици. Вака ако има насилство (или ако го измислат), си зимаат донации од Сорос и слични на него, па си тераат лабав живот.

ПС: Кој те спомна тебе или си се пронајде? :angel: Прашај луѓе ќе ти наместат некого, еден куп ергени има. Само среди се, ако му збориш за „фемициди“ и срања ќе те откачи, никој не сака цел живот да се замара со исфрустрирана жена.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
318
Поени од реакции
665
Кога станува збор за pay gap, не се мисли споредба административен работник и рудар, туку рудар и рударка, административен работник и адмнинистративна работничка, пекар и пекарка итн. Значи за ИСТО работно место постојат различни стандарди и плати. Во Македонија кај „подобрите професии“ (доктори, на пример) не е толку изразено ова, но во помалите фирмички - е. Кога бев студентка, јас и уште еден дечко добивме работа како келнери, двајцата со 0 претходно работно искуство, мојата плата беше околу 20% помала. Не работеше тој повеќе од мене, а ако веќе баш за овој конкретен случај зборам, јас растоварав камиони на Пивара, него го болеа јајцата (најсериозно, така си кажуваше). На сопственикот на локалот не му беше чудно што јас сама растоварам камион воопшто, уште помалку му беше чудно што сум помалку платена од мојот колега. Но, ајде, тогаш бев дете и ми беше прво работно искуство реално, така што не знаев да се побунам. Денес би се бунела. Не за некој да работи повеќе од мене, а да имаме иста плата, туку за ако работиме исто, да имаме иста плата.
Се случи на едно претходно работно место слична ситуација иако беше ненамерна од моменталните управители, наследена уредба беше, но откако им посочив дека колегата и јас имаме исто работни одговорности, а плата не баш малку различна, мојата ја покачија за да ја изедначат. Важно е да не се молчи кога ќе дојдеме до таква ситуација.

Морам да спомнам и ситуација на моја блиска пријателка - откако се породи, беше преместена на многу полоша работна позиција, а на нејзино место вработија нова вработена без деца, наводно со изговор дека во иднина ќе земала боледувања за детето. Маж ѝ работеше во истата компанија, него не го преместија, очигледно не е исто дали си татко или мајка на истото дете во очи на компанијата. И не е било која компанија, прилично реномирана компанија во земјава е. Секако набрзо по ова двајцата дадоа отказ.

Инаку, имав потреба од дополнителни средства и аплицирав секаде каде што се работи дополнителна работа (навечер, за викенди) - такси компании, достава на храна и слично. Никаде не ми се ни јавија, иако сум активен возач 10+ години. Нема разлика помеѓу мене и некој Трајче, освен дека сум жена.
Автоматски споено мислење:

Ќе пишувам колку ми е ќеиф, ако не ти се чита - не читај, не си присилен.
Ова сериозно, рудар и рударка? Кои рударки? 1 на 100 рудари? и таа не зима плата ко средната плата на 100 рудари? Камионџиките и возачките на автобус? Сериозно ли на црно-белото ќе му викаме сиво? Како може во капиталистичко-демократско уредување, да збориме за пеј геп? Реално идеш на интервју на работа, ти викаат кажи цифра. Ти кажуваш пониска од маж поради пониско ниво на тестастерон, нормално, и помалку ризикуваш за да ја добиеш работата, и после пеј геп? Нема зборови. Не е комунизам, платите веќе не се дефолт што ти даат, ти бараш, им одговара те најмуваат, не им одговара, не те најмуваат, толку е едноставно. Е сеа, ако се согласувате на пониска плата за да си добиете сигурно работно место, некако не го глеам проблемот во мажите, проблемот е другаде.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.732
Поени од реакции
8.741
Им одговара ден работен стаж немаат надвор од тие организации, никакви вештини, ќе треба да чистат улици. Вака ако има насилство (или ако го измислат), си зимаат донации од Сорос и слични на него, па си тераат лабав живот.

ПС: Кој те спомна тебе или си се пронајде? :angel: Прашај луѓе ќе ти наместат некого, еден куп ергени има. Само среди се, ако му збориш за „фемициди“ и срања ќе те откачи, никој не сака цел живот да се замара со исфрустрирана жена.
Се пронајдов. Така е, многу сакам да тепаат жени иначе нема работа да имам. :facepalm:
Сè во склад со здраворазумноста!
Автоматски споено мислење:

Кој црн феминизам го возите, не знам колку пати треба да нагласам, и уште чекам одговор од Дарлинг дали си ги провери фактите, без мажи, феминизам нема, без инерција или поткрепа од мажи, нема феминизам, доста се филмате дека сте се избориле без помош, приказни за мали деца се тоа, па уште феминизам у напредните држави. Па каква е разликата од феминизмот во хард ислам и таканаречените напредни држави? тоа е што онде толерираат и ќоро и сакато да протестира поради гревови на таткото. Прајд парада на пример? што, браво, те пукаат у гз, горд си со тоа, а хетеро парада не праат, зашто демек срамота било. Све е тоа за греота, да седнат 10 души и да ги жалат. А ете, и твоите хаотични мисли ќе ги сумираме, па ти види, ти како човек, не како жена, мајка, кралица:
Еден: Во моите мислења не зборувам ни за Финска, ни за Америка, ни за Индија, исклучиво за Македонија.
Два: Место да пробуваш да ме преиспитуваш мене, обиди се да дискутираш на темата. Не се изолирани случаи во светот, за Македонија само зборев, за само 4 години.
И крешчендо, три: Во Србија, претежно православна земја, има најголем број на фемициди по број на жители. Не е тоа Индија. Србија е.
Освен ако не сме уште у Југославија, што мешаш Србија, но не и арапските земји? Малку сум збунет во целиот хаос на твојот процес на мисла.
И да, 19 случаи, вау, сигурно има убиен од коли накај 100 луѓе у исто време, иди протестирај да се укинат коли и да се вратиме на коњ и кочија.
Тој феминизам и сите разлики што ги создавате и сакате да ги гледате го јебе западното општество и за жал дојдоа и кај нас.
Ете земи го случајот со озогласениот Харви Вајнстин, бед бојот на Холивуд, па како се сетија актерките, што поради тоа така наречено силување денес имаат слава и име у Холивуд, дека ги силувал пред 30 години. Како не се сетија тогаш, коа не ги плукале, па да го судат по цена на својата слава и кариера? Лицемерие левел 100.
Па ќе знаеш ако читаш, ама не читаш.
Западен Балкан се истражувањата, за нив коментирав, Србија спаѓа во Западен Балкан, исто и БиХ. Оти па не сме културно блиски со земјиве, поблиски со Оман сме можда.

Другиве работи врска немаат со мислењето кое си го цитирал, така што, немам потреба да дискутирам за хомосексуалност.
Автоматски споено мислење:

Ова сериозно, рудар и рударка? Кои рударки? 1 на 100 рудари? и таа не зима плата ко средната плата на 100 рудари? Камионџиките и возачките на автобус? Сериозно ли на црно-белото ќе му викаме сиво? Како може во капиталистичко-демократско уредување, да збориме за пеј геп? Реално идеш на интервју на работа, ти викаат кажи цифра. Ти кажуваш пониска од маж поради пониско ниво на тестастерон, нормално, и помалку ризикуваш за да ја добиеш работата, и после пеј геп? Нема зборови. Не е комунизам, платите веќе не се дефолт што ти даат, ти бараш, им одговара те најмуваат, не им одговара, не те најмуваат, толку е едноставно. Е сеа, ако се согласувате на пониска плата за да си добиете сигурно работно место, некако не го глеам проблемот во мажите, проблемот е другаде.
Зошто е толку тешко жена да најде работа како возач? Ете мене не ме викнаа ни на интервју кога барав работа, квалификации имав, веројатно многу повеќе од доволно.
Само една жена знам која вози камион во Македонија, а познавам повеќе од една со соодветна возачка.
И оваа една на првото работно место ја плаќаа помалку од колегите, на второто (каде што е сега) платата е објективна, независна од пол.
Автоматски споено мислење:

Јас разбирам да не се согласува некој со мене, ама сериозно не знам што е смешно во убиство на мајка пред очи на дете, тепање со кабел и едвај преживување... (n)
 
Последно уредено:
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.429
Поени од реакции
3.500
Се пронајдов. Така е, многу сакам да тепаат жени иначе нема работа да имам. :facepalm:
Сè во склад со здраворазумноста!
Автоматски споено мислење:

Па ќе знаеш ако читаш, ама не читаш.
Западен Балкан се истражувањата, за нив коментирав, Србија спаѓа во Западен Балкан, исто и БиХ. Оти па не сме културно блиски со земјиве, поблиски со Оман сме можда.

Другиве работи врска немаат со мислењето кое си го цитирал, така што, немам потреба да дискутирам за хомосексуалност.
Автоматски споено мислење:

Зошто е толку тешко жена да најде работа како возач? Ете мене не ме викнаа ни на интервју кога барав работа, квалификации имав, веројатно многу повеќе од доволно.
Само една жена знам која вози камион во Македонија, а познавам повеќе од една со соодветна возачка.
И оваа една на првото работно место ја плаќаа помалку од колегите, на второто (каде што е сега) платата е објективна, независна од пол.
Премногу си глупа за да сфатиш што пишав или пак се правиш. Како и да е не ме замарај.
 
Е сега од кај искочи западен балкан? Те цитирам тебе:
Еден: Во моите мислења не зборувам ни за Финска, ни за Америка, ни за Индија, исклучиво за Македонија.
Два: Место да пробуваш да ме преиспитуваш мене, обиди се да дискутираш на темата. Не се изолирани случаи во светот, за Македонија само зборев, за само 4 години.
Одеднаш дојде западен балкан? ок, нека биде, не читам, толку дала мајка природа, толку можам хахах. И ок не коментирај за геј, фер, но не прескокнувај историските факти за патот на феминизмот, и за начинот на работа во модерно про-феминистичко капиталистичко општество во кое „феминизмот не смее да умре“. Особено второто ме интересира, како функционира тоа? Идеш на интервју, кажуваш 1000 евра, и они ти викаат аа не 1000 евра зимаат мажи, ти си жена, значи 20% помалку, 800 евра, и ти тука што правиш, викаш не, или викаш да и доаѓаш на кајгана да проповедаш феминизам? Зашто ако е второто случајот, имам реалити чек за тебе, тогаш си дел од проблемот, не дел од решението. Ете, тука е чисто женски насочени прашања, до преи тел, еден одговор?
 
Закон на хартија вреди онолку колку што се спроведува.
Постојат повеќе студии за Балканот конкретно, кои имаат интересни податоци зошто е потребен феминизам.

За да знаеме за што зборуваме:

Фемицидот се смета како најекстремна манифестација на насилството врз жената, акт со изразена родова мотивација, кој најчесто се извршува од страна на маж, но жртвата секогаш е жена.
Важна е родовата мотивација, односно, убиството на жените е поради омраза кон жените, презир, желба за доминација над жената и контрола над нејзиниот живот.

Жените и девојчињата се несразмерно погодени од насилство со смртен исход во приватната сфера, односно 56% од сите убиени жени страдале од рацете на своите интимни партнери или семејството.

Во Западен Балкан е речиси невозможно да се најде статистика за фемицидот, затоа што не постои како посебно кривично дело, освен во Македонија, каде што од март 2023 година за прв пат е инкриминиран како посебно кривично дело. Иако е релативно сиромашно она што вклучува фемицид (убиство на жена и девојче под 18 години при вршење родово-базирано насилство), сепак, според законот секој фемицид е тешко убиство со минимална казна од 10 години, а максимална доживотен затвор.

Е сега, нема да се задржувам на сите држави од западен Балкан, туку само Македонија - а барем по медиуми има доволно за да знаете за некои од случаите (пример убиството на Низама Хеќимовиќ) а статистички, интересно, Србија е со најмногу (пријавено) семејно насилство и најголем процент на фемицид. Во прилог ќе оставам линк ако некој го интересира повеќе.

Во 2017, од страна на Националната мрежа против насилството врз жени и семејно насилство контстантирано е дека: „Кај повеќе од 60% од анализираните случаи на убиства на жени во Македонија, кривичното дело е извршено од страна на актуелниот или поранешен брачен или вонбрачен партнер со кого живееле во заедница. Во практиката, најчести се случаите на телесна повреда, загрозување на сигурноста и тешка телесна повреда извршени во контекст на семејно насилство. Во повеќе од 80% од случаите, убиството се случило во заедничкиот дом или, доколку била отпочната постапка за развод, во домот на родителите на жртвата. Овој факт нѐ носи кон заклучок дека жените во Македонија се најнебезбедни во својот дом“.

Бидејќи пред 2023 година фемицидот не постоел како посебно кривично дело, нема официјална статистика за истиот, но истражувањата укажуваат дека во периодот од 2008 до до 2020 година вкупно се убиени 96 жени, од кои најмалку 50 се фемицид.

Во Македонија, спроведено е истражување во периодот од 2018-2022, не само за извршените убиства, туку и за судските разрешници. Во овој период се водело постапка за 19 убиства на жени, кои биле извршени: 1 во 2000 година, 3 во 2018та, 2 во 2019та, 8 во 2020та и 5 во 2021ва година.
Во однос на брачна состојба, сторителите: 5 биле во брак, 5 во вонбрачна заедница, 4 биле разведени и 3 биле неженети. Од 17 сторители, 7 биле претходно осудувани, а 10 не биле претходно осудувани.
Од 17 сторители: 10 го признале делото, 1 ја обвинил жртвата, 1 не дал објаснување, 3 не признале, а за 2 не е познато (не дале исказ).

За жртвите: 5 биле сопруги на сторителот, 3 биле вонбрачни сопруги, 4 биле бивши сопруги, 2 биле мајки на сторителот, 5 биле во друга релација со сторителот (поширока фамилија).

Само една од жртвите претходно пријавила во полиција дека е малтретирана од сторителот, 3 немале пријавено, а за останатите 15 не е познато. И во тој еден случај кога жртвата пријавила во полиција дека е малтретирана од сторителот, не била поведена постапка.

Ниту една жртва кај себе немала оружје и не употребила оружје.
Од сите случаи, 14 биле со затворска казна, од кои 8 до 10 години, 5 над 10 години и една доживотна казна. Останатите 3 сторители биле испратени на задолжително лекување.

На линкот подолу има за 4 случаи подетално, начинот на кој се извршени и како оделе постапките. Мене ми беше најинтригантно убиството кога сторителот упаднал во куќата на родителите на бившата сопруга, прво ја убил мајка ѝ, потоа неа пред очите на сопственото 10 годишно дете, кое при пукањето се фрлило врз мајка си и викало „немој да пукаш на мајка ми!“, снаата за брат на жртвата се борела со сторителот при што се здобила со прострелни рани, но преживеала, дошол братот на жртвата, кој исто се здобил со прострелни рани, но преживеал, за на крај кога дошол таткото на жртвата да успеат да го совладаат сторителот. Мотивот, наводно, е дека ќе правеле крштевка на детето без него, односно со негови зборови „вие без мене ќе се веселите!“.
Со оглед дека со огнено оружје успеал да усмрти 2 жени (бившата сопруга и нејзината мајка), а притоа ги ранил братот и снаата на бившата жена, сето пред очите на сопственото малолетно дете чија крштевка тој ден требало да се случи, плус двете малолетни деца на братот од бившата жена, тешко ми е да поверувам дека сето ова е поради “недостасување и жал по детето“.

Друго важно е за тоа што семејното насилство не се пријавува, што поради стигмата, што поради срамот, а што поради тоа што е прифатено дека е „нормално“, што затоа што жртвите не ги знаат своите права, а најмногу затоа што институциите не реагираат и кога ќе се пријави.

Феминизам не е барање на ПОГОЛЕМИ прави од мажите. Барање е да живееме без да се плашиме за сопствената безбедност 24/7. Убиствата не се случени во темна уличка или ноќен бар. Случени се ДОМА.

Кога ти викам не читаш... зошто се вклучуваш во дебата ако не читаш мислења на тој кој го цитираш?

За платата, напишав за сопствено искуство и искуство на моја блиска другарка:
Кога станува збор за pay gap, не се мисли споредба административен работник и рудар, туку рудар и рударка, административен работник и адмнинистративна работничка, пекар и пекарка итн. Значи за ИСТО работно место постојат различни стандарди и плати. Во Македонија кај „подобрите професии“ (доктори, на пример) не е толку изразено ова, но во помалите фирмички - е. Кога бев студентка, јас и уште еден дечко добивме работа како келнери, двајцата со 0 претходно работно искуство, мојата плата беше околу 20% помала. Не работеше тој повеќе од мене, а ако веќе баш за овој конкретен случај зборам, јас растоварав камиони на Пивара, него го болеа јајцата (најсериозно, така си кажуваше). На сопственикот на локалот не му беше чудно што јас сама растоварам камион воопшто, уште помалку му беше чудно што сум помалку платена од мојот колега. Но, ајде, тогаш бев дете и ми беше прво работно искуство реално, така што не знаев да се побунам. Денес би се бунела. Не за некој да работи повеќе од мене, а да имаме иста плата, туку за ако работиме исто, да имаме иста плата.
Се случи на едно претходно работно место слична ситуација иако беше ненамерна од моменталните управители, наследена уредба беше, но откако им посочив дека колегата и јас имаме исто работни одговорности, а плата не баш малку различна, мојата ја покачија за да ја изедначат. Важно е да не се молчи кога ќе дојдеме до таква ситуација.

Морам да спомнам и ситуација на моја блиска пријателка - откако се породи, беше преместена на многу полоша работна позиција, а на нејзино место вработија нова вработена без деца, наводно со изговор дека во иднина ќе земала боледувања за детето. Маж ѝ работеше во истата компанија, него не го преместија, очигледно не е исто дали си татко или мајка на истото дете во очи на компанијата. И не е било која компанија, прилично реномирана компанија во земјава е. Секако набрзо по ова двајцата дадоа отказ.

Инаку, имав потреба од дополнителни средства и аплицирав секаде каде што се работи дополнителна работа (навечер, за викенди) - такси компании, достава на храна и слично. Никаде не ми се ни јавија, иако сум активен возач 10+ години. Нема разлика помеѓу мене и некој Трајче, освен дека сум жена.
Не знаеш додека не почнеш да работиш, после дознаваш колку колегата зема плата, а колку ти. Па ти објаснуваат дека ти уствари ќе раѓаш. Јас лично сум се бунела и ми изедначиле плата - ама мене не ми било страв и да ја изгубам работата - не ги имаат сите моите привилегии. Ако ти зависи лебот ќе трпиш, а барем тоа треба да ти е познато за Македонија.
Јако ми е што немаш поима како се случува, ама знаеш дека не се случува.
Автоматски споено мислење:

Премногу си глупа за да сфатиш што пишав или пак се правиш. Како и да е не ме замарај.
Глупа сум. Ги немам твоите здраворазумски капацитети :(
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
318
Поени од реакции
665
Се пронајдов. Така е, многу сакам да тепаат жени иначе нема работа да имам. :facepalm:
Сè во склад со здраворазумноста!
Автоматски споено мислење:

Па ќе знаеш ако читаш, ама не читаш.
Западен Балкан се истражувањата, за нив коментирав, Србија спаѓа во Западен Балкан, исто и БиХ. Оти па не сме културно блиски со земјиве, поблиски со Оман сме можда.

Другиве работи врска немаат со мислењето кое си го цитирал, така што, немам потреба да дискутирам за хомосексуалност.
Автоматски споено мислење:

Зошто е толку тешко жена да најде работа како возач? Ете мене не ме викнаа ни на интервју кога барав работа, квалификации имав, веројатно многу повеќе од доволно.
Само една жена знам која вози камион во Македонија, а познавам повеќе од една со соодветна возачка.
И оваа една на првото работно место ја плаќаа помалку од колегите, на второто (каде што е сега) платата е објективна, независна од пол.
Автоматски споено мислење:

Јас разбирам да не се согласува некој со мене, ама сериозно не знам што е смешно во убиство на мајка пред очи на дете, тепање со кабел и едвај преживување... (n)
Не сум се смеел на ништо, како си интерпретираш, алал вера. А што има врска што не те викнале, демократско слободно општество е, мене не ме викаат за бебиситер, па не одам да се жалам како сум обесправен, не им одговарам за позицијата, и крај, имаат право на тоа. И имаше во Шпанија, еден случај кајшто нели веќе и таму мора еднаквост, и зима компанија да бара носачи на тешки ствари, утовар-истовар, 4 мажи и 4 жени. 4 мажи нашле одма, ај погоди за жени дали нашле, значи дали имало кандидати, не дали биле одјебани од злите шовинисти?
 
И пак не прочита. Не им одговарам поради што?
Да прочиташе ќе видеше дека истоварав тогаш камиони... ама не читаш :)
Автоматски споено мислење:

Не сум се смеел на ништо, како си интерпретираш, алал вера.
SmartSelect_20241116_013234_Chrome.jpg

Ај глупа, па и слепа...
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
318
Поени од реакции
665
Кога ти викам не читаш... зошто се вклучуваш во дебата ако не читаш мислења на тој кој го цитираш?

За платата, напишав за сопствено искуство и искуство на моја блиска другарка:

Не знаеш додека не почнеш да работиш, после дознаваш колку колегата зема плата, а колку ти. Па ти објаснуваат дека ти уствари ќе раѓаш. Јас лично сум се бунела и ми изедначиле плата - ама мене не ми било страв и да ја изгубам работата - не ги имаат сите моите привилегии. Ако ти зависи лебот ќе трпиш, а барем тоа треба да ти е познато за Македонија.
Јако ми е што немаш поима како се случува, ама знаеш дека не се случува.
Автоматски споено мислење:

Глупа сум. Ги немам твоите здраворазумски капацитети :(
Па да, точно почнуваш да работиш на услови кои ти си ги побарала/си се согласила на нив. Ако колегата имал муда да бара повеќе пари, тука проблемот го гледам во твоите способности за ценкање, не во заговорот да се закрепостат жените. Не ми се верува што збориме во 21 век.
Автоматски споено мислење:

И пак не прочита. Не им одговарам поради што?
Да прочиташе ќе видеше дека истоварав тогаш камиони... ама не читаш :)
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 435367

Ај глупа, па и слепа...
Нит глупа нит слепа сум те нарекол, епитетите сама си ги стави. Не им одговараш, крај, нема тука поради што. Сум аплицирал на стотици огласи, не ми даваат објаснување за никој од нив зашто не им одговарам, едноставно не им одговарам, зашто имаат право да не им одговарам. Не барам возразна, сексуална и што ти ја знам позадина во тоа, не им одговарам е филмот што го возам. Браво за тебе што си истоварала камиони, читам, но не знам зашто мислиш дека треба да ти се правдаат, со огледа на тоа што на скоро никој не му се правдаат за да го одјебат за интервју. Или да сменам перспектива, да барам есеј од 5 страни со наслов зашто нема интервју за мене?
И сериозно на емоџи се фати, кај што се ограничени реакциите хахаха боже аааа, не, не можам.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.732
Поени од реакции
8.741
Па да, точно почнуваш да работиш на услови кои ти си ги побарала/си се согласила на нив. Ако колегата имал муда да бара повеќе пари, тука проблемот го гледам во твоите способности за ценкање, не во заговорот да се закрепостат жените. Не ми се верува што збориме во 21 век.
Значи не треба да се "ценкаме", туку не треба стартна плата да биде поголема за него, а различна за мене. Не треба да преферираат маж кај што е тотално неважен полот.

Ти објаснувам дека на жените, и на мене, сме биле прашувани и дали ќе раѓаме, или одбивани дека ќе сме раѓале, напишав и конкретен пример каде што брачен пар работи во иста компанија, кога добија дете, жената ја преместија на полошо раб. место, мажот не го пипнаа. Тоа е родова дискриминација.
Исто како моето аплицирање за возач, ако Трајче има 2 години возачка, а јас 10, не е поквалификуван од мене. Само е стереотип за жените и работни места кои подразбираат возење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom